УПИС НА 256 СТУДЕНТИ НА ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО, 215 на ПРАВЕН ВО КИЧЕВО… -УКЛО-Битола го објави конкурсот за упис на студенти бруцоши

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола го објави конкурсот за студенти бруцоши, односно за додипломските студии каде има места за 2.318 студенти, од нив 1.199 се за државна квота, 675 може да студираат со кофинансирање, а 444 места се за вонредни студенти. Најмногу слободни места има на Технички факултет, вкупно 350 и на ФИКТ каде […]

Сè уште активен пожарот на вториот крак на Халкидики – не претставува опасност за населени места

Сè уште е активен шумскиот пожар на вториот крак на Халкидики во регионот на Вурвуру, меѓутоа не се во опасност населени места, според информациите од противпожарната служба на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот што избувна околу 16 часот по локално време, гори густа борова шума и е во непрооден дел, а над […]

Германија под топлотен удар: Температури до 40 степени, опасност од пожари

Германија денеска се соочува со најтоплиот ден од почетокот на годината, со прогнози за температури до 40 Целзиусови степени, јави ДПА повикувајќи се на германската метеоролошка служба. Во некои региони веќе е издадено предупредување за екстремна горештина. Вчера во градот Кицинген во Баварија се измерени 37,8 степени. Според прогнозите, топлотниот бран ќе биде проследен со […]

ВО КОИ ЗЕМЈИ СЕ КАЗНУВА И НЕ СЕ ПРЕПОРАЧУВА ВОЗЕЊЕ ВО ПАПУЧИ ИЛИ БОСИ?

Во летните месеци се менуваат и навиките на возачите кои поради високите надворешни температури се одлучуваат да го управуваат возилото со „полесни“ обувки, како што се отворени чевли, папучи, апостолки, сандали, или боси! На овој начин постои ризик при ризик педалата да се заглави помеѓу чевлата и стапалото, поради што се намалува и безбедноста при […]

Кос: Европа не може да биде обединета без Западен Балкан

Првпат во историјата на Европа, доколку правилно работиме, со процесот на проширување можеме да ја обединиме Европа. Европа не може да биде обединета без Западниот Балкан, им порача еврокомесарката за проширување, Марта Кос на лидерите на земјите од Западен Балкан денеска во Скопје. Таа истакна дека за Европската Унија значаен е проектот за градење на […]

Советот на амбасадори со нов претседател

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори на редовното годишно Собрание на организацијата, а за потпретседатели амбасадорите Азис Положани и Зоран Јолевски. Во Извршниот одбор се избрани и амбасадорите Ѓорѓи Филипов, Мухамед Халили, Љупчо Арсовски, Нано Ружин, Елеонора Петрова-Митевска и Тихомир Илиевски, а за главен координатор е назначен амбасадорот Ивица […]

ВО ЈУНИ ГРЦИЈА БЕШЕ ЗАФАТЕНА ОД ТОПЛОТЕН БРАН, тоа беше вториот најтопол месец во последните 16 години

Просечната вредност на максималните дневни температури минатиот месец во Грција биле над нормалните нивоа за сезоната споредбено со просекот во периодот 2010-2019 година, со што јуни годинава бил вториот најтопол јуни во изминатите 16 години, според податоците од мрежата од 53 метеоролошки станици на Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео, јави дописничката на МИА […]

Лидерите од Западниот Балкан ја потврдија решеноста за искористување на можностите на Планот за раст, оцени ЕК

Лидерите на шесте партнери на ЕУ од Западниот Балкан на денешниот состанок со еврокомесарката за проширување Марта Кос во Скопје ја потврдија својата решеност да ги искористат можностите што ги носи Планот за раст на регионот, соопшти Европската комисија по повод денешната лидерска средба во македонскиот главен град. – По една година унапредување на реформите […]

Инфлацијата во Хрватска забрзува, Централната банка го ограничува задолжувањата на домаќинствата

Инфлацијата во Хрватска, мерена според потрошувачките цени, се зголеми втор месец по ред, а во јуни „порасна“ на 3,7 проценти, од 3,5 проценти еден месец претходно, според проценка на Државниот завод за статистика. Од денеска стапуваат во сила макропрудентни мерки со кои Хрватската народна банка ги ограничува критериумите за кредитирање на потрошувачите, чија цел е […]

Платите и пензиите ја ослабуваат фискалната консолидација, анализа на Фајнанс тинк за ребалансот на Буџетот

Со зајакнувањето на експанзивноста на фискалната политика, преку ребалансот на Буџетот, упорноста на инфлацијата ќе остане и во следниот период, укажува Институтот за економски истражувања и политики Фајнанс тинк. Предвидува дека извесната материјализација на ризикот од неостварување на даночните приходи со крајот на годината ќе се компензира со потреализацијата на капиталните трошоци, со што годината […]