Ангелов: Пожарот во „Јасен“ е најкритичен, нè чека тешка и ризична задача

Пожарот во Ловиштето „Јасен“ е најкритичен, беснее неколку дена, горат борови. Исклучително е тежок теренот. Нè чека тешка и ризична задача, но јас сум оптимист, работиме барем да го забавиме ширењето на огнот, изјави Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Во гостување во Дневникот на ТВ Сител тој објасни зошто е […]

Кои се петте најбезбедни туристички градови во Европа?

Според ново истражување на туристичката агенција „Ривиера травел“ (Riviera Travel), Дубровник е најбезбедниот град во Европа. Иако фактори како што се активностите, времето и буџетот обично го обликуваат изборот за одмор, и безбедноста е клучен фактор при резервација на следната дестинација. Во таа смисла, градови како Дубровник (Хрватска) и Талин (Естонија), на пр., успеале да […]

Затворен за сообраќај патот од Брезница преку НП „Јасен“ до Македонски Брод

Поради пожар во целост е затворен за сообраќај патниот правец од Брезница преку националниот парк „Јасен“ до Македонски Брод, соопшти ЈП „Македонијапат“. Центарот за управување со кризи (ЦУК) иформира дека до 7:00 часот на територија на цела држава има 16 пожари на отворен простор, од кои еден е активен. Тоа е пожарот на територија на […]

Мицкоски: Издвоивме 170 милиони денари за инвертер клими за ранливите семејства

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање истакна дека во моментот е активен огласот за аплицирање за инвертер клими за што се издвоени 170 милиони денари. „Да, токму така. И таа политика паралелно ја туркаме. Огласот е објавен, трае 60 дена, отприлика 170 милиони денари се обезбедени за […]

ДЗР: Вештачката интелигенција е глобален приоритет, но сè уште нема законска рамка, национална стратегија, ниту институционална координација за нејзина примена

Ограничената достапност на отворени податоци, слабата координација со меѓународните тела и ниската институционална подготвеност претставуваат сериозни пречки за развој на вештачката интелигенција (ВИ) во државата. Пристапот до отворени, структурирани и машински читливи податоци од јавниот сектор е еден од клучните предуслови за развој на системи базирани на ВИ. Иако уште во 2018 година е воспоставен […]

АПЛИЦИРАЈТЕ ЗА КЛИМА УРЕД ИЛИ СУБВЕНЦИЈА ЗА СТРУЈА: Еве кој има право и кои документи се потребни

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, врз основа на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година објави Јавни огласи за поддршка на домаќинства кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија, преку доделување на: 1. Право на купен и вграден инвертер клима уред со моќност од 3,5 kW и енергетска […]

УЈП со засилени активности за подобрување на даночната усогласеност во градежниот сектор

Управата за јавни приходи (УЈП), во рамки на „Планот за подобрување на усогласеноста во градежниот сектор“ усвоен во јануари 2025 година, започна со спроведување на засилени активности насочени кон даночните обврзници од градежниот сектор. Според направените анализи, овој сектор е идентификуван како високоризичен од аспект на даночна дисциплина, особено во контекст на актуелните пазарни трендови, […]

Фајненшал тајмс: Одбранбената индустрија на ЕУ се шири со рекордно темпо

Европските фабрики за оружје се шират трипати побрзо од нивното мирновременско темпо. Новите индустриски области покриваат повеќе од 7 милиони квадратни метри, што го доведува вооружувањето до историски размери, наведува во анализа „Фајненшл тајмс“ според сателитски податоци од 150 локации на 37 одбранбени компании. Градежната активност во европската одбранбена индустрија се мобилизира по целосната инвазија […]

Стипендии за студирање на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Македонија2025 доделува стипендии за студирање на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Сакаш да студираш на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, имаш одличен успех, но ти е потребна финансиска поддршка? Ова е твојата шанса! Не чекај! Направи го првиот чекор кон сигурна и успешна иднина и стани дел од заедницата на 139 […]

Ангелов: Борбата со пожарот во ловиштето Јасен продолжува – успешно изгасната една линија, теренот останува критичен

Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува. Од земја дејствуваат припадници на специјалните единици на армијата и полицијата заедно со екипи на ЈП „Јасен“. Од воздух дејствуваат еден ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување и еден полициски хеликоптер, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. -Една линија на пожарот која се протегаше исклучително стрмно […]