ГРЧКОТО ПРИСТАНИШТЕ ПИРЕЈА И ФОРМАЛНО НА КИНЕСКИ КОСКО

Грција и формално го потпиша договорот вреден 368,5 милиони евра со кој на кинеската компанија „Коско шипинг компани“ ѝ продаде удел од 67 % од најголемото грчко пристаниште „Пиреја“. Во присуство на премиерот Алексис Ципрас, договорот од грчка страна го потпиша претседателот на Грчкиот развоен деловен фонд, Стегиос Пициорлас, додека од кинеска страна договорот го […]

ЕКОНОМСКО ЗАБАВУВАЊЕ ВО ВТОРАТА ПОЛОВИНА ОД 2016 ГОДИНА?

Водечкиот композитен индекс ја прогнозира економската активност во Република Македонија врз основа на комбинирање индикатори за кои се смета дека ѝ претходат на економската активност со време на прогнозирање од околу шест месеци нанапред. Некои индикатори што ги комбинира овој индекс се: број на невработени кои се регистрираат за паричен надоместок, издадени одобренија за градба, […]

НАЈРАЗВИЕНИТЕ ЕВРОПСКИ ДРЖАВИ САКААТ СОЗДАВАЊЕ ЦРНА ЛИСТА НА ДАНОЧНИ РАЕВИ

Министрите за финансии на Франција, на Германија, на Италија, на Шпанија и на Обединетото Кралство претставија план за развој на стандард за автоматска размена на корисни информации за сопственоста, соопшти Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Всушност, тоа претставува „црна листа на даночните раеви“, а во предлогот, освен тоа, се предвидуваат санкции за земјите […]

НАРОДНА БАНКА ЈА ЗГОЛЕМИ ОСНОВНАТА КАМАТНА СТАПКА ОД 3,25% НА 4%

Во своето денешно соопштение Народна банка на Република Македонија (НБРМ) соопштува дека на редовната седница на нејзиниот Комитет за оперативна монетарна политика на НБРМ, одржана на 3 мај 2016 година, е одлучено каматната стапка на благајничките записи, како основна каматна стапка, да биде зголемена за 0,75 процентни поени, од 3,25% на 4%. Одлуката за затегнување […]

МЕМОРАНДУМ ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА

Меѓународната конференција, организирана од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата на Република Србија, посветена на политиката на заштита на конкуренцијата, на која присуствуваа и претставници од Комисијата за заштита на конкуренцијата на Република Македонија, беше искористена за двете комисии да потпишат Меморандум за меѓусебно разбирање и соработка во областа на заштитата на конкуренцијата. Меморандумот […]

КИНЕСКИ ХЕСТИЛ ЈА КУПИ СРПСКАТА ЖЕЛЕЗАРА СМЕДЕРЕВО

Договорот за продажба го потпишаа српскиот министер за економија Жељко Сертиќ и претседателот на „Хестил“ Ју Јонг. На потпишувањето на договорот присуствувале и српскиот премиер Александар Вучиќ, претставници од дипломатскиот кор и многу угледни личности од јавниот сектор на Србија. „Хестил“ единствен дал понуда за купување на имотот на „Железара“ по цена од 46 милиони […]

ДОДЕЛЕНИ ПРВИТЕ КРЕДИТИ ОД НОВАТА РАЗВОЈНА БАНКА БРИКС

Новата развојна банка БРИКС го одобри првиот пакет кредити, во вредност од 811 милиони долари, за четири проекти во Бразил, во Кина, во Јужноафриканската Република и во Индија. Проектите во овие земји се однесуваат на развојот на обновливите извори на енергија. Одлуката за одобрување на првиот пакет кредити, кои ќе бидат исплатени во транши, ја […]

НАЈГОЛЕМИТЕ 50 СОКРИЛЕ 1 400 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ВО СТРАНСКИТЕ ДАНОЧНИ ОАЗИ

Американските корпоративни гиганти како „Епл“, „Џенерал електрик“ и многу други сокриле повеќе од 1 400 милијарди долари во странските даночни оази – тврди американската непрофитабилна организација „Оксфам“. Организацијата се насочува кон огромната добивка која најголемите американски компании ја држат во странство. Според најновиот Извештај на американскиот разгранок на меѓународната хуманитарна организација „Оксфам“, педесет водечки американски […]

ВИНАТА НА ТИКВЕШ СО ОЦЕНКИ МНОГУ ДОБРИ И ИЗВОНРЕДНИ

Во најновото издание на специјализираното списание „Вајн адвокат“ (Wine advocate), најпознатиот светски вински критичар и една од највлијателните личности во светот на виното воопшто, Роберт Паркер, објави оценки за црвените вина „Бела вода“ и „Барово“ од бербата во 2013 година, како и за белите верзии на овие вина од бербата во 2014 година. За првпат […]

ВО ДЕЛЧЕВСКО ЗАПОЧНАА ГЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА ЗА ЈАГЛЕН

Како што информираат од АД ЕЛЕМ, истражувањата ќе траат 6 месеци, а изведувачот на работите е „Градежен институт Македонија“ (ГИМ) . Врз база на теренските детални истражувања, изведувачот во рок од три месеци ќе има обврска да изработи геолошки елаборати кои понатаму ќе послужат за изработка на физибилити студија која треба да понуди прецизни параметри […]