РКЕ следната недела ќе ги утврди тарифите за пренос и дистрибуција на струја, нема да има поскапување
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) следната недела ќе донесе одлуки за тарифите за пренос и дистрибуција на електрична енергија, како и за цената на операторот на пазарот на електрична енергија. Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, увери дека овие одлуки нема да предизвикаат зголемување на цената на струјата за домаќинствата. -По носењето на овие одлуки, потенцирам […]
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СТОПАНСКА КОМОРА БРАНКО АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КАРПОШ СОТИР ЛУКРОВСКИ
Прва работна средба на претседателот на Стопанска комора Бранко Азески со новиот градоначалник на општина Карпош Сотир Лукровски, во просториите на општината. На средбата, ќе се разговара приоритетно за економските потенцијали на општината и улогата на бизнис секторот во развојот на оваа урбана скопска општина. Општина Карпош која има развиена соодветна сообраќајна патна инфраструктура, согласно […]
РАСТОТ НА ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО НАЈВИСОК КАЈ СНАБДУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА, најголем пад кај трајни производи за широка потрошувачка
Индустриското производство во октомври 2025 година е зголемено за 2,8 % во однос на октомври лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен бележи опаѓање од 0,2 %, во секторот Преработувачка индустрија има пораст од 0.4 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и […]
Парното греење поскапува од 1 декември
Од 1 декември цената на топлинската енергија за домаќинствата ќе се зголеми во просек од 5.9 проценти, соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бескимовски. За корисниците кои се снабдуваат преку најголемиот систем (ЕСМ Дистрибуција, ЕСМ Снабдување и ЕСМ Производство) поскапувањето изнесува во просек 5,9%, додека за потрошувачите на ЕСМ Енергетика зголемувањето е […]
ДОВОЛНО Е САМО ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА НАД 80 ОТСТО ОД СЛОБОДНИТЕ РАБОТНИТЕ МЕСТА ВО АЛБАНИЈА
Минатата година, за над 80 отсто од слободните работни места во Албанија, објавени од Националната агенција за вработување, се барало основно образование, објави албанското економско списание „Монитор“. Официјалните податоци, потврдуваат дека во периодот јануари-декември 2024 година, албанската Национална агенција за вработување објавила 61.624 слободни работни места, што е за еден процент повеќе отколку во истиот […]
Гувернерот Славески: Од СЕПА кон инстант иднина – побрзи, поевтини и посигурни плаќања за сите
Приклучувањето на земјава кон Единствената област за плаќање во евра – СЕПА претставува историски чекор кон модерна, безбедна и европски интегрирана платежна инфраструктура. Оваа трансформација веќе носи конкретни придобивки за граѓаните и за компаниите, а тоа се побрзи, поедноставни и значително поевтини трансакции во евра. Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во колумна за Билтенот […]
„Каде има корупција – нема доверба. Каде нема доверба – нема наплата. А каде нема наплата – нема држава“, изјави премиерот Христијан Мицкоски на одбележувањето на Денот на даночните работници
Без ефикасна и чесна даночна администрација нема ниту силна економија, ниту одржливи јавни финансии, ниту држава што може да планира стабилно и да инвестира во својата иднина, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во Клубот на пратеници на одбележувањето на Денот на даночните работници. – Денот на даночните работници не е само професионален празник. Тоа е […]
Месечно зголемување каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, соопштија од Народна банка
Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,13 п.п., при што во октомври таа изнесува 2,20%. Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,56 п.п. и изнесува 4,82%, соопштија од Народна банка Во октомври 2025 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,82% и е намалена на месечна […]
МФ: Граѓанска обврзница може да се запише во сите деловни банки во земјата
Граѓански обврзници од третата емисија, за која што Министерството за финансии го објави Проспектот може да се запишат во сите деловни банки во земјава. Граѓаните коишто сакаат да запишат обврзници и да учествуваат на аукцијата тоа може да го направат во филијалите на банките ширум земјата. Рокот за запишување на обврзници од оваа емисија е […]
Петрова: Нето наплатата на даноците и социјалните придонеси за 260 милиони евра повеќе отколку лани
Нето наплатата на даноците и социјалните придонеси, од почетокот на годината до крајот на октомври достигна 3 милијарди и 600 милиони евра, тоа е за околу 260 милиони евра повеќе отколку лани, изјави денеска директорката на УЈП, Елена Петрова, на одбележувањето на Денот на даночните работници, што се одржа во Клубот на пратеници. -Во првите […]