Wolt+ стартува и во Македонија: „Нула денари достава“ со месечна претплата
Wolt ја активира претплатничката услуга Wolt+ во Македонија, наменета за корисници кои нарачуваат храна, намирници и производи од локалните продавници присутни на платформата. Со Wolt+, сите нарачки од партнерите обележани со W+ во апликацијата се испорачуваат со нула денари надомест за достава. Месечната претплата изнесува 199 денари, со можност за годишен пакет по намалена цена, […]
ВО СЕПТЕМВРИ ВО МАКЕДОНИЈА ИМА НАМАЛЕН БРОЈ НА ДОМАШНИ И СТРАНСКИ ТУРИСТИ
Во септември годинава во земјава се евидентирани 132 999 туристи кои оствариле 262 686 ноќевања, соопшти Државниот завод за статистика. Од вкупниот број туристи, 24,6 % се домашни, а 75,4 % се странски. Од вкупно 262 686 ноќевања, 31,8 % ги оствариле домашните туристи, а 68,2 % странските. Во периодот јануари – септември 2025 година, […]
ВО СРБИЈА СЕ ГРАДИ САМО ВО БЕЛГРАД, во внатрешноста намалени градежни активности до 36 отсто
Вредноста на извршените градежни работи во третиот квартал во Србија се намали за 8,2 проценти по тековни цени во споредба со истиот период минатата година, што покажува реален пад кога ќе се исклучи влијанието на инфлацијата. Вредноста на работите на други згради исто така бележи намалување од 19,1 процент, додека кај зградите има раст од […]
Штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ ќе отвори Стартап центар
До крајот на годината ќе се отвори Стартап центар на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) – Штип со цел да се поттикнат младите да размислуваат за својата бизнис идеја и да започнат сопствен бизнис. Универзитетскиот професор, Дарко Лазаров на Економскиот факултет при УГД-Штип денеска изјави дека овој Центар ќе обединува неколку хабови и инкубатори на различни […]
Преполовени банкарски провизии и поевтини плаќања за граѓаните и економијата од 1 декември, одлука на Централната банка на Црна Гора
Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за намалување на провизиите што им се наплаќаат на банките за RTGS и DNS платните системи за дури 50%, што создава услови за крајните корисници граѓаните и компаниите, да плаќаат пониски трошоци во платните трансакции, објавија од Централната банка на Црна Гора. Одлуката стапува на […]
БУГАРСКИТЕ БАНКИ СЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ПРЕМИН ОД ЛЕВОВИ НА ЕВРА
Бугарските банки денес потврдија дека сите банкомати во земјата ќе издаваат евра од 1 јануари 2026 година, што официјално го означува почетокот на транзицијата на земјата кон заедничката европска валута. Никола Бакалов, член на Управниот одбор на Здружението на бугарски банки, изјави дека граѓаните ќе можат да подигаат евра директно од банкоматите од првото утро […]
„Најзелените примери од Западен Балкан“, фото-излкожба на EU4GREEN во Скопје
Во Јавна соба денеска ќе биде отворена фото-изложбата EU4Green „Најзелените примери од Западен Балкан“, посветена на заштитата на животната средина и спроведувањето на Зелената агенда за Западен Балкан. На изложбата ќе бидат претставени автентични фотографии создадени од аматерски фотографи од целиот регион, кои доловуваат инспиративни приказни за луѓе, иницијативи и предизвици што придонесуваат за позелена […]
Георгиев и Давков ја креираа ВИ платформата „Dexiverse“ во рамки на натпреварот „Средношколец милионер“
Во време кога вештачката интелигенција станува неизбежен дел од секојдневието, а дигиталните алатки се множат со невидена брзина, новата платформа Dexiverse се појавува како решение што му дава ред, насока и смисла на тој технолошки хаос. Средношколците Вања Георгиев и Јован Давков од ДСУ „Математичко-информатичка гимназија“ – Скопје, обединети под името Team Dexi, учествуваат во […]
Меѓународна конференција за образование во затворите: Затворската едукација има големи придобивки за поединецот и за општеството
Унапредувањето на образованието во казнено-поправните установи доведува до позитивни промени и надвор од нивните ѕидови. Затоа инвестирањето во овој вид образование е одржливо и има големи придобивки за поединецот, но и за целото општество, истакнаа денеска организаторите на меѓународната тренинг-конференција посветена на едукацијата на лицата во затворите „Трансформирање на животите преку образование во затворите – […]
Министерството за дигитална трансформација е предводник на процесот на усогласување со Реформската агенда
Министерството за дигитална трансформација е предводник на процесот на усогласување со Реформската агенда, нотирано и од Европскиот извештај, истакна министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на денешната панел-дискусија во Стопанската комора на тема „Планот за раст за Западен Балкан и националната Реформска агенда – зошто се важни за бизнис секторот?“. Во своето обраќање, министерот Андоновски, […]