Македонијатурист со зголемени приходи од продажбата

Македонијатурист ХУАД – Скопје во шесте месеци од 2025 година од хотелски и ресторански услуги како основна дејност како и од други споредни дејности оствари позитивен финансиски резултат односно добивка по оданочување од 143,653 мил. Денари, се наведува во Коментарот на билансот на успех на компанијата за периодот 01.01.-30.06.2025 доставен до Македонската берза. Вкупните приходи […]

Витаминка со добивка во првата половина на 2025 година

“Витаминка” АД Прилеп за периодот Јануари – Јуни 2025 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот единечен Биланс на успех за анализираниот период, се наведува во Образложението на остварените резултати доставено до Македонска берза. Вкупни приходи Остварените единечни вкупни приходи во првото полугодие од 2025 година изнесуваат 1,921,576 илјади денари и во споредба со […]

Како работеше Мермерен комбинат Прилеп во периодот 1 јануари до 30 јуни 2025

Мермерен комбинат АД Прилеп за периодот од 1 јануари до 30 јуни 2025 година оствари приходи од продажба во износ од 796.724 илјади денари што претставува намалување за 14,31% споредено со истиот период од минатата година. Остварената оперативна добивка за периодот е во износ од 346.397 илјади денари, што споредено со остварената оперативна добивка за […]

ТАВ: Билетите за Стокхолм, Бари, Мадрид, Прага и Ларнака се во продажба

ТАВ Македонија најавува нови директни авиолинии до Стокхолм, Бари, Мадрид, Прага и Ларнака, за кои авиобилетите се веќе во продажба, и Келн, притоа зајакнувајќи ја воздушната поврзаност со клучни европски градови и позицијата на Меѓународниот Аеродром Скопје како регионален туристички центар. – ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле […]

Мицкоски најави нови осум инвестиции, некои се во фарма индустријата и енергетиката

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за осумте нови инвестиции, појасни дека тие ќе бидат надвор од оние коишто досега доаѓаа во делот на автомобилската индустрија. – Тоа се инвестиции во делот на фарма индустријата, во делот на индустријата која што се занимава со производство на батериски системи. Една е практично т.е. две […]

Француските винари со предупредување: Губиме милијарда евра поради американските царини

Француската индустрија за вино и жестоки пијалоци денес предупреди дека би можела да изгуби околу една милијарда евра ако Соединетите Американски Држави воведат најавена царина од 15 проценти за своите производи од 7 август. Претставниците на секторот апелираат до Париз и Брисел да обезбедат ослободување во последен момент, додека преговорите со администрацијата на претседателот Доналд […]

ЕДНА ТРЕТИНА ОД КОНТРОЛИРАНИТЕ ЗА ФИСКАЛИЗАЦИЈА СО НЕПРАВИЛНОСТИ – ИЗРЕЧЕНИ СЕ КАЗНИ И ПРИВРЕМЕНО ЗАТВОРАЊЕ ЗА ПЕТ СУБЈЕКТИ

Во периодот од 21 до 27 јули 2025 година, Управата за јавни приходи (УЈП) спроведе вкупно 154 теренски контроли за фискализација, насочени кон различни типови деловни субјекти, меѓу кои: ресторани, кафе барови, слаткарници, колонијали, продавници за облека и накит, месарници, цвеќарници, рибници туристички агенции, хотел и други трговски објекти за продажба на мало. Контролите беа […]

Совет на Народната банка: Растот на домашната економска активност е стабилен

Советот на Народната банка на својата редовна седница го усвои Кварталниот извештај за второто тримесечје од 2025 година. Во Извештајот се истакнува дека, во текот на вториот квартал, Народната банка го задржа внимателниот пристап во водењето на монетарната политика и не направи промени во основната каматна стапка, соодветно на условите во економијата. Во однос на […]

Албанскиот лек со највисока вредност во однос на еврото

Заедничката европска валута, еврото, продолжува да бележи ниски нивоа во однос на албанската валута-лек, достигнувајќи историски најниска вредност. На девизниот пазар денеска се купува за 96,8 леки, а се продава за 97,8 леки. До пред две години едно евро се купуваше за 127 леки. – Тоа се должи на повеќе фактори, почнувајќи од странските инвестиции […]

Гувернерот најавува нови решенија за поевтини и подостапни банкарски услуги

Во тек се нови решенија кои ќе го поддржат намалувањето на цените на банкарските услуги и ќе овозможат поквалитетни и подостапни финансиски производи за сите граѓани, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, преку објава на платформата X. Во објавата, гувернерот нагласува дека финансиската инклузија не е крајна цел, туку средство за градење поотпорна и […]