ФРАНЦУСКИТЕ ВИНАРИ СЕ „ДЛАБОКО РАЗОЧАРАНИ“ ОД ФИНАЛНИОТ ЦАРИНСКИ ДОГОВОР МЕЃУ САД И ЕУ

Француската федерација на извозници на вино и жестоки пијалоци (FEVS) денес изрази „длабоко разочарување“ откако Европската Унија објави дека не успеала да обезбеди ослободување од царина за секторот, кој ќе се соочи со царина од 15 проценти при извозот во Соединетите Американски Држави. – Владата е огромно разочарување бидејќи работевме многу напорно за да го […]

Новите станови во Црна Гора се продаваат за 2.201 еврo за квадрат

Просечната цена по квадратен метар на новоизграден стан во Црна Гора во вториот квартал од 2025 година продолжи да расте. На национално ниво, цената на просечен квадратен метар на нов стан изнесуваше 2.201 евра, a во Подгорица 2.108 евра. Цените на становите во Подгорица се зголемија за два проценти во споредба со претходниот квартал, додека […]

Исклучителни резултати на Групација Триглав во првото полугодие од 2025-та година

Групација Триглавпо првотополугодие, ја зголемува својата прогноза за годишниот деловен резултат во 2025-та година. – Вкупниот деловен обем на Групација Триглав порасна за 18 проценти, во однос на првата половина од минатата година и изнесува 1.065,3 милиони евра. Овој раст, главно е резултат на зголемувањето на бруто полисираната премија во сегментот Имот. – Деловниот резултат […]

Во јули: Годишен раст од 13,0% на вкупните депозити и од 13,0% на вкупната кредитна поддршка

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 13,0%, којшто во поголем дел се должи на растот на депозитите на секторот „домаќинства“, при помал раст и на депозитите на корпоративниот сектор. На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 13,0%, поради повисоките кредити на двата сектора, со поголем придонес на корпоративниот сектор. Најновото соопштение […]

„Во сенка“ – краток филм на Халкбанк за мирот, радоста и убавината што ја дарува зеленилото

Халкбанк, преку ХалкЕко платформата за грижа кон природата и заедницата, со исклучително креативен пристап потсетува на иницијативата за засадување на 1.000.000 садници низ државата. „Во Сенка“, краткиот филм со кој банката го поддржа овој проект, е одговор на прашањето што сѐ носи една сенка со себе? „Во Сенка“ преку низа кратки, автентични и искрени моменти […]

ВИСОКА ФИСКАЛНА НЕДИСЦИПЛИНА, Од извршените контроли на УЈП кај 37,4% од субјектите се утврдени неправилности

Во периодот од 11.08.2025 – 17.08.2025 година, Управата за јавни приходи (УЈП) спроведе вкупно 243 теренски контроли за фискализација, насочени кон различни типови деловни субјекти, меѓу кои: ресторани, кафе барови, шанкови на плажа, хотели, бутици, колонијали, цвеќарници, месарници и други трговски објекти за продажба на мало. Контролите беа реализирани во повеќе градови низ државата, меѓу […]

ФЗО: Во изминатите четири години не се евидентирани претставки за непотребни медицински интервенции

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) врши редовни контроли на спроведувањето на договорните обврски со јавните и приватните здравствени установи и информира дека во изминатите четири години не се евидентирани претставки за непотребни медицински интервенции. Во однос на неодамнешните тврдења за наводни непотребни медицински интервенции, изнесени во јавноста, ФЗО уште еднаш ја потврдува својата посветеност на […]

Утре ветровито и нестабилно со локален дожд и грмежи

Времето утре ќе биде променливо облачно, ветровито и нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува засилен, наместа силен западен ветер (над 70км/ч.) во форма на невреме, соопшти УХМР. Во Скопје, во делови од котлината ќе биде нестабилно краткотрајно во форма на невреме со засилен до силен југозападен ветер.

Планирана е набавка на 100 нови модерно опремени амбуланти возила

Христијан Мицкоски претседател на Владата на Република Северна Македонија, одговарајќи на прашањето дали се планира набавка на медицински возила со оглед дека сегашните се застарени, посочи дека на последната седница е донесена одлука за отпочнување на набавка за купување на 100 нови модерно опремени амбулантни возила. Наш главен приоритет е обновата на овој тип на […]

Пријави се до 29 август и добиј маица во стартниот пакет за Виз Ер Скопски маратон 2025

Секоја година, улиците на Скопје се претвораат во сцена на инспирација, спортски дух и заедништво. Виз Ер Скопски маратон 2025 оваа година ќе се одржи на 5 октомври, а веќе се отворени вратите за сите оние што сакаат да бидат дел од најголемиот спортски настан во државата, бидејќи пријавувањето е во полн ек. Овој спортски […]