ФЕД ПОВТОРНО ПРОТИВ ТРАМП, НЕМА ПРОМЕНИ НА КАМАТНИТЕ СТАПКИ
Од американските Федерални резерви објавија дека ги задржале постојните каматни стапки по петти пат по ред, и покрај интензивниот притисок од претседателот Доналд Трамп и неговите сојузници за намалување на трошоците за позајмување. Централната банка ја остави референтната каматна стапка во опсег од 4,25 до 4,5 проценти, што е исто од декември минатата година, објавува […]
Стопанска Банка Битола оствари добивка во првото полугодие на 2025 година
Во првото полугодие на 2025 година, Стопанска Банка а.д. Битола оствари добивка од 33,6 милиони денари, што главно се должи на засилената наплата на нефункционалното портфолио на Банката, како и на пониското ниво на исправка на вредност на нефункционални пласмани во однос на претходната година. Капиталната и ликвидносната позиција беа значајно зајакнати, при што стапката […]
Соработка за унапредување на дигиталните финансии и финансиската вклученост, прва средба на гувернерот Славески со ИФЦ
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, ја оствари својата прва средба со претставникот на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) во земјава, Висар Перани. На средбата се разговараше за можностите за соработка меѓу Народната банка и ИФЦ во повеќе области, вклучително и во рамките на проектот на ИФЦ насочен кон унапредување на дигиталните финансиски услуги и поттикнување […]
НБ: НАМАЛЕНА ПРОСЕЧНА КАМАТНА СТАПКА НА КРЕДИТИТЕ НА ГОДИШНО И НА МЕСЕЧНО НИВО
Во јуни е остварен годишниот раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,32 п.п. при што таа изнесува 2,20%. Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,44 п.п. и изнесува 5,03%, објави денеска Народната банка. Во јуни 2025 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити е намалена на месечно и […]
КОЛКУ ГРАЃАНИТЕ ГИ КОРИСТАТ УСЛУГИТЕ НА Е-ВЛАДА?
Дигиталниот самит за земјите од Западен Балкан што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, ќе не постави на мапата на цел Балкан, изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, во вечерашното гостување во „Вести плус“ на Телевизија Канал 5. Андоновски нагласи дека после долги години, во државата има сеопфатен системски пристап […]
Нова Програма за заштита на ранливи потрошувачи на енергија
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја донесе Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година. Со оваа Програма се обезбедуваат 42.300.000 денари од државниот буџет, наменети за директна финансиска поддршка за најзагрозените категории на граѓани, Програмата има за цел да обезбеди достапна и сигурна енергија за оние на кои им […]
ДЗР: Системот еРецепт сѐ уште не е воспоставен и отсуство на интегриран систем и слабости во контролите во Фондот за здравствено осигурување
Отсуство на единствен интегриран систем за упати, лекарски извештаи и фактурирање и значајни слабости во спроведувањето на контролите во здравствените установи од страна на Фондот за здравствено осигурување, утврдиле ревизорите по извршената ревизија на финансиските извештаи и усогласеноста на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија за 2023 година. Според ревизорите, контролните активности за […]
Повторно со офталмолошки интервенции во Клиничка болница Тетово
Клиничка болница Тетово информираше дека повторно ќе може да се изведуваат офталмолошките интервенции откако имаше пауза за поправка на дефект на еден од апаратите. Воедно информираат дека пациентите ќе бидат повикувани според редослед на чекање. – По пауза од неколку месеци, поради поправка на дефектот на апаратот за факоемулзификација, набавка на нов микроскоп и обезбедување […]
Во Луксембург има најмногу малолетници – странци, 9,4 отсто од малолетниците во ЕУ биле странски државјани
Во 2024 година во ЕУ живееле 7,5 милиони лица помлади од 18 години кои немале државјанство на членката на Унијата во која престојуваат, што претставува 9,4 проценти од вкупниот број малолетници во блокот, соопшти денеска Европската статистичка агенција – Евростат. Меѓу малолетниците странски државјани, 27 отсто биле на возраст под пет години, 29,8 проценти од […]
КОЈА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА Е НАЈСКАПА ЗА АМЕРИКАНСКИТЕ ТУРИСТИ?
Исланд е на врвот на листата за најскапи туристички дестинации за американските туристи. Во студијата на американска финансиска компанија, беа разгледани трошоците за престој во 19 популарни светски дестинации, и просечната цена на одмор во Исланд е околу 344,82 евра дневно. Студијата ги имаше предвид неколку вообичаени трошоци, вклучувајќи ги трошоците за сместување, превоз и […]