Девизните резерви во октомври зголемени за 120,5 милиони евра

Девизните резерви на крајот на октомври 2025 година изнесувале 4.843,2 милиона евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 120,5 милиони евра, соопшти Народната банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (71,1%), по што следуваат монетарното злато (15,9%) и валутите и депозитите (13%)

Акции со најголем раст и пад на Македонската берза минатата недела

Неделен извештај за периодот 03.11.2025 до 07.11.2025г. Минатата недела, во периодот од 03.11.2025 – 07.11.2025 година на Македонската берза на хартии од вредност вкупно на сите пазари (официјален и редовен пазар) беше остварен вкупен промет од 98,4 милиони денари или околу 1,6 милиони евра. Во однос на неделата пред оваа, ова е зголемување за 25,9 […]

Донесена е одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата

РС Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД инструментот на Европската унија донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата, информираат од Министерството за финансии. Ваквата Одлука следи по актуелните случувања со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. За ваквата одлука истиот ден е […]

Отворени денови на Институтот за македонски јазик

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“-Скопје ги организира 10. Отворени денови од денеска до 14 ноември. Свеченото отворање на манифестацијата ќе се одржи денеска со што воедно ќе биде одбележан и Светскиот ден на науката – 10 Ноември. Како што соопшти Институтот, оваа година на Отворените денови ќе бидат одбележани јубилејните 80 години македонска азбука […]

Онлајн анкета го потврдува присуството на евроскептицизам кај младите во Македонија

Мнозинството млади луѓе во земјава гледаат позитивно на ЕУ, но речиси половина не веруваат дека државата некогаш ќе стане членка на Унијата, што го потврдува растечкиот евроскептицизам кај младите во земјите кандидати за членство во блокот, се наведува во публикацијата „Справување со младинскиот евроскептицизам на Западниот Балкан: Случајот на Северна Македонија“. – Овој јаз помеѓу […]

Јаневска: Некогаш и сега, постои нешто заедничко во образовниот систем – магијата што ја создава наставникот

Во рамки на кампањата „Магијата е во знаењето“, Тетово беше домаќин на панел-дискусија „Каква магија се крие зад една петка – минатото и сегашноста во дуел“ За тоа како низ годините се менува образовниот систем и значењето на оценките се зборуваше на денешната трета панел-дискусија од националната кампања „Магијата е во знаењето“ на Министерството за […]

МОН: Науката е столб на општествениот развој, во 2026 буџетот за наука ќе изнесува 1,37 милијарди денари

Науката во Македонија се актуелизира не само како тема за дискусија, туку и како поле на делување. Ова го потврдува и последниот извештај на Европската комисија за напредокот на државата во областа на науката, а претставува резултат на ефективни национални политики и на значително зголемениот буџет за поддршка на научно – истражувачката дејност. Од 380 […]

Совети за безбедно користење четбот и за заштита на личните податоци

На својата страница, американската компанија „Опен-АИ“ (OpenAI) ги предупредува корисниците на „Чет-ГПТ“ да не споделуваат чувствителни и доверливи податоци. Истото им го препорачува и „Гугл“ (Google) на корисниците на неговиот четбот „Џемини“. Додека многу корисници на „Чет-ГПТ“ и другите четботови веќе бараат помош за сè – од совети за брак и претворање слики од нивните […]

Kонзервација и реставрација на Спомен-домот „Разловечко востание“ во Разловци

Националниот конзерваторски центар (НУ НКЦ) распиша тендер за избор на најповолен економски оператор за реализација на Основен проект за конзервација и реставрација на Спомен-домот „Разловечко востание“ во селото Разловци, Општина Делчево. Проектот, кој ќе се реализира во пет фази, опфаќа конзервација и реставрација на кровот, внатрешните и надворешните ѕидови, замена на дотраената столарија со нова […]

Доделена годишната Награда на најдобрите научници и уметник на УКИМ

Доделена е годишната Награда на најдобрите научници и уметник на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје за постигнати врвни резултати во 2024 година, соопштија попладнево од УКИМ. Добитници на Наградата за најдобри научници и уметник на УКИМ за 2024 година, се проф. д-р Јасмина Петреска Станоева, од Природно-математичкиот факултет, најдобар научник за природно-математички науки; […]