Царинска управа: разоткриена мрежа на шверц на цигари – против пет сторители поднесена кривична пријава

Царинска управа преку Секторот за контрола и истраги, откри и спречи криминална шема поврзана со акцизна стока – цигари. Против пет лица, меѓу кои еден возач и еден сопственик на транспортна компанија, до Основното јавно обвинителство поднесена е кривична пријава за сторени кривични дела: криумчарење и прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска […]

Раст на извозот во првото полугодие од 2025 година споредено со истиот период од претходната година

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – јуни 2025 година, изнесува 249 072.3 милиони денари и бележи пораст од 2.9 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – јуни 2025 година, изнесува 349 611.4 милиони денари, што е за […]

Американска агенција ги вклучува ChatGPT, Gemini и Claude на списокот на добавувачи на ВИ за американската администрација

ChatGPT на OpenAI, Gemini на Google и Claude на Anthropic се додадени на списокот на одобрени добавувачи на вештачка интелигенција (ВИ) за владата на САД, соопшти денеска Администрацијата за општи услуги, која управува со многу федерални договори. Администрацијата на претседателот Доналд Трамп се стреми да ја зголеми употребата на ВИ од страна на федералните агенции, […]

Цените во угостителството во јули зголемени за пет проценти

Цените на угостителските услуги во јули се зголемени за пет проценти во споредба со истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика. Гледано по групи, цените во угостителството во однос на јуни се зголемени за 0,4 проценти кај храната, 1,6 проценти кај алкохолните пијалоци, 0,9 проценти кај безалкохолните пијалоци и за 0,2 проценти […]

ЦУК: Нема активни пожари на отворен простор, изгаснати 11

Во земјава нема активни пожари на отворен простор. Сите, вкупно 11 што биле регистрирани во текот на ноќта, се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). До 07:00 часот билансот на изгаснати пожари е: Општина Долнени – с. Стровија, зад местото викано Гајдарец-Клепало (нискостеблеста шума), Општина Липково – с. Слупчане (ниска вегетација), Општина Чашка […]

Средна оценка 3.69 од државната матура во јунскиот испитен рок

Просечната оценка на успехот од полагањето на двата екстерни испита од државната матура во јуни е 3.69. Министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска-Михајловска на прес-конференција ги соопштија резултатите од јунскиот испитен рок во кој пријсвени за полагање биле 15 004 матуранти од сите видови образование (гимназиско, […]

Ротацијата на Земјата се забрзува, денешниот ден е еден од најкратките

Земјата денеска бележи еден од најкратките денови откако постојат прецизните мерења. Ротацијата на планетата ќе биде завршена 1,25 милисекунди пред вообичаеното време. Денешното скратување е дел од поширок тренд на забрзување на ротацијата на планетата, кој беше забележан уште во 2020 година. Според научниците кои го следат движењето на Земјата со помош на атомски часовници, […]

Денеска променливо облачно и нестабилно

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15л/м2), силен ветер (над 60км/ч) и изолирана појава на град, соопшти УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната […]

Оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи потрошувачи во 2025 година

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го објави јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи потрошувачи во 2025 година. Огласот, како што соопшти Министерството, е објавен согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, објавена со „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 154/25, со која […]

Мицкоски: Ќе има мерки за училишната кошничка

Премиерот Христијан Мицкоски најавува мерки поврзани со училишната кошничка, а вели дека се разгледуваат и неколку концепти за цените во маркетите, како и законските можности да се санкционираат оние субјекти кои во изминатиот период драстично ги зголемиме цените. Мицкоски рече дека се прави анализа за да се види за колку е зголемено се она што […]