УЈП: ТРИЕСЕТ ОТСТО ОД КОНТРОЛИРАНИТЕ СУБЈЕКТИ СЕ СО НЕПРАВИЛНОСТИ, ЗАТВОРЕНИ ЧЕТИРИ СУБЈЕКТИ

Во периодот од 28 јули до 03 август 2025 година, Управата за јавни приходи (УЈП) спроведе вкупно 214 теренски контроли за фискализација, насочени кон различни типови деловни субјекти, меѓу кои: ресторани, кафе барови, шанкови на плажа, слаткарници, колонијали, продавници за облека и накит, хотел, автопревозници, паркинзи и други трговски објекти за продажба на мало. Контролите […]

Новата фудалска сезона во Македонија ќе стартува со ВАР системот

Стартот на Првата фудбалска лига во Македонија е в петок (8.август), а со почетокот на новиот шампионат на натпреварите ќе биде применувана и ВАР технологијата. Досега ВАР системот во Македонија се применуваше само на Националната Арена „Тодор Проески“ и тоа на меѓународни натпревари. Едно од првите ветувања на претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ со неговото […]

КОИ СЕ НАЈТРГУВАНИ АКЦИИ ВО ЈУЛИ, Македонска берза го објави билтенот

Македонската берза го објави билтенот за месец јули. Најтргувани акции на официјалниот пазар на Mакедонска берза во седмиот месец од годинава се акциите на Комерцијална банка со остварена просечна цена од 28 201 и истргувани 4 574 акци во 500 трансакции, а вкупната вредност на остварениот промет 128,9 милиони денари. Во истиот период акциите на […]

Димитриеска-Кочоска: Историски високи приходи во Буџетот за јули

Историски високи приходи во Буџетот за јули, Царинската управа и Управата за јавни приходи имаат највисока месечна наплата досега. Финансиската стабилност и одржливиот економски раст се наш фокус и веќе се гледаат резултати, уште во првата година од мандатот, наведува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот фејсбук профил. Димитриеска-Кочоска нагласува дека во јули споредено […]

На Клиниката за детски болести се воведува формално основно образование во болнички услови за деца на долготрајно лекување

Министерката за образование и наука Весна Јаневска, министерот за здравство Азир Алиу и Марија Вук претседателка на НВО САНО – Здружение кое им помага на децата со канцер, денеска на Клиниката за детски болести во Скопје, ќе го најават воведувањето на формалното основно образование во болнички услови за деца на долготрајно лекување. На Клиниката за […]

Македонија домаќин на Светско училишно првенство во ракомет 2026

Македонија ќе биде домаќин на Светско училишно првенство во ракомет, кое ќе се одржи од 20 до 29 април 2026 година во Скопје. Овој значаен меѓународен спортски настан ќе се реализира во организација на Министерството за спорт и Федерацијата за училишен спорт на Македонија. Договорот за организација на првенството беше официјално потпишан од страна на […]

Јапонска филозофија: Совети против мрзеливоста

Психолозите ја дефинираат мрзеливоста како недостаток на волја за вложување напор или енергија во постигнувањето на одредена цел. Мрзеливоста, вообичаено, е една од општествено најнепосакуваните особини, којашто уште во раното детство му се припишува на темпераментот (што се посочува како вроден), а подоцна и на недостатокот на работни навики, коишто се стекнуваат. Мрзеливоста, обично, се […]

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јули 2025 година. -Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско […]

Swiss Re: Економските загуби од природни катастрофи во првата половина од годината изнесуваа 135 милијарди долари

Се очекува економските загуби предизвикани од природни катастрофи да достигнат 135 милијарди долари во првите шест месеци од годината, при што пожарите во Лос Анџелес ги зголемија трошоците за осигурителите, според првичната проценка на Swiss Re. Тоа е повисоко од првата половина на 2024 година, кога загубите беа проценети на околу 123 милијарди долари, при […]

Зидан ќе ја предводи Франција по СП 2026!?

Зинедин Зидан ќе стане нов селектор на француската репрезентација, објавија некои тамошни медиуми. Педесет и тригодишниот фудбалски стручњак ќе го замени Дидие Дешамп кој ја објави својата оставка во јануари 2026 година. Дешамп е селектор на француската репрезентација од 2012 година. Под негово водство „Триколорите“ ги освоија Светското првенство во 2018 година и Лигата на […]