ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА НА СТАКЛЕНИ НОЗЕ, буџетските инвестиции ги покриваат структурните слабости

Според мислењето на водечките истражувачки институти, германската економија ќе забележи забележителен раст во 2026 година само благодарение на дарежливото трошење на федералната влада. Бруто домашниот производ ќе порасне за 1,3 проценти, објавија институтите во нивната редовна есенска проценка за владата во четврток. Во 2027 година, економијата би можела да порасне за дополнителни 1,4 проценти. За […]

Трипуновски: Лозарството бележи сериозен раст во производството на винско и трпезно грозје

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во поткастот „Проверитас”, истакна дека споредбено со претходната година, лозарството бележи сериозен раст во производството на винско и трпезно грозје. „Податоците покажуваат значителен напредок споредбено со минатата година. Во минатата година вкупната берба на македонското грозје изнесуваше околу 85 милиони килограми, од кои 65 милиони килограми беа […]

Во грејната сезона пониски сметки за струја за српските пензионери со минимални пензии

Владата на Република Србија ги усвои измените на Уредбата за енергетски ранливи потрошувачи, со која ќе се обезбедат олеснувања за социјално ранливите домаќинства во претстојната грејна сезона. Со овие измени, бенефициите се проширија на пензионерите со минимални пензии, како и на лицата со статус на борци, воени и цивилни воени инвалиди и други корисници на […]

Историски чекор за македонските сметководители: ИСОС примена во CFE Tax Advisers Europe

Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) официјално стана членка на CFE Tax Advisers Europe – најпрестижната европска организација која ги обединува националните здруженија на даночни советници и сметководствени професионалци. Со ова, ИСОС е единствената професионална организација на сметководителите од регионот на Западен Балкан која е дел од оваа европска мрежа. „Зачленувањето на ИСОС во […]

Средба Николоски-Памер: Разговори и за проектот за брза пруга на Коридот 10

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер, со кој разговараа за реализација на капиталните проекти, унапредување на инфраструктура и учеството на Македонија како рамноправен партнер во економското зајакнување и стабилизација на регионот, информираат од Министерството за транспорт. На средбата била отворена темата и за проектот […]

Во Куманово почнаа меѓународните саеми на органски и традиционални производи „Органска трпеза“ и за земјоделство, технологии, храна и преработка „Агро-Мак“

Почнаа меѓународните саеми, осмиот на органски и традиционални производи „Органска трпеза“ и четвртиот меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработка „Агро-Мак“ пред спортско рекреативниот комплекс „Базени“ во Куманово. Бројни излагачи од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора, Бугарија и Унгарија ги презентираа своите продукти пред кумановци. Организаторите, Здружението за развој на земјоделство […]

Заживување на затворските економии заради подобрување на ресоцијализација на затворениците

Стапката на ресоцијализација на затворениците е релативно мала, вели директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, посочувајќи дека кадарот што сега работи на ресоцијализација во затворите е обучен и подготвен, но за жал е многу е мал, но и дека треба да се работи на заживување на затворските економии. Според Пандов, гледано низ призма […]

Лажетиќ: Возилото ќе се одзема на повратници за безобѕирно возење со брзина над дозволената

Нашата сообраќајна некултура, којшто е резултат на општата некултура што владее во државата, едноставно ќе мора да се регулира вели професорката по казнено право Гордана Лажетиќ, посочувајќи дека е добро што се менуваат повеќе закони од аспект на системот „Безбеден град“ и што имаме проширена одредба кај кривичното дело безобѕирното управување со моторно возило, затоа […]

Најмалку два странски јазици учат 6,4 отсто од основците и 59,5 проценти од средношколците во ЕУ

Во 2023 година најмалку два странски јазици изучувале 6,4 отсто од учениците од основните и 59,5 проценти од учениците во средните училишта во ЕУ, соопшти денеска Европската статистичка агенција – Евростат по повод Европскиот ден на јазиците – 26 септември. Споредено со 2013 година, стапката на основци кои изучувале два или повеќе странски јазици се […]

Златна „Камера 300“ за францускиот кинематографер Давид Шамбиј

Давид Шамбиј од Франција, кинематографер во филмот „Нов бран“ е годинешен добитник на највисокото признание, наградата Златна „Камера 300“ што ја доделува ИФФК „Браќа Манаки“. Вечерва во Битола, лауреатот Шамбиј не го криеше своето задоволство од високото признание кое како што рече го освојува прв пат во неговата кариера. -Се радувам што со вас ја […]