Денеска ќе ги дознаеме имињата на невестата и зетот на годинашната Галичка свадба
Месната заедница Галичник и Пивара Скопје денеска ќе ги претстават младенците за годинашната Галичка свадба и ќе ја соопштат програмата на манифестацијата. Покрај невестата и зетот, кои ќе бидат облечени во традиционалните галички свадбарски носии, на настанот ќе говорат Огнен Караѓозовски, претседател на Месната заедница Галичник, и Марија Мининчиќ, менаџер за партнерства со заедницата на […]
СКОПЈЕ ДОБИ НОВО ЛЕТНО КИНО: „ROOFTOP OPEN AIR CINEMA“ НА ПОКРИВОТ НА СКОПЈЕ СИТИ МОЛ
Скопје Сити Мол во партнерство со Синеплекс го отворија првото летно кино под отворено небо на покривот од трговскиот центар. Скопје е побогато за уште едно градско летно доживување, каде свечено беше отворено првото „Rooftop Open Air Cinema“, со проекција на блокбастерот „Интерстелар“ на култниот режисер Кристофер Нолан. Со ова официјално започна првата летна сезона […]
Neo QLED 8K и 4K – Совршенство во слика, интеграција и безбедност
Во светот на високотехнолошката забавна индустрија, едно име излегува како водечко: Neo QLED. Овие телевизори не се само екрани на кои гледате содржини; тие се портали во нова димензија на визуелни можности. Со технологија што комбинира изврсност и иновации, Neo QLED ја поставува новата рамка за домот на иднината. Од неверојатната резолуција на 8K до […]
На горештините скопјани трошат по 700 литри вода на ден, препораки за штедење на водата и заштита на здравјето
Топлото време ги натера скопјани да трошат повеќе вода од вообичаено. Јавното преттпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ информира дека потрошувачката осебено се зголемува во попладненвите часови. Официјалните податоци од мерењата на претпријатието покажуваат дека само на 23 јули дневната потрошувачка на вода изнесувала рекордни 356.000 кубни метри, што значи потрошувачка од 700 литри вода […]
Во велешкото езеро „пливаат“ сунѓерасти наслаги со жолто-кафеава боја, издадена забрана за капење и рекреација во езерото „Младост“
Центарот за јавно здравје Велес излезе со препорака за забрането капење и рекреација во велешкото езеро „Младост“. Забраната, како што поочуваат од Центарот, ќе важи се додека стручна институција не изврши испитување и да докаже дека во водата нема цијанобактерии и не содржи цијанотоксини. Од Општина Велес информираат дека на нивно барање Центарот за јавно […]
Ангелов: Летово ќе имаме многу пожари за гаснење
Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините Прилеп, Валандово, Богданци, Старо Нагоричане, Македонски Брод и други локации, изјави на прес-конференција Стојанче Ангелов, директор на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС). Во првите три денови од овој месец регистрирани […]
Голем пожар во близина на Атина
Голем пожар избувна во близина на пристанишниот град Рафина во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а од бројот 112 беше испратена порака за евакуација до оние кои се наоѓаат во три населени места во непосредна близина, јави дописничката на МИА од Атина. Во пожарот интервенираат 104 пожарникари со шест пешадиски тима, […]
Сиљановска Давкова: Никаде не пишува до кога мораме да ги направиме уставните измени
Предлогот за уставни измени со одложено дејство, експерти и многу челници на ЕУ го оцениле како извонреден. Ништо не губи никој, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова, посочувајќи дека во преговарачката рамка не пишува до кога мораме ние да ги направиме уставните измени. Во однос на условот за уставни измени за почеток на преговори, Сиљановска Давкова […]
Паолучи за економските состојби во Македонија: Бројот на пензионерите ќе го надмине бројот на вработени, потребен е консензус за индексирање на пензиите со инфлацијата
Не може да влијаете на надворешните шокови како што се геополитичката фрагментација или текот на глобалните цени на стоките, но може да се фокусирате на зајакнување на домашните темели на економскиот раст. Посилните реформски напори, особено во зајакнување на управувањето со јавните финансии, човечкиот капитал, енергетиката и дигитализацијата претставуваат темелна инвестиција во долгорочната патека на […]
Шпаркасе Банка АД Скопје и Националната опера и балет заедно веруваат во иднината – потпишан договор за соработка
Официјално беше потпишана стратегиска соработка помеѓу Шпаркасе Банка АД Скопје и Националната опера и балет (МОБ), како дел од платформата за општествена одговорност, Sparkasse Life. Партнерството има цел да даде клучна поддршка кон развојот на културата, да ја приближи уметноста до пошироката публика и да придонесе за збогатување на културниот живот во земјата преку низа […]