„Од сон до реалност, за вечност“ – Денот на независноста – 8 Септември

Под слоганот „Од сон до реалност, за вечност“ денеска со повеќе активности во организација на Владата, се одбележува Денот на независноста – 8 Септември. Свечената академија ќе се одржи во Македонската филхармонија во Скопје, на која ќе се обрати претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. По повод одбележувањето, собраниска делегација предводена од потпретседателот Антонијо Милошоски, составена […]

„СЛАБЕЕ“ АМЕРИКАНСКАТА ПОТРОШУВАЧКА, ПАЃА И ЦЕНАТА НА НАФТАТА

Цените на нафтата на глобалниот пазар паднаа за повеќе од 3 проценти минатата недела, бидејќи трговците се загрижени за слабеењето на побарувачката, додека Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) го зголемува производството. Цената на барел на лондонскиот пазар падна за 3,8 проценти минатата недела на 65,50 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за […]

Германија не е повеќе најпосакувана земја за барателите на азил

Новите барања за азил во Европската унија, Норвешка и Швајцарија значително се намалија во првата половина од оваа година, при што Германија го изгуби своето долгогодишно прво место како главна дестинација за барања, јави ДПА, повикувајќи се на официјални бројки објавени денеска. Агенцијата за азил на ЕУ, со седиште во Малта, соопшти дека помеѓу јануари […]

ГЕРМАНСКИОТ ТРГОВСКИ СУФИЦИТ СЕ ТОПИ, месечно намалување на извозот во САД и Кина

Германскиот суфицит во надворешната трговија за јули изнесува 14,7 милијарди евра, што претставува пад во споредба со јуни и воедно најниска вредност за девет месеци, објави денес Германскиот федерален завод за статистика (Дестатис). Во јули германскиот извоз се намали за 0,6 проценти на 130,2 милијарди евра, а увозот за 0,1 процент на 115,4 милијарди евра. […]

ПАДНА ФРАНЦУСКАТА ВЛАДА, француските пратеници изгласаа недоверба на малцинската влада

Францускиот Парламент ја разреши владата на премиерот Франсоа Бајру по само девет месеци на власт, при што неговата администрација го загуби гласањето за доверба. На гласањето во Националното собрание, 364 пратеници гласаа дека немаат доверба во владата, додека само 194 и дадоа доверба.„Во согласност со член 50 од уставот, премиерот мора да поднесе оставка на […]

КИНЕСКИОТ ИЗВОЗ ВО САД НАМАЛЕН ЗА ТРЕТИНА, Пекинг го пренасочува извозот во ЕУ, Азија и Африка

Кинескиот извоз во Соединетите Американски Држави се намали за дури 33 отсто на годишно ниво, додека вкупниот раст на извозот се забави на 4,4 отсто, што е најниско ниво во последните шест месеци, објави денеска Генералната царинска управа на Кина. Кинескиот увоз од Соединетите Американски Држави исто така значително се намали за 16 проценти на […]

Макпрогрес: Фабриката ќе ја обновиме, вработените ќе ги прераспоредиме со цел да ги задржиме на работа

Менаџментот на компанијата „Макпрогрес“ од Виница, каде во пожар изгореа два магацина и еден производствен погон, преку соопштение до јавноста им се заблагодарија на сите кои учествувале во гаснењето на пожарот и порачаа дека фабриката ќе биде обновена, а вработените кои физички ги изгубиле работните места, ќе бидат задржани. – Фабриката Винчини ќе ја обновиме, […]

ПРОДОЛЖУВА ТРИГОДИШНИОТ ТУРИСТИЧКИ ПАД ВО ХРВАТСКА ВО АВГУСТ, помалку гости од Германија, Холандија и Унгарија

Хрватскиот туризам продолжува со својата опаѓачка траекторија трета година по ред. Намалувањето на бројот на туристи во шпицот на туристичката сезона го покажуваат и објавените официјални податоци од eVisitor на Хрватскиот туристички одбор. Вкупно, во текот на август се регистрирани 4,46 милиони пристигнувања на странски туристи (исто како и минатата година) и 500.000 пристигнувања на […]

Новиот LYNK & CO 01 Plug-in Hybrid со промотивна цена

Новиот Lynk & Co 01 веќе e достапен со акциска цена од 39.990 евра и намалување од 2000 евра за ограничен број возила Дизајниран и проектиран во Гетеборг, Шведска, со нови дизајнерски елементи, овој напреден plug-in-hybrid погон со врвни дигитални технологии веќе поставува нови стандарди за SUV возилата. Со новиот Lynk & Co 01 Plug-in […]

Полска се приклучува на „ексклузивниот клуб на земји милијардери“

Полска се приклучи на избраната група земји чиј БДП надмина трилион долари, а владата во Варшава сега очекува земјата да биде поканета во групата Г20 на демократски држави со најразвиени економии во светот. Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека Полска сега се приклучила на редовите на само 20 земји во светот чиј БДП е поголем […]