Денеска и за викендот променливо облачно со локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени, информира […]

Земјоделците од цела Грција денеска со блокади на центарот на Атина

Од различни делови на Грција, со траекти, автобуси, автомобили, но и со трактори, грчките земјоделци попладнево ќе пристигнат во Атина за да одржат протест на плоштадот Синтагма пред Парламентот, каде што, според најавите, се очекува да преноќат и утре да си заминат, јави дописничката на МИА од Атина. Протестот е закажан за 16 часот по […]

Цвета Ристовска поднесе оставка од функцијата член на Антикорупциска комисија

Членот на Државната комисија за спречување на корупцијата Цвета Ристовска денеска до претседателот на Собранието Африм Гаши поднесе оставка од функцијата. „По недели јавни полемики и сомнежи изнесени во прска со мојата работа во Државната комисија за спречување на корупцијата, донесов одлука да поднесам неотповиклива оставка од функцијата член на Државната комисија за спречување на […]

Исплатени се 481.127.667 денари кон 12.458 лозари

Во пресрет на празникот Св. Трифун, заштитникот на лозарите, реализирани се средства во износ од 481.127.667 денари кон 12.458 корисници. Средствата се исплатени по Мерка 1.8 – Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади. – Се потврдува посветеноста и приоритетите на институциите во развојот на оваа земјоделска гранка. Министерството продолжува […]

Бугарија го ратификува договорот за изградба на меѓуграничен железнички тунел

Бугарија го ратификува договорот со Македонија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8, објави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук-профил. – Денес, Народното собрание на Република Бугарија го ратификува договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8. Овој договор во декември беше […]

ЕКОНОМИЈАТА НА ЕВРОЗОНАТА СО КВАРТАЛЕН РАСТ ОД 0,3 ПРОЦЕНТИ, најголем пад забележа Романија

Економијата на еврозоната порасна за 0,3 проценти во четвртиот квартал од минатата година, потврдувајќи ги прелиминарните проценки, според податоците објавени од Евростат. На ниво на целата Европска Унија, бруто домашниот производ (БДП) се зголеми за 0,3 проценти во истиот период. Меѓу земјите-членки, Литванија забележа најбрз квартален раст, со БДП зголемен за 1,7 проценти. По неа […]

„Пошта“ работи на решение за забрзување на царинските формалности и обработка на пратките

„Пошта на Северна Македонија“ информира дека работи на изнаоѓање решение за забрзување на царинските формалности и обработка на пратките откога дојде до забавување при обработката и царинските прегледи поради новите обврски со измените на Законот за данокот на додадената вредност (ДДВ). Со измените на Законот за ДДВ, што стапија во сила на 18 декември лани, […]

ДЕЛ ОД ВИШОКОТ МЛЕКО ДА СЕ ПРЕРАБОТУВА ВО МЛЕКО ВО ПРАВ, ова е предлог на српските пратеници за надминување на млечната криза во Србија

Членовите на Комисијата за земјоделство на српскиот парламент денес усвоија заклучок поврзан со тоа како да се справи со вишокот млеко при откупот во следните три месеци, што, како што објасни претседателот на комисијата Маријан Ристиќевиќ, би се правело со преработка на 10 до 15 проценти од млекото за откуп во млеко во прав, а […]

Американските потрошувачи се загрижени за зголемувањето на цените, Трамп планира да ги намали царините за челик и алуминиум

Претседателот на САД, Доналд Трамп, планира да ги намали одредени царини за увезена стока, вклучувајќи и за челик и алуминиум, со цел да го намали притисокот врз потрошувачите и да го намали порастот на цените на некои производи, пишува денес Фајненшл тајмс (FT). Претставници на Министерството за трговија и Канцеларијата на трговскиот претставник на САД […]

ФИСКАЛНИ ЕФЕКТИ ОД ЦАРИНСКАТА ПОЛИТИКА НА ТРАМП: Приходите од царина во САД скокнаа за околу 300 отсто

Владата на Соединетите Американски Држави објави дека приходите од царина се за 304 проценти повисоки отколку во истиот период минатата година, што доведе до намалување на буџетскиот дефицит. Само во јануари, вкупно 30 милијарди долари се собрани преку царински давачки, а 124 милијарди долари од почетокот на фискалната година. Владата, исто така, соопшти дека евидентирала […]