СЕПАК ВО ГРЦИЈА МОЖЕ ДА СЕ РАБОТИ ПО 13 ЧАСА ДНЕВНО, усвоен законот за „Фер работа за сите“
Парламентот на Грција денеска го усвои законот со кој им се овозможува на работодавачите во приватниот сектор да го продолжат работното време, наспроти протестите на граѓаните. Од вкупно 267 присутни пратеници, законот на Министерството за труд и социјална заштита насловен како „Фер работа за сите“ беше усвоен со поддршка на 158 пратеници на Нова демократија […]
Модернизација и регионално поврзување на платните системи помеѓу земјите од Западен Балкан поддржани од Банката на Италија и Европската централна банка
Во Вашингтон, за време на Годишните средби на ММФ и Светската банка, гувернерот Трајко Славески, заедно со гувернерите на централните банки на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, го потпиша Писмото на намери со гувернерот на Банката на Италија, Фабио Панета, врз основа на кое Банката на Италија ќе развие клон на ТИПС […]
„Наследување на семејниот бизнис“ – ПроКредит Банка и ЕБОР со заеднички настан посветен на генерациската транзиција во семејните компании
Како да се пренесе визијата на една компанија од една на следна генерација? ПроКредит Банка заедно со Европската банка за обнова и рaзвој (ЕБОР) го отвора ова важно прашање со настанот посветен на наследување на семејниот бизнис, кој ќе се одржи на 21 октомври во ресторанот „Парк“ во Скопје, од 10:00 до 12:00 часот. Настанот […]
ЗАБОРАВЕНИТЕ ЕВРА ВО БАНКОМАТ ДА СЕ ПРИЈАВАТ ВО БИРО ЗА ИЗГУБЕНИ РАБОТИ, германскиот закон регулира до кој износ може да се задржат
Секој што сака да подигне готовина од банкомат во Германија може да се соочи со заборавени банкноти, но „среќниот“ наоѓач мора да биде подготвен за последиците доколку одлучи да ги задржи за себе. Според германските закони, постојат јасни правила за тоа колку пари ќе најдете, а не мора да ги пријавите. Пронајдената готовина во износ […]
Одбележување на Светскиот ден на храната
Под мотото „Рамо до рамо за подобра храна и подобра иднина“ денеска се одбележува Светскиот ден на храната и 80-годишнината од основањето на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО). Целта е да се истакне важноста на заедничката акција за создавање поодржливи системи за храна и заштита на природните ресурси. По повод јубилејот, во Паркот на […]
НАГРАДЕНА СО СТЕРИИНА НАГРАДА, СЛАВЕНА ВО БЕЛГРАД – ПРЕТСТАВАТА „НАРОДЕН ПРАТЕНИК“ НА МНТ СЕГА ПАТУВА ЗА БРЧКО
Со претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Егон Савин, Македонскиот народен театар ќе настапи на претстојните 42. Интернационални театарски средби „Брчко Дистрикт“ во Босна и Херцеговина. Фестивалската програма се одржува од 16 до 24 октомври, а МНТ ќе настапи на втората фестивалска вечер, утревечер, на 17 октомври. Фестивалот „Брчко Дистрикт“, со речиси […]
Кондарко: Најдолгото ливче половина метар, ДИК дистрибуира 4.613.438 гласачки ливчиња,
Државната изборна комисија денеска од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола дистрибуира 4.613.438 гласачки ливчиња за локалните избори кои ќе се одржат в недела на 19 октомври, а најдолгото ливче е 500 милиметри или половина метар. Во изјава за медиумите, претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Борис Кондарко истакна дека седумнаесет тимови на ДИК заедно со […]
Студија: Во Србија, секој петти млад човек страда од барем едно психичко нарушување
Еден од пет тинејџери во Србија има ментални проблеми, 27 проценти од нив доживеале семејно насилство додека 4,5 проценти се обиделе да се самоубијат. Тоа се цифри од новата студија на Институтот за ментално здравје, Медицинскиот и Филозофскиот факултет во Белград. Како што објави Време во најновиот број – тие поминаа речиси незабележано иако се […]
Црвениот крст на Македонија и Жито Лукс со хуманитарна акција „Подарено од срце“ по повод Светскиот ден на лебот – 16 октомври
По повод Светскиот ден на лебот, 16 октомври, Црвениот крст на Македонија, во соработка со Жито Лукс, најголемиот производител на леб и брашно во земјата, ја спроведува хуманитарната акција „Подарено од срце“, со која ќе бидат донирани околу 8.000 лебови за најранливите категории граѓани низ целата држава. Во текот на оваа недела преку дистрибутивната мрежа […]
Словенија со најмногу собрани килограми отпад на храна по жител!
Во 2023 година, општинските комунални претпријатија во Европската Унија собраа вкупно 58,2 милиони тони отпад од храна, што изнесува 130 килограми по глава на жител. Словенија беше на прво место со 78 килограми. Домаќинствата прават најголема количина на отпад од храна собран од 69 килограми по глава на жител. Потоа следат производителите на храна и […]