ЦУК: Од вкупно 27 пожари на отворен простор, активни се шест
На територијата на државата до 18:00 часот има вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои активни се шест пожари, еден е под контрола и изгаснати 20 пожари, информираат од Центарот за управување со кризи. Активен е пожарот на подрачјето на „Јасен“ каде гори мешана шума и пожарот на потегот меѓу селата Девич и Грешница, […]
Водата во Пехчево не е безбедна за пиење
Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Пехчево информира дека според добиените резултати од анализи на мостри од вода за пиење, водата во моментот не е безбедна за директна консумација. Од претпријатието апелираат граѓаните да ја користат водата за готвење само по претходно превривање. Од „Комуналец“ посочуваат дека се преземени сите потребни мерки за технолошки третман и […]
Нов пораз на македонските кошаркари – повторно поразени од Романија
Нов трет пораз на македонската кошаркарска репрезентација во претквалификациите за Светскиот куп 2027 во Катар. Романија забележа победа од 79:66 (26:19; 19:15; 14:15 и 20:17). Ова за македонскиот национален тим беше трет пораз во истотолку натпревари. Во текот на првото полувреме противникот беше во постојано водство, кое на полувреме изнесуваше 45:34. На почетокот на вториот […]
Лимани: Доделувањето на Наградата за младинско учество, нека биде симбол на почит и признание за сите млади кои не се пасивни набљудувачи, туку активни граѓани
Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани и државниот секретар Фатмир Сабриу, го одбележаа Меѓународниот ден на младите – 12 Август, со доделување на плакети за младинско учество. Настанот беше организиран во соработка со Националниот младински совет на Македонија и поддршка на ОБСЕ. Министерот Лимани честитајќи го Меѓународниот ден на младите, го истакна […]
Супер купот на УЕФА за европскиот првак ПСЖ
Европскиот шампион ПСЖ го освои Супер купот на УЕФА откако вечерва во Удине по изведување на пенали го совлада освојувачот на Лига Европа Тотенхем. Во регуларниот дел натпреварот заврши 2:2, а по изведувањето на пенали 4:3 за екипата од Париз. Премирлигашот поведе во финишот на првото полувреме со голот на Мики Ван де Вен во […]
МФ: Исплатена нова транша кон Развојната банка од 11,3 милиони евра за поддршка на домашните комании
Министерството за финансии исплати нова петта транша во износ од 700,9 милиони денари или 11,3 милиони евра кон Развојната банка, средства кои се наменети за поддршка на домашните компании. Средствата се трансферирани од Буџетот врз основа на доставено барање од Развојната банка, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Во Буџетот за […]
Трамп денеска ќе има виртуелен состанок со европските лидери
Американскиот претседател, Доналд Трамп и неговиот потпретседател Џ.Д. Венс, денеска ќе учествуваат на виртуелен состанок со лидерите на европските земји. Британските медиуми наведуваат дека европските лидери прво ќе одржат меѓусебен видео состанок за да ги координираат своите позиции пред да разговараат со Трамп за неговите претстојни преговори со рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска. Неизвесноста […]
Уставниот суд оформи предмет во кој е оспорен Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија
Уставниот суд информира дека е формиран предмет во кој е оспорен Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија донесен на 17.07.2022 година во Софија, за кој во тек е претходна постапка во која се испитуваат податоците и известувањата потребни за донесување на одлука. Подносител на иницијативата е поранешната пратеничка и претседателка на […]
Мицкоски: Се прават натчовечки напори да се стави под контрола пожарот во ловиштето Јасен, благодарност до пожарникарите
Денеска заедно со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување се наоѓаме во ловиштето Јасен каде што веќе неколку дена вработените во ДЗС, припадниците на специјалните единици во МВР, но и Министерството за одбрана се борат со огнената стихија овде. Можам да кажам дека делумно е под контрола, иако се уште во позадина има огромни […]
Ангелов: Пожарот во „Јасен“ е најкритичен, нè чека тешка и ризична задача
Пожарот во Ловиштето „Јасен“ е најкритичен, беснее неколку дена, горат борови. Исклучително е тежок теренот. Нè чека тешка и ризична задача, но јас сум оптимист, работиме барем да го забавиме ширењето на огнот, изјави Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Во гостување во Дневникот на ТВ Сител тој објасни зошто е […]