Од денеска до 15 септември училишниот прибор со намалени цени од 10 и 15 проценти
Од денеска почнува кампањата на Владата за намалување на цените на училишниот прибор за 10 и 15 проценти. Владата на последната седница донесе одлука и ги задолжи трговците да ги намалат цените за најмалку 10 и 15 проценти и таа ќе важи од 15 август до 15 септември. Како што наведува владината прес-служба, одлуката е […]
МЕМО: Во јули продадени 460 гигават часови електрична енергија
Во јули годинава продедени се 460 гигават часови електрична енергија за задоволување на севкупната потрошувачка во државата, без загубите, покажуваат податоцитете на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО. Како што информираат од МЕМО, на пазарот на електрична енергија реализирани се трансакции од сопствено производство во висина од 551 гигават часови, во кои […]
Мицкоски: Расте бројот на туристи што ја посетуваат Македонија
„Ние во првите 6 месеци имаме некаде околу 13,5 проценти раст споредено со претходниот 6 месеци минатата година, а во делот на странски туристи скоро 20 проценти раст“, вели претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање. Премиерот Мицкоски истакна дека со организиран пристап и посветеност се постигнуваат резултати во […]
ТИМОВИ НА ДРЖАВНИОТ ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ ГО КОНТРОЛИРААТ СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ОДЛУКАТА ЗА ЦЕНИТЕ НА УЧИЛИШНИОТ ПРИБОР
Тимовите на Државниот пазарен инспекторат од денес на терен ги контролираат правните субјекти дали се придржуваат до одредбите на владината одлука со која ги задолжи трговците да ги намалат цените на училишниот прибор за најмалку 10% во трговија на големо и 15% во трговија на мало, а која ќе важи од денес 15.08.2025 година до […]
По 6 години застој се порибува Охридското езеро со околу милион единки на охридска пастрмка
„Денеска се наоѓам во Хидробиолошкиот завод – Охрид, поводот е порибување на Охридското езеро согласно договорот кој го склучивме во Министерството со Хидробиолошкиот завод – Охрид и Институтот за сточарство и рибарство согласно Програмата од 2024 година”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. „Обврската е да се пориби Охридското езеро со минимум […]
Советот на Народната банка донесе одлуки за унапредување на заштитата на потрошувачите на финансиски услуги
На својата последна седница, Советот на Народната банка усвои четири значајни одлуки насочени кон зајакнување на системот за заштита на потрошувачите, коишто треба да обезбедат поголема транспарентност, фер практики и ефикасно постапување по поплаките на граѓаните од страна на банките и штедилниците, како и соодветни контролни механизми од страна на Народната банка во оваа област. […]
Што средбата меѓу Трамп и Путин му носи на светот: Можеби ќе бидеме изненадени, можеби шокирани
Долгоочекуваната средба меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин се одржува денеска во Алјаска. Но, прашањето е дали по оваа средба светот ќе биде поблиску до долгоочекуваниот мир во Украина? Вашингтон со денови се обидува да ги ублажи очекувањата за средбата. Трамп во понеделникот средбата во Алјаска ја нарече испитување на теренот. Од друга страна, Путин […]
Без струја денеска делови од Ѓорче Петров, Карпош и Кисела Вода
Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без струја ќе бидат делови од општините Ѓорче Петров, Карпош и Кисела Вода, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, повикувајќи се на информации од „ЕВН Македонија“ АД. Од осум до 15 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од објектите во околината на […]
Десетина кандидати пријавени на огласот за претседател на ДКСК, ПОСТАПКАТА ЗА СЕЛЕКЦИЈА И ИЗБОР ПРОДОЛЖУВА ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ
Десетина кандидатури се пристигнати до Собранието за јавниот оглас за претседател на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), кој завршува денеска. Претседателот на Комисијата за прашања на избори и иманувања Ѓорѓија Сајкоски за МИА посочи дека конечната бројка би се знаела в понеделник откако ќе пристигнат и оние што се пратени по пошта. Нагласува […]
Македонија2025 обезбеди критична медицинска опрема за поддршка на македонското здравство и жртвите од трагедијата во Кочани
Македонија2025, во партнерство со истакнати донатори од дијаспората, направи значаен придонес кон јавното здравство во Македонија преку донација на современа медицинска опрема за три главни здравствени институции во Скопје и Кочани. „Донираните современи апарати и материјали во вредност од над 400 илјади денари се главно насочени кон третирање на пациентите кои се здобија со критични […]