До 1 февруари забрана за риболов на сите видови риба на Мавровско Езеро, река Радика и нејзините притоки
Националниот парк „Маврово“ донесе одлука за завршување на сезоната на риболов во водите на подрачјето на паркот, вклучувајќи го Мавровско Езеро, реката Радика и нејзините притоки, за сезоната 2024/2025 година. – Во исто време со одлуката се воведува забрана за риболов, која стапи во сила на 1 ноември и ќе трае до 31 јануари следната […]
Хрватска влегува во финансиски хаос, ако итно не ги ограничи растот на платите и трошоците, предупредување од ММФ
Хрватска е на клучна крстосница за структурни и фискални реформи, неопходни за одржлив економски раст и финансиска стабилност, нагласија експертите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). – Владата презеде правилни чекори со воведување данок на имот и зголемување на товарот за краткорочни изнајмувања, но би сакале да видиме промена на оданочувањето врз основа на пазарната вредност […]
Баланс+ – сојузник на лицата со дијабет во градењето на здрав и балансиран живот
Функционалниот јогурт Баланс+ ја продолжува својата мисија за промоција на здрав и балансиран начин на живот, насочувајќи ја својата поддршка кон лицата со дијабет. Преку брендот Баланс+, Бимилк обезбедува поддршка за едукација и подигнување на свесноста кај оваа група, во соработка со Здружението на лица со дијабет од Охрид. Целта на оваа иницијатива е лицата […]
Измени во органите за управување во Стопанска банка Скопје
Владимир Тренески се именува за Генерален директор за корпоративно банкарство и член на Управен одбор на Банката. На оваа функција Тренески е именуван со мандат од 1 година, се наведува во информацијата од Стопанска банка Скопје, која е доставена до Македонската берза.
ЗАБРЗУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ И СТАБИЛЕН БАНКАРСКИ СЕКТОР нотира Европската Комисија
Извештајот на Европската комисија за 2025 година истакнува дека реалниот БДП остварил забрзан раст во 2024 година. Растот е поттикнат од приватната потрошувачка, поддржана од растот на доходите на домаќинствата, како и од зголемените јавни инвестиции во инфраструктурни проекти. Банкарскиот сектор останал стабилен, поддржан од прудентно регулирање и континуиран раст на кредитите. Учеството на лошите […]
НБ: Во 2025 година економскиот раст 3,5 отсто, просечната стапка на инфлација 3,9 проценти
За 2025 година се очекува раст на економијата од 3,5 отсто, а просечната стапка на инфлација ќе изнесува 3,9 проценти, соопшти денеска Народната банка. Се оценува дека дефицитот на тековната сметка ќе биде 4,2 процента од БДП што е проширување на дефицитот во однос на претходната година. Во споредба со априлските проекции, се очекува умерено […]
Народната банка го задржува внимателниот пристап − каматните стапки остануваат непроменети
Одржани редовна седница на Извршниот одбор за монетарната политика и седница на Советот на Народната банка На 4 ноември 2025 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка. На седницата беа разгледани најновите податоци и информации за состојбите во домашната и светската економија, најновите случувања на меѓународните […]
ЦЕНТРАЛНИТЕ БАНКИ ВО СЕПТЕМВРИ ТРГУВАЛЕ СО НАЈМНОГУ ЗЛАТО, кои земји ги зголемија златните резерви?
Централните банки во светот во септември купија околу 39 тони злато, најмногу од почетокот на годината, покажаа податоците од здружението на рударските компании WGC. Во септември годинава централните банки ги зголемија купувањата на месечна основа за 79 проценти. Најактивен купувач во септември беше бразилската централна банка, која ги зголеми државните резерви за дури 15 тони […]
Финансиските кругови се загрижени по изборот на новиот градоначалник на Њујорк!
Изборот на демократскиот социјалист Зохран Мамдани за градоначалник на Њујорк, предизвикува тревога во финансиските кругови кои стравуваат дека новиот политички курс може да ја оштети конкурентноста и деловната привлечност на градот, еден од главните светски центри на капитализмот. Инвеститорите внимателно ги следеа победите на Демократската партија во другите држави, толкувајќи ги како знак дека партијата […]
Предложен нов список на лектири во основното образование, МОН повикува на јавна дискусија
Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието организираат јавна дискусија за нов предлог-лектирен список за основното образование и упатуваат покана до сите заинтересирани страни – наставници, стручни служби и други чинители во образованието – „активно да се вклучат во дефинирање современ, инклузивен и квалитетен лектирен список, кој ќе одговара на реалните […]