Од казни за непазарно однесување на трговците се наплатени 2,5 милиони евра
Цените на храната внимателно се следат и засега не се планираат мерки за да се спречи нивното евентуално зголемување, рече денеска заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески. Тој соопшти дека од досегашните казни за непазарно однесување на трговците, се наплатени 150 милиони денари или 2,5 милиони евра кои се слеани во државниот буџет. Одговорајќи […]
РАСТАТ ТЕНЗИИТЕ ВО ФЕД ПРЕД ДЕКЕМВРИСКИОТ СОСТАНОК, гувернерите поделени во три табора за одлуката за намалување на каматите
Отпорноста на инфлацијата, послабата видливост во економските податоци и продлабочените поделби во рамките на Федералните резерви ја доведоа монетарната политика на САД до пресвртна точка. Инвеститорите до неодамна речиси со сигурност сметаа на намалување на каматните стапки во декември, но сега исходот е сè понеизвесен, поради тоа што во рамките на ФЕД се формираат три […]
„Диџеј Ахмет“ на Унковски доби шест награди на три различни фестивали во еден викенд
Филмот „Диџеј Ахмет“, поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија, овој викенд постигна исклучителен меѓународен успех, освојувајќи шест престижни награди на три европски филмски фестивали во само два дена. -Од својата премиера, „Диџеј Ахмет“ постојано добива одличен прием кај публиката – гледачите по проекциите со ентузијазам споделуваат дека филмот ги изненадил, трогнал и воодушевил. […]
55.000 студенти ќе добијат по 15.300 денари за електронски уреди
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ги повика сите студенти во земјава да аплицираат на повикот за ваучер во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уред, -Денеска е објавен јавниот повик и ги повикувам сите студенти да аплицираат, мислам дека се 55 илјади на број. Тоа што го ветувавме тоа и го исполнуваме. Мислам дека […]
Кај младите има голем интерес за техничките науки, настан „Роботика – иновации кои го менуваат светот“
Промоција на иновациите, роботиката и технолошкиот развој предвидува настанот „Роботика – иновации кои го менуваат светот“ што беше отворен денеска во рамки на Глобалната недела на претприемништво 2025. Го организира Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво (ИНОВА), а учествуваат претприемачи, компании, институции и млади иноватори. -Македонија, посебно младите луѓе, имаат навистина добри бизнис идеи […]
Државниот архив на Македонија има нов директор
Новиот директор на Државниот архив на Македонија, м-р Димитар Богески денеска официјално ја презел функцијата од неговата претходничка Наташа Котлар-Трајкова. Од Државниот архив информираат дека за директорот Богески, оваа функција не претставува привилегија, туку обврска – со јасна цел работата на Архивот да биде транспарентна, отворена, отчетна и достапна за сите граѓани. Тој упатил благодарност […]
АХВ спроведе засилени контроли кај оператори со храна во близина на училишта, изречени 15 забрани за вршење дејност
Петнаесет забрани за вршење дејност изрече Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна во рамки на 445 инспекциски контроли кои ги спроведе во изминативе десеттина дена. Како небезбедни, АХВ заплени и нештетно уништи 696 килограми небезбедна и храна од непознати добавувачи. Акцент со контролите, како што велат од АХВ, бил ставен на […]
Од вторник дожд и силен ветер
Следува период на нестабилно време со појава на магла во утринските часови, најавува УХМР. Според прогнозата, од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, на места пообилни, над 30 литри на метар квадратен. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а долж Повардарието од југоисточен правец, над 60 километри […]
ЛОНДОН НАЈАВИ ГОЛЕМА РЕВИЗИЈА КОН БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ, според искуството на Данска
Велика Британија соопшти дека ќе започне најголемата ревизија на својата политика за баратели на азил во модерното време, користејќи го пристапот на Данска, еден од најстрогите во Европа и широко критикуван од групите за човекови права. Лабуристичката влада ја заострува својата политика за имиграција, особено во врска со нелегалните преминувања со мали чамци од Франција, […]
Унгарија ќе гласа против новите царини на ЕУ
Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто, изјави дека Унгарија ќе гласа против планираните царини на Европската Унија за увоз на феролегури. Унгарија се одлучила за овој чекор бидејќи верува дека овој потег ќе доведе до зголемување на цената на суровините што ги користат бројни европски индустриски сектори. Феролегури се металуршки легури на […]