Просечната нето плата во Србија надмина 920 евра

Просечната јунска бруто плата во Србија изнесуваше 147.947 динари, а просечната нето плата, односно плата без даноци и придонеси, беше 107.075 динари, објави денес Републичкиот завод за статистика. Медијалната јунска нето плата изнесуваше 83.525 динари, што значи дека 50 проценти од вработените имале приход од работен однос до наведениот износ. Растот на бруто и нето […]

Mожен крај на германската криза во 2025 година, предвидување на Германската банка за развој KfW

Германската банка за развој KfW предвидува дека домашната економија ќе ја заврши оваа година со кревок раст на бруто домашниот производ, со што сигнализира можен крај на повеќегодишната економска криза. KfW ја ревидираше својата прогноза за 2025 година од стагнација на економски раст со стапка од 0,2 проценти. За 2026 година, ја зголеми прогнозата од […]

„Макпетрол“ од утре започнува со исплата на дивиденда

„Макпетрол” од утре, 26.08.2025 година ќе почне со исплата на дивиденда во бруто износ од 424.804.800 денари, односно во бруто-износ од 4.200 денари по акција. Во соопштението доставено до Македонска берза од компанијата информираат дека исплатата на дивидента во наведениот износ е во согласност на Одлуката за плаќање на дивиденда по Годишната сметка на Друштвото […]

Прв млекомат за свежо манастирско млеко

Во центарот на Кичево е ставен во употреба првиот млекомат за свежо млеко во Македонија. Обезбеден е со средства од Европската Унија преку проектот АгроСмарт, спроведуван од Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Хемера и ЦЕП Можности. МРФП денеска соопшти дека жителите на Кичево и околината имаат модерен пристап до свежо кравјо млеко произведено од […]

ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ТРГОВСКИТЕ МАРЖИ И ПОНИСКИ КАМАТИ ЗА КРЕДИТИТЕ, српскиот претседател претстави нови економски мерки

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави денеска дека од идната недела ќе се ограничат маржите во трговските синџири, што ќе доведе до пониски цени за околу 3.000 производи. Според него сега тиe маржи се и до 45,2 проценти во најголемите синџири, и дека во наредниот период до крајот на годината ќе следат сеопфатни мерки за […]

Кина е лидер во поставување на јавни полначи за е-возила

Бројот на полначи за електрични возила ширум светот ќе доживее силен раст во наредните децении, покажува најновата прогноза од Wood Mackenzie. Според нивната анализа, вкупната инфраструктура ќе расте со годишна стапка од над 12 проценти во периодот од 2026 до 2040 година, достигнувајќи дури 206,6 милиони полначи. Инвестициите ќе растат за осум проценти годишно, што […]

Хрватите за 34 години работа примаат пензија од 528 евра

Работниците во Хрватска денес се пензионираат по просечно 34 години работен стаж. Мажите сè уште имаат повеќе години работен стаж и затоа малку повисоки пензии од жените. Висинатана на хрватските пензиите за 34 и повеќе години работен стаж не се многу големи. Во Хрватска околу 23.300 пензионери според општите прописи се пензионирале во првите шест […]

Поскапува преносот и дистрибуцијата на струја во Србија

Од 1 октомври 2025 година во Србија ќе се применуваат новите повисоките цени за пренос и дистрибуција на електрична енергија. Преносот на струја ќе поскапи за 10 проценти, а дистрибуцијата за 16 проценти во споредба со цените од 2021 година. Во исто време, се менува ограничувањето за влегување во поскапата, „црвена“ зона на потрошувачка – […]

ЕУ ЌЕ ГО ЗГОЛЕМИ УВОЗОТ НА ПЧЕНКА, СУШАТА ГО НАМАЛИ ПРИНОСОТ

Високите температури во Европската Унија го намалија приносот и квалитетот на пченката. Според очекувањата, европскиот увоз на оваа житарка ќе биде највисок во последните три сезони. Во Франција, која учествува со 21 процент во вкупното производство на пченка во ЕУ, само 62 проценти од пченката беше оценета како добра или одлична, значително помалку од минатата […]

Трамп со нови царини ќе ја спасува и американската индустрија на мебел

Американските власти започнаа истрага за увоз на мебел во Соединетите Американски Држави, потврди претседателот Доналд Трамп во петокот, поставувајќи ја основата за нови царини за широк спектар на производи. „Во следните 50 дена, таа истрага ќе биде завршена, а мебелот што доаѓа од други земји во Соединетите Американски Држави ќе биде оптоварен со царини, чија […]