„Вкуси ја хармонијата на билките“, почнува фестивалот на чај во Скопје

Со слоганот „Вкуси ја хармонијата на билките“, од денеска до недела во приземјето во Скопје Сити Мол ќе се одржи годишниот „Фестивал на чај“, кој нуди уникатно искуство за љубителите на чајот, природата и здравиот живот. Во трите фестивалски денови ќе учествуваат над 30 изложувачи со производи како чаеви, ароматични билки, есенцијални масла, природна козметика, […]

Од анализирани 19 случаи, кај 10 утврдено дека се непотребно извршени кардиохирушки операции или непотребно се упатени за операции

Од пристигнатите 25 случаи, Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции анализираше 19, од кои кај 10 случаи утврди дека се непотребно извршени операции или непотребно се упатени за операции, соопшти денеска на прес-конференција министерот за здравство Азир Алиу. Од доставените 25 случаи, комисијата утврди дека шест треба да се испратат до Државниот санитарен и […]

Прва трансплантација на рожница во нашата држава во јавното здравство

Извршена е прва трансплантација на рожница во нашата држава во јавното здравство. Се изведоа 9 операции за прв пат во државата како најсовремена трансплантациона метода. Ова е голем чекор за македонското здравство. Ова претставува исклучително значаен и долгоочекуван чекор напред за нашата држава, за здравството и пред се за пациентите кои имаат потреба од ваков […]

Скопјани повеќе нема да смеат да изнесуваат отпад од 22 до 6 часот

Советот на Град Скопје денеска ја усвои одлуката со која се воведува ноќна забрана за фрлање смет во контејнерите. Од 22 до 6 часот граѓаните повеќе нема да смеат да изнесуваат отпад, а прекршителите ќе плаќаат казна од 50 евра. Од градските власти велат дека оваа мерка ќе помогне контејнерите да се празнат поефикасно и […]

Божиновска на средба со висока делегација на Светска банка – соработка за стратешките енергетски проекти

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со висока делегација на Светска банка, предводена од г. Charles Cormier, Регионален директор за инфраструктура (транспорт и енергија), и г-ѓа Xiaoqing Yu, Директорка на Канцеларијата на Светска банка за Македонија. Средбата, информираат од Министерството за енергетика, беше посветена на стратешките енергетски приоритети, зелените […]

Истражување: Големите економии во развој подобро се справуваат со американските царини

Повеќето големи економии во развој, вклучувајќи ги Кина, Бразил и Индија, добро се справуваат со американските царини, според истражувањето на консултантската фирма „Verisk Maplecroft“. Фирмата ја анализирала отпорноста на 20 економии во развој на силни трговски осцилации и ненадејни геополитички промени врз основа на индикатори од јавен долг до зависност од приходите од извоз. „Повеќето […]

ТРОШОЦИТЕ ЗА ГЛОБАЛНИОТ УВОЗ НА ХРАНА СЕ ПОВИСОКИ ЗА ОСУМ ОТСТО, највисоки трошоци има во земјите со најниски приходи

Трошоците за увоз на храна се зголемија силно оваа година, а приближно една петтина од вкупниот износ е составен од средства за овошје и зеленчук, како што пресмета агенцијата за храна на ОН, ФАО. Во 2025 година, глобалните трошоци за увоз на храна ќе бидат речиси осум проценти повисоки од минатата година и ќе достигнат […]

ОГРОМЕН ПАД НА КИНЕСКИТЕ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО СРБИЈА

Нето-приливот на странски директни инвестиции (СДИ) во Србија за седум месеци од оваа година, според билтенот за јавни финансии на Министерството за финансии, изнесувал 1,258 милијарди евра, што е намалување од 55,3 проценти во споредба со истиот период лани. Во исто време, евидентиран е нето-одлив на портфолио инвестиции во износ од 450,5 милиони евра. СДИ […]

Градот Скопје со оддавање почит и признанија го слави 13 Ноември – Денот на ослободувањето

По повод 13 Ноември – Денот на ослободување на градот Скопје, делегација од Град Скопје, предводена од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ќе положи цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на великаните на градските гробишта, на гробот на генералот Михајло Апостолски и на споменикот на ослободителите на Скопје пред зградата на Владата. Традиционално, вечер на […]

Мицкоски: Подготвени сме да разговараме со Софија, но…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања во врска со конкретни чекори за решавање на проблемот со Бугарија, рече дека е подготвен да седне да разговара, но оти е познат ставот на Владата по тоа прашање, како и црвените линии. – Нашиот став е многу јасен, се знаат кои се црвените линии, ние сме […]