Андоновски: Забранивме над 240 веб-страници за приредување онлајн игри на среќа

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вечерва истакна дека во изминатиот период забраниле над 240 веб-страници за приредување онлајн игри на среќа затоа што не го почитувале македонскиот правен поредок. – Над 240 забранети веб-страници, и домашни, а не само странски, кои што никогаш не поднеле и не побарале да извадат лиценца за приредување на […]

Апликациите базирани на вештачка интелигенција ги дуплираа приходите

Апликациите базирани на генеративна вештачка интелигенција стануваат се попопуларни и доживуваат силен раст и во однос на преземањата и во однос на приходите, според истражувањето објавено од аналитичката компанија Sensor Tower. Во текот на првата половина од 2025 година, тие апликации беа преземени 1,7 милијарди пати, генерирајќи 1,87 милијарди долари приходи – двојно повеќе отколку […]

До 15 септември сите службени возила ќе имаат таблици во боја

Сите државни институции и јавни правни лица имаат обврска најдоцна до 15 септември 2025 година да ги заменат регистарските таблици на службените возила со нови, специјални таблици во боја. Оваа одлука е донесена на денешната владина седница, по иницијатива на директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски. Целта на оваа мерка е […]

Просечната плата треба да биде уште поголема, изјави премиерот Мицкоски, кој појасни дека бруто и нето просечната плата растат за повеќе од 11 проценти

Бруто и нето просечната плата растат повеќе од 11 проценти и тоа е доволен доказ дека од опозицијата креираат невистини, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу”. – Сакам да кажам дека просечната плата треба да биде уште поголема и во таа […]

Влијанијата на новите регулативи за декарбонизација и зелената енергетска транзиција главна тема на средбата Божиновска-Славески

Министерката за енергетика Сања Божиновска остварила средба со гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, на која се разговарало за тековните енергетски проекти и нивните финансиски импликации врз компаниите и економијата. Како што соопшти Министерството за енергетика, во фокусот на разговорот биле влијанијата на новите регулативи за декарбонизација и зелената енергетска транзиција на Европската Унија, кои […]

Плазма и Роса им посакуваат на првачињата успешен старт на учебната година со подарок пакетчиња

Министерството за образование и наука и ЗЕЛС потпишаа Меморандум со социјално одговорните компании Бамби и Пивара Скопје, според кој над 21.000 првачиња кои ќе го започнат своето школување на 1 септември, ќе добијат подарок пакетчиња со производи од Плазма и Роса. На овој начин, ЗЕЛС, Министерството за образование и наука и компаниите со општествена одговорност […]

ММФ со корегирани, но скромни прогнози за раст на САД и глобалната економија

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја зголеми својата прогноза за глобалниот економски раст во 2025 година на 3 проценти, што е нагорна ревизија од 0,2 процентни поени. За 2026 година, фондот сега очекува глобален раст од 3,1 отсто што е благо зголемување од претходната проценка од 3 отсто. ММФ денеска соопшти дека зголемувањата ги припишува на […]

БЕЗ ЕУФОРИЈА КАЈ ИНВЕСТИТОРИТЕ НА БЕРЗИТЕ ПО СКЛУЧУВАЊЕТО НА ЦАРИНСКИОТ ДОГОВОР МЕЃУ САД И ЕУ

Договорот за царини меѓу САД и Европската Унија не предизвика (пре)големи промени во берзанското тргување, поради „смиреното“ расположение на инвеститорите кои се во очекување на објавување на други позначајни идникатори во текот на неделава, вклучително и одлуката за каматната стапка на Федералните резерви. Во понеделникот S&P 500 заврши близу до рамна линија, широко базираниот индекс […]

ЗАВРШУВА РОКОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ЛЕГЛО ВО СТУДЕНТСКИТЕ ДОМОВИ

На 31 јули ќе заврши 15-дневниот рок за електронско пријавување за сместување во државните и приватните студентски домови низ државава за академската 2025/2026 година за студентите од втора и повисоките години на додипломски студии и за апсолвенти. Рокот за пријавување за прием во студентските домови за студентите од прва година ќе почне по завршувањето на […]

МОН објави повици за кариерно напредување на наставниците и првпат на стручните соработници

Министерството за образование и наука вчера објави два јавни повика до наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта за доставување барања за кариерно напредување. Министерката Весна Јаневска денеска изјави дека е многу важно што првпат огласот се однесува и за унапредување на стручните соработници. -Тоа досега не беше вообичаено. Значи, во основното образование […]