,,Пехчевски Павловден” се слави со песни од дувачки оркестри
Со настап на „Кверкус Бенд“ и познатите „Џамбо Агушеви“ и „Дејан Петровиќ Биг Бенд“ од Србија, во Пехчево почна традиционалниот Фестивал на дувачки оркестри, што ќе се одржува до недела, паралелно со Етно саемот „Пехчевски Павловден“. Програмата почна со официјално отворање на фестивалот и Етно саемот. – Во рамки на фестивалот следуваат настапи на повеќе […]
На „Табановце“ утрово се бележи зголемена фреквенција на возила за влез во државата
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Автомотосојузот на Македонија информира дека на граничниот премин „Табановце“ се бележи зголемена фреквенција на возила за влез во државата, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска […]
Утре потопло со пораст на дневните температури
ремето утре сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. Во Скопје, сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер […]
Силен земјотрес во близина на грчкиот остров Закинтос
Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА од Атина. Претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција Ефтимиос Лекас за државната телевизија ЕРТ истакна дека „не постои причина […]
Трамп ќе го царини увозот од Канада со 35 отсто
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека од 1 август САД ќе воведат 35 отсто царини на увозот на производи од Канада, додавајќи дека размислува за дополнителни царини од 15 до 20 отсто и за поголемиот дел од останатите трговски партнери. Во писмо објавено на неговата социјална мрежа Трут Соушл (Truth Social), Трамп го информираше канадскиот […]
ЈАПОНСКО-АМЕРИКАНСКИ ЦАРИНСКИ ТЕНЗИИ – во Токио не дозволуваат да „бидат искористени од сојузникот“
Токио останува цврст во својата позиција за трговијата откако американскиот претседател Доналд Трамп најави царини од 25 отсто на сите јапонски увози, при што премиерот Шигеру Ишиба вети дека ќе го направи она што е најдобро за неговата земја, наместо да попушти пред притисокот од Вашингтон. Во говор во префектурата Чиба во средата, Ишиба изјави: […]
Во септември струјата во Србија треба да поскапи за седум отсто? – што друго содржи „програмската изјава“ меѓу ММФ и српските официјални лица
До крајот на септември оваа година, цената на електричната енергија за домаќинствата во Србија ќе се зголеми за најмалку седум проценти, според програмската изјава и нејзините анекси од директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгијева, потпишани од премиерот на Србија Ѓуро Мацут, министерот за финансии Синиша Мали и гувернерката Јоргованка Табаковиќ. Првичниот рок беше октомври […]
ТРАМП ПОЧНУВА СО НАЈГОЛЕМИТЕ ОТПУШТАЊА НА ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ ВО АМЕРИКАНСКАТА ДИПЛОМАТИЈА!
Американскиот Стејт департмент планира да отпушти 1.107 државни службеници и 246 вработени во Службата за надворешни работи како дел од голема реорганизација, објави Асошиејтед Прес, повикувајќи се на неименуван висок функционер на американската администрација. Според истите информации, вработените во дипломатската служба прво ќе бидат испратени на административен одмор од 120 дена, по што ќе следи […]
Од денеска почнува Галичка свабда пред чешмата Упија со монодрама во чест на Ѓорѓија Пулевски
Од денеска попладне до недела во Галичник ќе се одржува традиционалната Галичка свадба на која годинава младенци се Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски. Нивната венчавка во црквата „Свети апостоли Петар и Павле“ во Галичник, со извршување на вековните свадбени обичаи и обреди, ќе биде в недела, 13 јули, што е и централен настан на манифестацијата. […]
Откриена комета – три милијарди години постара од Сончевиот Систем
Мистериозно меѓуѕвездено летечко тело е откриено од научниците од Универзитетот Оксфорд минатата недела, и веројатно се работи за комета што е три милијарди години постара од нашиот Сончев Систем. Ова би можело да биде најстарата комета некогаш забележана, проценуваат астрономите. Кометата, научно именувана „3-И / Атлас“ (3I/Atlas), првпат е забележана на 1 јули од телескопот […]