Народната банка работи на нови мерки за полесен пристап до кредити за прв стан

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во интервју за регионалната телевизија „Њузмакс Балканс“, најави дека се подготвуваат нови мерки со кои ќе се овозможат подобри услови за кредитирање на становите коишто се купуваат за живеење, особено за прво купување. Целта е да се поддржи кредитирањето што се користи за решавање на станбеното прашање, особено […]

Министерот Трипуновски потпиша договор за финансиска поддршка на ЈП „Национални шуми” во износ од 48 милиони денари

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски потпиша договор за финансиска поддршка со директорот на ЈП „Национални шуми”, Здравко Трајанов, за инвестициони вложувања за набавка на механизација и опрема во шумарството и заштита од природни непогоди во вкупен износ од 48 милиони денари. Финансиската поддршка се доделува во висина од 100% од вредноста […]

Дурмиши: Обезбедуваме попусти до 15 отсто за училишен прибор, вистинска поддршка за семејствата пред школската година

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши денеска ја промовираше „училишната кошничка“ што вчера ја донесе Владата. Мерката која ќе важи од 15 август до 15 септември 2025 година, предвидува намалување на цените на школскиот прибор за најмалку 10 отсто во трговијата на големо и 15 проценти во трговијата на мало. Како што соопшти Дурмиши […]

Гувернерот Славески: Со раст од 5 до 6% годишно, Македонија може да го преполови времето за конвергенција со ЕУ

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во интервју за „Њузмакс Балканс“ истакна дека со одржливи стапки на економски раст од 5 до 6 отсто годишно, земјава може значително да го скрати времето потребно за економска конвергенција со Европската Унија – од неколку децении на 15 до 20 години. „Според сегашните податоци, БДП по глава […]

Годишната инфлација во Грција во јули зголемена на 3,1 отсто

Годишната инфлација во Грција минатиот месец минимално се зголемила на 3,1 отсто, согласно официјалните податоци од грчката Служба за статистика, а за една година, над 10 проценти се поскапи цените на овошјето, кафето, кириите и струјата, јави дописничката на МИА од Атина. Од јули 2024 до јули 2025 година, најголемо зголемување, за 19,3 проценти бележи […]

Славески: Правичен однос кон граѓаните и фирмите во платниот промет е минимумот што го очекуваме

„Банките се чувари на нашите плати, пензии, примањата по други основи, како и на нашите заштеди. Воедно, ние сме и нивни кредитори,“ порача гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во објава на социјалната мрежа „X”. Тој посочи дека банките, позајмувајќи средства од граѓаните и претпријатијата – најчесто со нула или минимален трошок – обезбедуваат значителен […]

Македонија повторно е на историска крстосница

Македонија е на нова историска крстосница и нема време за нови грешки. Спорот со Бугарија, пропуштените шанси и слабата дипломатија нè чинат скапо. Потребна е обединета офанзива за ЕУ и заштита на националните интереси – сега, пред да стане предоцна. Целата колумна на Драган Тилев од печатенотo издание на Економија и бизнис, можете да ја […]

Велика Британија на 8 октомври ќе биде домаќин на самит за Западен Балкан

Велика Британија ќе биде домаќин на меѓународен состанок на високо ниво за регионот на Западен Балкан што ќе се одржи во октомври, соопшти денеска британската Влада. Средбата ќе се одржи во замокот Хилсборо, недалеку од Белфаст, и е дел од пошироките разговори што ги организира Велика Британија за градење отпорност, соочување со нелегалната миграција и […]

Нови директори на клиниките за неврологија и кардиологија

На Клиниката за неврологија за нов директор е поставен д-р Игор Кузмановски, а на Клиниката за кардиологија д-р Даница Петкоска Спирова, потврдија од Министерството за здравство за МИА. -Министерот за здравство, Азир Алиу за нов директор на Клиника за неврологија го именуваше д-р Игор Кузмановски, а на Клиниката за кардиологија за нов директор е именувана […]

Во болница Кавадарци извршена прва лапароскопска уролошка операција

Во ЈЗУ Општа Болница Кавадарци, успешно беше изведена првата лапароскопска уролошка операција кај пациент на возраст од 38 години со дијагностицирана варикоцела, информираа попладнево од Болницата. – Операцијата беше изведена од Тони Нешковски и тимот од Одделот за уролошка хирургија, во соработка со проф. Д-р Јован Ивчев, како и со анестезиолошкиот тим предводен од спец. […]