ВАРДАР „ПОЛН“ СО ВОДА ПО ДВОДНЕВНИТЕ ВРНЕЖИ, пообилни дождови се очекуваат и за викендот

Утре и за време на викендот се очекуваат пообилни врнежи од дожд, односно да наврнат над 30 литри на метар квадратен за 24 часа, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи Во Скопје утрово ќе има услови за појава на магла. Потоа, во текот на денот времето ќе […]

КАКО ЌЕ СЕ ВКЛОПИ ОБНОВЕНАТА УНИВЕРЗАЛНА САЛА ВО ПРОЕКТОТ „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“!

Министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и за култура и туризам, Зоран Љутков и скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски денеска престојуваат во Брисел во рамки на институционалната презентација на „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“. Според најавите, предвидено е Муцунски, Љутков и Ѓорѓиевски попладнево да се сретнат со еврокомесарот за меѓугенерациска правичност, […]

Данска противник на македонската репрезентација во полуфиналето на плејофот за СП 2026

Во седиштето на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) во Цирих, денес беа извлечени двојките за плејофот за пласман на Мундијалот 2026. Македонската репрезентација за ривал во полуфиналето ја доби репрезентацијата на Данска. Во евентуално финале, нашата репрезентација ќе игра со победникот од дуелот Чешка – Република Ирска, повторно на гостински терен. Другите полуфинални двојки за европскиот […]

Со финалната уплата на 12 милиони евра заврши сопственичката консолидација на М-6 ДОО

Целосно е завршен процесот на промена на сопствеништвото во трговското друштво за инженеринг и услуги во прометот М-6 ДОО Скопје. По сопственичката промена, мнозински сопственик на М-6 ДОО е семејството Јаневски, а покрај нив, дел од сопственичката структура на компанијата остануваат и членови на семејството Ивановски. Со финалната уплата на 12 милиони евра се исполнети […]

МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ПОМАЛКУ ПАТУВААТ СО АВТОБУСИ во градски, меѓуградски и меѓународен превоз

Во третото тримесечје од 2025 година во автобускиот патен превоз вкупно се превезени 8,832 милиони патници што е намалување за 6,4 проценти во споредба со третото тримесечје од 2024 година. Според податоците од Државниот завод за статистика, бројот на превезените патници во градскиот автобуски превоз е намален за 4,6 отсто, во приградскиот превоз е намален […]

СТАНОВИТЕ НА ЦРНОГОРСКО ПРИМОРЈЕ СЕ ПРОДАВААТ ЗА ПОНИСКА ЦЕНА ЗА СТАН ВО СКОПЈЕ!

Просечната цена по квадратен метар стан во нова зграда во Црна Гора достигна 2.228 евра во третиот квартал од 2025 година, според најновите податоци на Монстат. Најскапи станови се на крајбрежјето, додека во северниот дел на Црна Гора цената за квадрат е под 1.600 евра. Според најновиот извештај на Монстат, просечната цена по квадратен метар […]

Добри деветмесечни резултати на Групација Триглав, планиран понатамошен профитабилен раст

Групација Триглав повторно ја потврдува подобрената прогноза за годишниот деловен резултат за 2025-та година Групација Триглав оствари солидни деловни резултати до крајот на септември и повторно ја потврди подобрената прогноза за годишниот деловен резултат во 2025-та година. Вкупниот деловен обем на Групација Триглав, порасна за 36% во однос на првите девет месеци од минатата година, […]

ЗАШТЕДИТЕ ВО СТРАНСКА ВАЛУТА НАЈЧЕСТА ИНВЕСТИЦИЈА НА ДОМАЌИНСТВАТА ВО ЦИЕ, финансиското богатство на домаќинствата по глава на жител се зголемило речиси 5 пати

Домаќинствата во Централна и Источна Европа претежно инвестираат во странски валути и депозити во банки, што укажува на можноста за инвестирање во инструменти на финансискиот пазар. Нискиот удел на домаќинствата во сопствеништвото на обврзници и акции на локалната самоуправа остава простор за зголемување на нивните инвестиции во овој вид средства. Ова се некои од наодите […]

„НИЧИЈА ЗЕМЈА“ НА МНТ ЈА ОСВОИ БУДИМПЕШТА И ПРЕДИЗВИКА ЕМОТИВНА ДИСКУСИЈА МЕЃУ АКТЕРИТЕ И ПУБЛИКАТА ВО УНГАРСКИОТ ТЕАТАР

Синоќа, на големата сцена во Националниот театар (Nemzeti Színház) во Будимпешта, Македонскиот народен театар ја одигра наградуваната претстава „Ничија земја“. Со неколкуминутен громогласен аплауз, публиката ги награди македонските актери, кои страсно и во еден здив ја одиграа претставата. Директорот на МНТ Никола Кимовски потпиша Договор за соработка со Атила Видњански, директорот на Националниот театар во […]

Отворен УАКС едукативниот форум: Образованието на иднината треба да е иновативно, интердисциплинарно, флексибилно и да создаде млади луѓе кои се предводници на промените

Денес во Скопје се одржува Едукативниот форум организиран од Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС), под мотото „Образование за иднината“. Едукативниот форум се организира по повод одбележувањето на 20-годишниот јубилеј на УАКС и претставува значаен настан каде водечки меѓународни и домашни професори и истражувачи, експерти, креатори на политики, партнери и студенти ќе дискутираат за најважните предизвици […]