Десетина кандидати пријавени на огласот за претседател на ДКСК, ПОСТАПКАТА ЗА СЕЛЕКЦИЈА И ИЗБОР ПРОДОЛЖУВА ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

Десетина кандидатури се пристигнати до Собранието за јавниот оглас за претседател на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), кој завршува денеска. Претседателот на Комисијата за прашања на избори и иманувања Ѓорѓија Сајкоски за МИА посочи дека конечната бројка би се знаела в понеделник откако ќе пристигнат и оние што се пратени по пошта. Нагласува […]

Македонија2025 обезбеди критична медицинска опрема за поддршка на македонското здравство и жртвите од трагедијата во Кочани

Македонија2025, во партнерство со истакнати донатори од дијаспората, направи значаен придонес кон јавното здравство во Македонија преку донација на современа медицинска опрема за три главни здравствени институции во Скопје и Кочани. „Донираните современи апарати и материјали во вредност од над 400 илјади денари се главно насочени кон третирање на пациентите кои се здобија со критични […]

Почнаа разговорите меѓу Трамп и Путин (ДПЛ)

Преговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин почнаа во Алјаска за можен крај на руско-украинската војна. Разговорот се одвива во една од просториите на воената база Елмендорф-Ричардсон, каде што се истакнати националните знамиња на двете земји. Заедно со двајцата шефови на држави присуствуваат на состанокот и американскиот државен секретар Марко […]

Се уште активен пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод – Скопје

Центарот за управување со кризи (ЦУК) утрово информира дека се уште е активен пожарот во Националниот парк „Јасен“ каде, како што наведува, гори мешана шума. Според АМСМ, поради пожарот, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје е затворен за секаков вид возила. фото: МИА

„Телеграф“: Трамп ќе му понуди на Путин ретки минерали во замена за мир

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се подготвува да му понуди на Владимир Путин пристап до ретки минерали во обид да го убеди да ја заврши војната во Украина, објави британскиот портал „Телеграф“. Тој ќе пристигне на долгоочекуваниот состанок со својот руски колега во Анкориџ утре со низа предлози што би можеле да ѝ донесат на […]

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

Германија и Велика Британија го продолжуваат проектот за директна железничка врска меѓу нивните главни градови. Германскиот министер за транспорт Патрик Шнајдер и неговата британска колешка Хајди Александар потпишаа декларација во Хамбург, според која работна група треба да ги разјасни преостанатите нерешени прашања, пренесува ДПА. -Ние сме посветени на обезбедување првите возови да можат да патуваат […]

ДЗР: ЈП Национални шуми со ниска реализација на планот за производство, зголемени долгови и намалена ликвидност

ЈП за стопанисување со државните шуми „Национални шуми“ п.о. – Скопје во 2023 година реализирало само 66 отсто од планираниот физички обем на производство на техничко и огревно дрво. Со акумулирани обврски во износ од 1.074.644 илјади денари, односно приближно 17,5 милиони евра и постојана зависност од револвинг краткорочниот кредит за исплата на плати, претпријатието […]

Рокот за аплицирање истекува на 31 август – Аплицирајте навреме за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги потсетува сите граѓани кои ги исполнуваат условите дека рокот за поднесување барања за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија истекува на 31 август 2025 година. Со оваа програма се обезбедува финансиска поддршка од 1.000 денари месечно, во траење од 12 месеци, преку директно намалување на сметките за […]

Мицкоски: Ние сме држава во Европа која има една од најниските цени за електрична енергија за домаќинства

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека преку Mинистерството за енергетика, минерални суровини и рударство распишан е јавен повик на кој може да аплицираат оние семејства кои ги исполнуваат условите за субвенционирање за сметките на електрична енергија, и оти за тоа се предвидени 40 милиони денари. -Она кое можам исто така да го кажам е дека […]

Мицкоски: Во втората половина на август започнува изградбата на колекторскиот систем во Трпејца

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се гради колекторскиот систем во Трпејца во Општина Охрид, рече дека во втората половина на август започнува фирмата изведувач со работа, а целиот процес ќе се одвива во две фази. „Да ќе се гради. Тој е поделен во две фази колку што јас […]