РАСТОТ НА ЕУ ВО ВТОРИОТ КВАРТАЛ Е НАД ОЧЕКУВАЊАТА!
Растот на БДП на Европската Унија во вториот квартал изнесуваше 0,2 проценти во споредба со првиот квартал, што беше повисоко од очекуваното. „Во првиот квартал, извозот во САД нагло се зголеми во очекување на повисоки тарифи и растот на БДП беше 0,5 проценти. Затоа уште еден економски раст од 0,2 проценти е позитивно изненадување, изјави […]
Како одлуките за каматите на ЕЦБ влијаат врз прометот на недвижностите?
Одлуките на Европската централна банка (ЕЦБ) за монетарната политика имаат значително влијание врз способноста на луѓето да вложуваат во недвижности. Економистите Николо Батистини и Јоханес Гареис, во својата статија на официјалниот блог на ЕЦБ, истражуваа како неодамнешните промени во монетарната политика на Европската централна банка влијаат врз економијата, особено врз достапноста на домување, продажбата на […]
СТРАНЦИТЕ КУПУВААТ ИМОТИ ВО АЛБАНИЈА, за еден квартал остварeни инвестиции од 360 милиони евра
Во последните години, Албанија стана интересен пазар за купување недвижности од страна на странци, особено на крајбрежјето, каде што цените се сè уште пониски во споредба со другите земји во регионот, како што се Хрватска или Црна Гора. „Според податоците од Централна банка на Албанија, која ги пресметува овие текови како странски директни инвестиции во […]
ОПЕК+ го зголемува производството на нафта од септември!
Земјите од ОПЕК+ постигнале прелиминарен договор за зголемување на производството на нафта за 548.000 барели дневно од септември, соопштија денес три извори. Конечната одлука се очекува на виртуелниот состанок закажан за денес, бидејќи САД го зголемуваат притисокот врз Индија да престане да купува руска нафта како дел од напорите на Вашингтон да ја натера Москва […]
ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНСКИ ПРОМЕНИ: зајакнување на доларот и берзанските индекси во пад
Индексите на берзите во светот нагло паднаа кон крајот на јули, бидејќи инвеститорите беа внимателни во тргувањето откако Вашингтон воведе високи тарифи за увоз од земји со кои не е постигнат трговски договор до 1 август. На Волстрит, индустрискиот просек Дау Џонс се намали за 2,9 проценти минатата недела на 43.588 поени, додека S&P 500 […]
ПОНИСКИ БАНКАРСКИ МАРЖИ ЗА ГРАЃАНИТЕ СО ПОНИСКИ ПРИХОДИ, најавува гувернерката на Народна банка на Србија
Гувернерката на Народната банка на Србија, Јоргованка Табаковиќ, изјави дека НБС спроведува дополнителни анализи, чиј резултат треба да биде предлог за конкретни решенија насочени кон намалување на маржите на банките. „Во оваа смисла, ќе продолжиме да преземаме активности со цел да ги пронајдеме најдобрите решенија за намалување на каматните стапки, односно маржите на кредитите, и […]
Во Битола гостува Армин Ван Бјурен, апели да не се користат возила кон стадионот
На стадионот „Петар Милошевски“ во Битола вечерва во рамки на културното лето „БитФест“ гостува светски познатата ѕвезда Армин Ван Бјурен. Од СВР Битола во пресрет на вечерашниот и еден од најголемите музички настани ова лето на подрачјето на Битола, упатуваат апел до возачите да не ги користат своите возила. Во соопштение за јавност, од СВР […]
Дојранското Езеро повторно под закана од еколошка катастрофа
Според мерењата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нивото на Дојранското Езеро скоро една година постојано е околу 80 сантиметри под договорениот минимум. Езерото полека се празни и ако пред неколку години нивото на водата беше до шеталиштето и кејот, сега е повлечено десетина и повеќе метри и им создава проблеми на туристите како да […]
МОН објави конкурси за стипендии, подршка за 7880 ученици и студенти
Министерството за образование и наука (МОН) вчера објави конкурси за ученички и студентски стипендии за учебната и академската 2025/2026 година. Предвидена е подршка за 7880 ученици и студенти, соопшти МОН. Најмногу стипендии, се наменети за поддршка на учениците запишани во дуални паралелки во средно стручно образование – 1570. За учениците во стручните училишта кои посетуваат […]
Два сребрени медали за македонски средношколци на олимпијада по информатика во Боливија
Два сребрени медали освоија македонски средношколци на 37. Интернационална олимпијада по информатика што се одржува во Сукре во Боливија од 27 јули до 3 август. Сребрените медали ги освоија Дамјан Давков од Штип и Леонид Цуклев од Гевгелија, а останатите двајца ученици кои се дел од македонскиот тим Благој Рујаноски Стојановски и Виктор Максимоски освоија […]