АМСМ: Повторно блокиран сообраќајот за сите видови на возила на граничниот премин „Евзони“, за влез и излез во Грција
Од 17:50 часот повторно е блокиран сообраќајот за сите видови на возила на граничниот премин „Евзони“, за влез и излез во Р.Грција, поради протест на земјоделци, информираат од АМСМ. Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. […]
Светската економија ќе порасне за 3,2 проценти, нова прогноза на ОЕЦД
Светската економија се покажа изненадувачки отпорна и покрај трговските војни на американскиот претседател Доналд Трамп, објави денес Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), зголемувајќи ги своите прогнози за глобалниот и американскиот економски раст за оваа година. ОЕЦД, составена од 38 земји, сега прогнозира дека светската економија ќе порасне за 3,2 проценти оваа година, нешто […]
Протести и судири со полицијата во Софија поради предлог буџетот за 2026
Илјадници луѓе синоќа се собраа во Софија и во неколку други градови протестирајќи против буџетскиот план за 2026 година, првиот изготвен во евра пред земјата-членка на Европската унија да ја усвои заедничката валута на 1 јануари. Според бугарските медиуми, организатори на протестот биле од „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ), а причината била одбивањето […]
Инфлацијата во ЕУ падна на 2,5 проценти – Романија e рекордер
Инфлацијата во Еврозоната во октомври на годишно ниво падна на 2,1 процент, од 2,2 проценти во септември, додека на ниво на Европската Унија е 2,5 проценти, објави Евростат. Идентично намалување во споредба со септември од 0,1 процент е забележано и на ниво на Европската Унија, објавува Индекс. Најниски стапки на инфлација во октомври беа во […]
(ВИДЕО) Потврден квалитетот и безбедноста на македонското злато во Трезорот на Банката на Англија
Во рамките на официјалната посета на Банката на Англија, гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески и неговиот тим имаа исклучителна можност за работна посета на Трезорот на Банката на Англија, каде што се чуваат златните резерви на Република Северна Македонија. Притоа, беше извршен увид во златото и условите во кои се чува во Трезорот […]
Со НЛБ Visa освојте го новиот Opel Frontera Hybrid
Овој празничен период, секоја трансакција со НЛБ Visa картичките ве приближува до остварување на вашите соништа. Во духот на празничната радост и магичните моменти, еден корисник на НЛБ Visa картичките ќе стане среќниот добитник на новиот Opel Frontera Hybrid и ќе ја започне годината возејќи го својот сон. НЛБ Банка ја започнува големата наградна игра […]
Исплатена е седма транша за поттикнување на инвестициите во приватниот сектор
Министерството за финансии (МФ) изврши исплата од 785 милиони денари кон Развојната банка за поддршка на домашните компании. Станува збор за седма транша којашто се префрла од централниот буџет кон Развојната банка, од средствата наменети за поттикнување инвестициски циклус во приватниот сектор од околу 300 милиони евра. – Со оваа транша износот којшто државата го […]
Словенците чуваат повеќе од 3 милијарди евра во странство
Според прелиминарните податоци од Финансиската администрација на Република Словенија, словенечките граѓани минатата година имале дури 456.960 отворени банкарски сметки во странство, што е мало зголемување во споредба со претходната година. Речиси 90% од тие сметки се наоѓаат во само пет земји. Словенците чуваат најмногу средства или 28,5% од вкупниот износ на сметки во Австрија, по […]
Наградите „Ацо Караманов“ за поетите Тихомир Јанчовски и Роза Бујанова
Книжевната награда „Караманов 2025“ за најдобар необјавен поетски ракопис од македонски автори и автори коишто пишуваат на македонски јазик ја доби поетскиот ракопис со наслов „Камен во водата“ од поетот Тихомир Јанчовски, а интернационалната истоимена награда и е доделена на бугарската поетеса Роза Бојанова за нејзината книга „Калемење на рајското јаболко“, соопштија од Центарот за […]
Камерите регистрираа 110.000 сообраќајни прекршоци
Системот „Безбеден град“, кој од вчера почна да функционира во Скопје, регистрира 110.000 сообраќани прекршоци, од кои околу 1.000 возила без регистрација, а околу 5.000 поминале на црвено. Без разлика каков прекршок е регистриран, во 90 отсто од нив забележана е брзина поголема од дозволената. Како што рече министерот за внатрени работи Панче Тошковски, системот […]