МЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНИТЕ СО ПЕТТА БРЗИНА
Трчањето во круг, во обид за целосна примена на постојано нови прописи и нивни измени и дополнувања, а богами и укинувања, е редовна „македонска бизнис дисциплина“?Сепак, ефектите се поразувачки, а се чувствува и замор на „материјалот“. Чашата е прелеана со последното „цунами“ од стотици нови законски измени заради усогласување со новиот Закон за прекршоци и […]
ТРИ ЧЕКОРИ ЗА ПОДОБРО ЕКСТЕРНО ТЕСТИРАЊЕ
Нема никаква смисла да се објаснува колку е важно квалитетното образование за иднината на секоја земја. Тоа на сите ни е јасно. Реформите во овој сегмент на општеството имаат долгорочни ефекти, позитивни или помалку позитивни, и затоа мора да се биде многу внимателен кај секоја образовна реформа. Почетокот на септември го означи и почетокот на […]
СКОПСКО VS ЗЛАТЕН ДАБ
Од комуникациски аспект, летата во Македонија се прилично здодевни. Фактот што потрошувачите се десеткуваат поради летните одмори ги наведува компаниите своите најсилни промотивни адути да ги чуваат за есенската потрошувачка еуфорија. Рекламниот пазар го зафаќа туристичка треска која е претворена во панаѓурска промоција каде што евтиното се глорифицира како највисок дострел на комуникациските алатки. И […]
ИМИГРАНТИТЕ И ПОГРЕШНИТЕ ГЛЕДИШТА ЗА НЕДОСТАТОКОТ ОД РАБОТНА СИЛА
Европската крајна десница е очигледно емотивна за прашањето за имиграцијата и според нејзините поддржувачи за прашањето за поврзаноста на неконтролираната имиграција со криминалот и невработеноста. Логиката во најдобар случај е опасна и лошо прикриена параноидна ксенофобија. Но, Ле Пен и сличните од тој тип, од Корушка до Копенхаген, успеаја на европската главна агенда да вметнат […]
ДАЛИ ИМА СМИСЛА ЕКОНОМСКО ПОВРЗУВАЊЕ НА ЗАПАДНИОТ БАЛКАН?
Што ќе биде со Грција? На крајот на јуни, во Рига, лидерите на Западниот Балкан направија чекор повеќе за приклучување на регионот кон главните европски коридори, а од новиот самит во Виена, на 23 август, се очекува продолжение на берлинската иницијатива и нов потстрек за побрза интеграција на земјите од регионот во ЕУ. За лидерите […]
НУДИМЕ ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТИ СО КАМАТНА СТАПКА НУЛА

Веќе подолг временски период банкарскиот бизнис во светот поминува низ сериозна турбуленција. Најнова е грчката должничка криза. Каква е Вашата оценка за оваа криза и за ефектите за тамошниот банкарски систем? Д. Арсовски: Изминативе 8-9 години сведоци сме на многу интересни случувања што се поврзани со појавата на светската економска криза од 2007 година наваму. […]
СИСТЕМСКИ ГРЕШКИ
Понекогаш е убаво човек да се оттргне од забревтаното секојдневје и да размисли за големата слика. Зошто Република Македонија не е напредна транзициска економија? Кои беа системските грешки во економската стратегија во изминативе 24 години? Повеќето од нив со различен интензитет се провлекуваат низ мандатите на досегашните влади. Тие го намалуваат искористувањето и го попречуваат […]
КЛУЧНИТЕ ТРЕНДОВИ ВО МАКЕДОНСКИОТ КОРПОРАТИВЕН СЕКТОР
Ова лето изобилува со низа економски и финансиски случувања на глобален план, почнувајќи од повторното актуализирање на фискалната криза кај нашиот јужен сосед, па преку забавувањето на кинеската економија, падот на цените на нафтата и на суровините на светските берзи, па до сè поизвесното монетарно затегнување од страна на Федералните резерви на САД. Меѓутоа, како […]
ЛОГИКАТА НА КАЗНИТЕ
Казните отсекогаш биле предмет на вжештена јавна дебата, секаде во светот. За мене отсекогаш бил многу илустративен примерот на Сингапур со гумите за џвакање. Во јануари 1992 година таму е воведена забрана за продажба и користење гуми за џвакање. Секое прекршување на прописот е казнувано со казна од 500 до 1.000 американски долари, со тоа […]
НОВ ЗАОБЛЕН 35-ИНЧЕН МОНИТОР ОД КОМПАНИЈАТА BENQ
Компанијата BenQ наскоро ќе го пушти во продажба новиот монитор наменет за играње компјутерски игри. Станува збор за моделот XR3501 што, меѓу другото, е заоблен и е со големина од 35 инчи. Мониторот ќе биде со резолуција од 2560 х 1080 пиксела придружена со однос 21:9. Ќе работи со брзина од 144 Hz, додека брзината […]