Просечната плата во Хрватска над 1.400 евра

Во јули просечната месечна нето плата исплатена по вработен кај правни лица во Хрватска изнесуваше 1.437 евра, што е номинално за 9,3 проценти повисока и реално за пет проценти повисока на годишна основа, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика . Во споредба со платата за јуни оваа година, просечната нето плата за јули беше […]

Квартален раст на просечната плата во Србија

Просечната нето плата пресметана во Србија за вториот квартал од оваа година изнесувала 108.016 динари и во споредба со истиот период од претходната година, таа е номинално повисока за 10,8 проценти, а реално за 6,4 проценти, објави денес Републичкиот завод за статистика. Во споредба со првиот квартал од оваа година, просечната нето плата пресметана за […]

Најзастапени потрошувачките и станбените кредити, пад кај автомобилските кредити во август

Вкупните депозити во август бележат зголемување од 12,4 проценти на годишно ниво, а кредитите раст од 12,9 проценти. Според податоците што денеска ги објави Народната банка, кај депозитите поизразен е растот во секторот домаќинства, а кај кредитите во корпоративниот сектор. Кај физичките лица најзастапени во август биле потрошувачките и станбените кредити кои бележат годишно зголемување […]

ИНТЕРВЈУ | Наташа Бреслиска: Македонското вино има потенцијал и иднина, но ни требаат нови стратегии, брендирање и современ пристап

Наташа Бреслиска е долгогодишен советник за бизнис-развој, за маркетинг и за продажба во секторот на виното и на жестоките пијалаци. Кариерата ја започнува во винаријата „Сковин“, една од најголемите во Македонија, каде што напредува до позиција менаџер за извоз и за маркетинг. Подоцна ја продолжува својата професионална приказна како самостоен консултант, а извесен период живее […]

Искачување на Титов Врв за подигнување на свеста за ракот на дојката

Јавната установа Национален парк „Шар Планина“ го организира третото традиционално искачување на највисокиот врв на Шара – Титов Врв, акција која е наменета само за жени-учеснички, со цел да се даде поддршка на жените кои се соочуваат со рак на дојка. Искачувањето ќе биде на 4 октомври (сабота), а почетна точка е паркингот на Попова […]

„Зелена иднина: од градинка до училиште“: дм дрогерие маркт најави раззеленување на училишните дворови низ целата земја

Компанијата дм дрогерие маркт денес на прес-конференција одржана во скопското кафуле „Leaf“ го најави отворањето на конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ за пријавување на сите државни и општински градинки, основни и средни училишта за хортикултурно уредување и раззеленување на нивните дворови. Конкурсот е поддржан од Министерството за образование и наука, а партнер за […]

Почнува кампањата „Катастар до тебе“

Агенцијата за катастар на недвижности почнува нова кампања „Катастар до тебе“, а првата промоција ќе се одржи денеска од 16 до 19 часот во Општина Аеродром. Целта на кампањата е институцијата да се доближи до граѓаните преку директна комуникација, отвореност и транспарентност. На овој начин, граѓаните ќе имаат можност да поставуваат прашања и да добијат […]

Советот за животна средина на ЕУ ќе расправа за новите климатски цели на блокот

Измените на европскиот Закон за климата со кои се предлага воспоставување нови обврзувачки климатски цели на ЕУ до 2040 година, ќе биде главната тема на Советот за животна средина на Европската Унија што денеска се одржува во Брисел. Според најавите, министрите за животна средина на земјите членки ЕУ ќе одржат политичка дебата по предлогот на […]

Подобрувањето на статистиките во здравството и животната средина помагаат во градењето на институционални капацитети

Статистиките во делот на здравството и животната средина се клучни за подобрување и обезбедување на одржливи политики во земјоделството и јавното здравје, како и за намалување на јазот со ЕУ. Статистиката не е само математика и бројки, таа е основата на успехот и е од клучна важност за сите нас, бидејќи се тесно поврзани со […]

Бундесбанка очекува благ економски раст на Германија во третиот квартал

Во третиот квартал годинава БДП на Германија би можел малку да се зголеми, објави денес Германската федерална банка, додека владата на Фридрих Мерц започнува „есенски реформи“ за оживување на економската активност. Благото летно закрепнување би спречило економијата да падне во техничка рецесија – кога економската активност опаѓа два последователни квартали. Бруто домашниот производ (БДП) се […]