ТРГАЊЕ НА ЗАБРАНАТА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ДИЗЕЛ И БЕНЗИСКИ АВТОМОБИЛИ, Фон дер Лајен на средба со лидерите на европската автомобилска индустрија

Во Брисел денеска се одржува средба на членови на Европската комисија, предводени од нејзината претседателка Урсула фон дер Лајен со првите луѓе на најголемите европски компании од автоиндустрискиот сектор, социјалните партнери и другите клучни засегнати страни. Целта на овој трет состанок во овој состав, како што соопшти Еврокомисијата, е да се заштити иднината на секторот, […]

„Еуроимпекс“ прослави јубилеј од 35 години

Во средата на 10.9.2025 година, првата приватна македонска компанија со дејност од автомобилската индустрија „Еуроимпекс“, прослави јубилеј од 35 години успешно стопанисување. Свеченоста беше посветена на тимот вработени на компанијата, а забавата ќе остане долго да се зборува и да се памти… „Еуроимпекс“ започнува со работа во 1990 година, кога во Македонија немаше ниту една […]

Меѓународниот Аеродром Скопје ја доби престижната награда за „Најпријатно аеродромско искуство во Европа”

На свечена церемонија, која е дел од годишниот Самит за аеродромско искуство на ACI World, што се одржа на 10 септември во Гуангжу, Кина – Меѓународниот Аеродром Скопје ја доби статуетката која ја претставува престижната награда за квалитет на аеродромските услуги (ASQ) за 2024-та година, овој пат за „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“, информираат од […]

Колку треба да изнесува минималната плата за живот во Србија?

Цените на производите и услугите за лична потрошувачка во Србија во август во споредба со јули беа повисоки во просек за 0,2%, објави Републичкиот завод за статистика. Потрошувачките цени во август 2025 година, во споредба со истиот месец од претходната година, се зголемија за 4,7%. Во споредба со декември 2024 година, потрошувачките цени се зголемија […]

„Инвеститорски ден“ на Македонска берза-тргување без трансакциски трошоци

Со цел промовирање на уште поактивно учество на домашните индивидуални инвеститори на македонскиот пазар на хартии од вредност и вложување на населението во акции издадени од домашните компании што се тргуваат на Македонска берза, односно зголемување на знаењето за овие финансиски инструменти и подобрување на инвестициската култура во нашата држава, Берзата денеска по шести пат […]

Банките во Србија ги намалуваат каматните стапки за готовинските, потрошувачките и станбените кредити

Банките во Србија ги намалуваат каматните стапки на готовинските, потрошувачките и станбените кредити. Пониските каматни стапки важат во текот на целиот период на отплата, а зголемувањето на приходите нема да влијае на договорените услови. Сите банки кои нудат готовински, потрошувачки и станбени кредити во динари ја известија Народната банка на Србија дека ќе ги намалат […]

Потпретседателот на ЕБОР во прва официјална посета на земјата

Матео Патроне, Потпретседател за банкарство во Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја посети Северна Македонија на 10 и 11 септември, во неговата прва официјална посета на земјата, по именувањето на оваа функција. За време на посетата оствари средба со Премиерот Христијан Мицкоски, Министерката за финансии и Гувернер на ЕБОР, Гордана Димитриеска Кочоска и […]

Во Грција од 2019 година до сега намалени 83 даноци

Со новите даноци што се намалуваат од 1 јануари 2026 година, како што беше соопштено од Меѓународниот саем во Солун, Владата од почетокот на својот мандат во 2019 година намали вкупно 83 даноци и придонеси, информираа од Министерството за финансии и економија ја Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Од овие 83 намалувања, 25 […]

„Три, четири, сега! Европа е наша!“ – Свеченото доделување на наградите се одржa за време на Спортскиот фестивал во Љубљана

Фото-натпреварот беше многу повеќе од натпревар – со него ги славевме довербата, почитта и градењето заедници преку границите. Кампањата „Три, четири, сега! Европа е наша!“ на WeBalkans се заокружи со изборот на шесте финалисти на регионалниот фото-натпревар. Во текот на изминатите шест месеци, оваа уникатна иницијатива ги славеше инклузијата, единството и спортскиот дух, приближувајќи ги […]

Придружи се на еуфоријата – последна шанса за пријавување на Виз Ер Скопски маратон

Одбројувањето започна! На 5 октомври Скопје повторно ќе живее во ритамот на најголемиот спортски настан во земјата – Виз Ер Скопски маратон 2025. Доколку се уште не сте се пријавиле, имате уште малку време тоа да го направите. Не ја пропуштајте шансата да бидете дел од еуфоријата, адреналинот и незаборавната енергија што ја носи Виз […]