Годинава има повеќе крузери во хрватските пристаништа, но помалку патници

Во првите пет месеци годинава во хрватскиот Јадран имало 151 кружни патувања со крузери, што е за пет проценти повеќе отколку во истиот период минатата година, додека бројот на патници бил за 0,2 проценти помалку, или изнесува 207,5 илјади, објави Државниот завод за статистика на Хрватска. Вкупно, 45 странски бродови впловиле во хрватските морски пристаништа […]

Царинската управа e столб на државата, симбол за просперитет и безбедност, – директорот Николовски во отчетот „Една година резултати“

Сузбиени организирани криминални мрежи кои вршеле криминални дела со над 230 употребувани автомобили, 230 килограми дрога и 600 килограми анаболици, спречен обид за криумчарење на половина милион евра вредно злато, 30 килограми сребро, над 200 килограми лекови и над 10 илјади килограми суплементи, 400 илјади парчиња цигари и пури. Во 94 случаи на повреда на […]

„Депозит плус“ од Шпаркасе Банка – со зголемена камата за штедење во евра

Шпаркасе Банка АД Скопје ги информира своите клиенти и јавноста дека денеска започнува нова промотивна понуда за штеден производ – „Депозит плус“, достапен во евра и со зголемена и загарантирана каматна стапка за целиот период на орочување. Минималниот износ на влог изнесува 100 евра, а понудата им овозможува на клиентите да изберат помеѓу два периода […]

КРАТЕЊЕ НА СУБВЕНЦИИТЕ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО И ЗА РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ!? Европската комисија пред клучна недела за реформирање на ЕУ-буџетот

Сите 27 комесари на Европската комисија ќе се соберат во среда за да се обидат да се договорат за едно од најспорните прашања во Брисел – за начинот на трошење на сопствените финансии. Земјоделците, стартапите, филмските работници и воените лобија се залагаат за поголемо парче од седумгодишниот буџет на ЕУ, кој моментално вреди 1,2 трилиони […]

КОЛУМНА | ГОРДАН ГЕОРГИЕВ: Почва, храна, туристи и вештачка интелигенција

Неверојатно звучи, шокантно изгледа, а вистина е дека новата американска администрација под водство на Доналд Трамп им објави војна не на Иран, не на Русија, не на Северна Кореја, туку ни помалку ни повеќе на најдобриот универзитет во светот, американскиот Харвард. Војната е идеолошка, во нејзината најсоголена форма. Таа се темели на неколку точни и […]

Започна 5-то издание на Охрид Кампот за високотехнолошка извонредност во организација на Македонија2025

Денес во Охрид официјално започна Охрид Кампот за високотехнолошка извонредност 2025, во организација на Македонија2025, под покровителство на Претседателката на Република Северна Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова. Во рамки на ова петто издание на кампот, учествуваат над 22 деца на возраст од 11 до 15 години, од кои дел се млади од Македонија, а дел […]

Пет европски земји ќе тестираат апликација за онлајн проверка на возраста

Пет европски земји ќе тестираат апликација што може да ја потврди возраста на корисниците на интернет и да ги спречи децата да пристапуваат до опасна содржина, објави денеска Европската комисија. -Системот ќе им овозможи на корисниците лесно да докажат дека имаат над 18 години, што ќе ги заштити децата од несоодветна содржина, изјави европската комесарка […]

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, четири ставени под контрола, 22 целосно изгаснати

До 7 часот утринава, евидентирани биле вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои два сѐ уште се активни, четири се ставени под контрола, а дури 22 се целосно изгаснати. Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во село Николиќ во општина Дојран, каде што гори нискостеблеста шума, како и […]

Еврото со највисока вредност во однос на доларот, ЕЦБ пред монетарна дилема

Еврото е на највисоко ниво во однос на доларот во последните четири години. Европската валута нгодинава порасна за 14 проценти во однос на американскиот долар. Меѓутоа, Европската централна банка се наоѓа пред дилемата дали порастот на еврото е благослов или проклетство, бидејќи неговото континуирано зголемување (дури и ако еврото надмине 1,20 долари) може да создаде […]

Трамп може да го отстрани претседателот на Федералните резерви од оправдани причини, изјави економскиот советник на Белата куќа

Американскиот претседател, Доналд Трамп, има овластување да го отстрани претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, од оправдани причини, ако има доказ за тоа, изјави денеска економскиот советник на Белата куќа, Кевин Хесет, додавајќи дека Федералните резерви имаат многу да објаснат во врска со пречекорувањето на трошоците за реновирање на нивното седиште во Вашингтон. Хесет изјави […]