Нина Недановска назначена за член на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка во Словенија
Заменик-претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје, Нина Неданоска, започна своето ново професионално поглавје во меѓународната групација. Таа е назначена за член на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка во Словенија. „Ова назначување не е само лично признание за нејзината долгогодишна посветеност, експертиза и визија, туку и силна потврда за кредибилитетот на нашата институција. […]
ХРВАТИТЕ СЕ СООЧУВААТ СО НАЈВИСОКА ИНФЛАЦИЈА ВО ЕУ
Потрошувачките цени во Хрватска во септември се повисоки за 4,2 отсто во споредба со истиот месец минатата година, со што повторно ја забрза инфлацијата на годишно ниво. Податоците на Евростат покажуваат дека инфлацијата во Хрватска во деветтиот месец била меѓу највисоките во еврозоната. Државниот завод за статистика ја објави првата проценка на индексот на потрошувачки […]
Висок дневен пад на вредноста на доларот!
Вредноста на американскиот долар денеска се намали за повеќе од 0,27 проценти откако Конгресот во САД не успеа да постигне договор за привремен буџет, што резултираше со затворање на американската федерална влада. Индексот на доларот, кој ја изразува вредноста на доларот во однос на шест други валути како што се еврото и јапонскиот јен, се […]
Во Македонија 50 до 60 жени годишно умираат од рак на матка, регионален форум за превенција на рак на грлото на матката во Скопје
Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) во соработка со Министерството за здравство на Република Северна Македонија денеска го организира 5. Годишен форум на Регионалната алијанса за превенција на рак на грлото на матката во Источна Европа и Централна Азија. Според организаторите, на Регионалниот форум ќе присуствуваат повеќе од 100 претставници од регионот, вклучувајќи претставници […]
Македонија2025 отвора врати кон светот: Два повика за идните лидери за стипендии за извршно образование во 2026 година
Македонија2025 ве информира за два активни повика за апликации за стипендии за 2026 година, насочени кон менаџери, бизнис лидери и претприемачи од Македонија кои сакаат да го надградат своето знаење и лидерски капацитети преку врвни меѓународни извршни програми. 1. Стипендии за Зафировски програмата за извршно образование на Келог Школата за менаџмент Преку поддршката на Фондацијата […]
Еден златен, два бронзени медали и една олимписка пофалба за Македонија на Балканската олимпијада по информатика во Удине
Македонските средношколци – информатичари на 32-та Балканска олимпијада по информатика (БОИ 2025), која од 25-ти септември до 1-ви октомври се одржува во Удине, Италија, освоија еден златен, два бронзени медали и една олимписка пофалба, соопшти Здружението на информатичарите на Македонија. Македонскиот тим на овој престижен меѓународен натпревар во програмирање, го сочинуваа учениците Дамјан Давков од […]
Ѓорческа ја совлада поранешната тенисерка број 1 Плишкова
Голема победа на стартот од силниот ВТА турнир W125 Самсун Опен оствари македонската тенисерка Лина Ѓорческа. Таа во мечот од првото коло денеска ја надигра поранешната тенисерка број 1 на светот Каролина Плишкова од Чешка со 2-0 во сетови (6:4 и 6:3) за 75 минути игра. Плишкова во кариерата осум недели беше на чело на […]
Врнежливо и студено до петок, на планините снег – викендот стабилизација на времето
Под влијание на влажен и студен бран, времето до петок ќе биде облачно, студено и со чести врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат обилни. Според најавите, се очекува да наврнат над 30 литри дожд на метар квадратен, а локално и над 50 литри на метар квадратен. Според прогнозата на УХМР, од утре […]
Почнува натпреварот СРЕДНОШКОЛЕЦ МИЛИОНЕР, наградата 1 000 000 денари
Натпреварот за средношколци СРЕДНОШКОЛЕЦ МИЛИОНЕР, посветен на развојот на претприемачкиот дух и креативни бизнис идеи кај младите, официјално почнува денеска. Главната награда за најдобрата бизнис идеја изнесува 1 000 000 денари. Организаторите Brainster Next College – првиот практичен факултет за дизајн и ИТ во Македонија и регионот, како и NU High School Academy – академијата […]
Студентите до 5 октомври да аплицираат за субвенциониран оброк
Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од денеска до 5 октомври 2025. Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, но и […]