ТРИ ЧАСА БЕСПЛАТА СОНЧЕВА ЕНЕРГИЈА ЗА ДОМАЌИНСТВАТА, програма за заштеда на енергија во Австралија

Австралија ќе им понуди на домаќинствата, вклучително и на оние без соларни панели, најмалку три часа бесплатна сончева енергија секој ден во рамките на програмата за заштеда на енергија што треба да стане активна во 2026 година, изјави австралискиот министер за енергетика Крис Бовен. Програмата „Соларен делител“ прво ќе биде лансирана во сојузната држава Нов […]

ОИЛКО КДА – Скопје купи нови акции од Макпетрол АД Скопје

Од компанијата преку соопштение до Македонската берза АД Скопје, известуваат дека акционерот ОИЛКО КДА – Скопје, се стекна со 256 обични акции од издавачот Макпетрол АД Скопје и во моментов поседува вкупно 29 890 обични акции, што претставува 26,60 % од вкупниот број на акции издадени од Макпетрол АД Скопје.

Членови на Управниот одбор и Надзорниот одбор на ГД Гранит АД Скопје се стекнаа со нови акции

Од Гранит АД информираат дека дел од членовите на Управниот одбор и Надзорниот одбор на ГД Гранит АД Скопје се стекнаа со акции од компанијата и тоа: – Страшо Милковски – претседател на Управен одбор се стекна со 8.760 обични акции – Зоран Милковски – член на Управен одбор се стекна со 12.300 обични акции […]

Мало зголемување на извозот, но трговскиот дефицит и понатаму расте

Во првите девет месеци од 2025 година, извозот на стоки од Македонија изнесувал 368,3 милијарди денари, што е раст од 2,09% во споредба со лани, додека увозот достигнал 523,2 милијарди денари, со зголемување од 3,59%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. И покрај скромниот раст на извозот, трговскиот дефицит се продлабочува, што укажува дека […]

Стопанска банка АД – Скопје со нов независен член на Одборот за ревизија

Согласно Глава 6 од Правилата за котација, од банката известуваат дека согласно одлуката за именување од страна на Надзорниот одбор бр. 115/2025 од 31.10.2025 година г-ѓа Верица Костова се именува за независен член на Одборот за ревизија на Банката, со мандат од 2 години.

ПРВ ДЕПОЗИТ ЗА МЛАДИ НА ПАЗАРОТ – VIBE ON ФЛЕКСИ ДЕПОЗИТ ОД ШПАРКАСЕ БАНКА

Шпаркасе Банка АД Скопје го претставува првиот депозит за млади на пазарот VIBE ON Флекси депозит – нов, модерен и единствен депозитен производ наменет за млади од 18 до 28 години, создаден за генерацијата што сака слобода, флексибилност и контрола над своите финансии. Со VIBE ON Флекси депозитот, младите добиваат можност да штедат по свои […]

Пациентите со сложени срцеви аритмии веќе нема да бидат упатувани во странство

Аблација за коморна тахикардија прват во државава е извршена на Универзитетската клиника за кардиологија. По тој повод Клиниката денеска ја посетија министерот за здравство Азир Алиу и генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски. Алиу на прес-конференција во Клиниката рече дека тимот од Кардиологија покажал дека во македонското здравство има знаење, храброст и […]

Најстариот планинарски клуб го прославува стотиот роденден со документарен филм

Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово, најстариот планинарски клуб во Македонија, годинава одбележува еден век постоење со документарен филм кој првпат во земјава го прикажува животот, предизвиците и подвизите на едно планинарско друштво. Од клубот велат дека документарецот го следи развојот на клубот од неговото основање во 1925 година, преку изградбата на домовите на Шар Планина, […]

Извештај на ЕК: Земјата изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство

Северна Македонија продолжи со целосно усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, што сведочи за нејзиниот стратешки избор, се наведува во конечните заклучоци за земјава во Пакетот-извештаи за проширувањето изработени од Европската комисија. – Властите продолжија да работат на патоказите за владеење на правото, реформата на јавната администрација и функционирањето на демократските институции, […]

Кос: Само со обединување на Европа можеме да обезбедиме мир, слобода и просперитет

Ние Европејците треба да направиме многу повеќе за да ја преземеме контролата врз нашиот континент, да ги браниме нашите демократски вредности и да ја заштитиме нашата сопствена безбедност, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос при презентацијата на пакетот извештаи за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ пред Комитетот за надворешни работи на Европарламентот. – […]