ИНТЕРВЈУ | Јана Репаншек: Овозможуваме платформа која помага обврските за реформи да се претворат во резултати

Г-ѓа Репаншек, вие сте директор на Центарот за извонредност во финансиите − ЦЕФ (Center of Excellence in Finance − CEF), со седиште во Љубљана, Словенија. Кажете ни малку за историјата на ЦЕФ, за развојот на оваа институција и како би ја опишале денес? Ј. Репаншек: ЦЕФ е основан во 2001 година како регионална иницијатива за […]

По пет децении „Работнички“ доби нов дом, отворена обновената спортска сала во Градски парк

Свечено беше отворена целосно реконструираната сала „Работнички“ во Градски парк, еден од најстарите спортски објекти во државата. Како што информираат од прес-службата на Општина Центар, салата е реконструирана според стандардите на ФИБА, со целосно обновен паркет, нова фасада, современо ЛЕД-осветлување, енергетски ефикасен систем за греење, ладење и вентилација, нови соблекувални, санитарни јазли и нови столчиња […]

Субвенциите ќе одат кај вистинските земјоделци, а не кај „ловците на субвенции“, вели министерот Цветан Трипуновски

Секој земјоделец кој сериозно и посветено работи и продуцира земјоделски производ го нарекувам вистински земјоделец. Сите оние кои сакаат да импровизираат или да го заобиколуваат процесот се т.н. ловци на субвенции, смета министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Како што соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот во гостување на телевизијата […]

Одземени лиценците на шест компании кои одгледуваат марихуана за медицински цели

На шест компании им се одземени лиценците за одгледување канабис за медицински цели. Кај нив се констатирани низа недоследности, соопшти денеска министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција во Владата. Одземени им се лиценците, како што рече, на Алфафам, која беше замешана во шверцот на марихуана во Србија, потоа Грин лајф, ЦБД медплант, Лајф плант, […]

Привремено дозволено пушење на терасите на локалите отворени од најмалку две страни, забрана за електронските цигари во затворен простор

Прифатено е одложувањето на примената на законот за пушење на отворени тераси од три страни за да им се остави време на сопствениците на локалите да може инфраструктурно да ги приспособат кон барањата на законот. Во однос на електронските цигари, тие ќе бидат забранети за корисетње во затворен простори, а забранети за продажба ќе бидат […]

Ново зголемување на минималната плата во Грција

Ново зголемување и усогласување на минималната плата, за кое ќе биде одлучено на владина седница кон крајот на март, најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на денешниот состанок на Владинот совет за економска политика, јави дописничката на МИА од Атина. Во воведното обраќање, Мицотакис е осврна на важноста да се продолжи со динамиката на […]

ВО ЕВРОПА МЛАДИТЕ СЕ ОБРАЗУВААТ ЗА ЕДНА, А РАБОТАТ ВО ДРУГА СТРУКА, најнизок процент на млади луѓе кои не работат во својата професија има во Унгарија

Mногу млади луѓе кои се јавуваат на пазарот на трудот во земјите од Европската Унија не работат во областите што ги студирале. Во Европската Унија просекот на млади високообразовани луѓе до 34 години кои работат на работни места надвор од нивната област на студии изнесува 32 отсто. Најголем удел на млади луѓе кои не работат […]

АМЕРИКАНСКИТЕ И ЕВРОПСКИТЕ АКЦИИ ВО ПАД, берзите се под влијание на губењето на вредноста на софтверските компании

Американските и европските акции паднаа, златото порасна откако Трамп ги зголеми глобалните тарифи. Акциите беа во минус на вчерашното тргување на американските берзи. Акциониот индекс Dow Jones падна за 763 поени или за 1,5 проценти, S&P 500 за 1,2 проценти, а Nasdaq за 1,1 процент, објави CNBC. Загубите на вредноста на софтверските компании поради страв […]

ПРАТЕНИЦИ ПРЕДЛАГААТ НАМАЛУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ЗА 200 ЕВРА НА ПРАТЕНИЦИ, МИНИСТРИ, ОБВИНИТЕЛИ, ГРАДОНАЧАЛНИЦИ

Платите на избраните и именуваните функционери ќе се намалат за 10 до 13 илјади денари, а кај некои од позициите и повеќе, со цел поправична распределба на буџетските средства и усогласување со економските услови во државата – изјави денеска пратеникот од ВМРО‑ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, кој информира дека нивната пратеничка група поднела пакет од предлог-измени на […]

„Вечер на романтични балади“ во Битола, посветено на делото и споменот на Тоше Проески

НУ Камерен оркестар на Битола свечено ќе ја отвори концертната сезона за 2026 година со концертот „Вечер на романтични балади“, соопштија од организацијата на настанот, што ќе почне во 20 часот во Офицерски дом – Битола. Под диригентската палка на Владимир Димовски, како што е најавено, оркестарот ќе ѝ понуди на публиката внимателно одбрана програма […]