ВО МАВРОВО СМЕ СВЕДОЦИ НА ИСУШУВАЊЕ НА ШУМСКИ ЗАЕДНИЦИ ОД ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ

Во Македонија забележуваме обилни водни текови во високопланинските предели, особено во националните паркови како заштитени подрачја. Иако овие текови се од витално значење за екосистемот и за опстанокот на живиот свет, тие исто така се перципираат и како извор за производство на електрична енергија.Националниот парк „Маврово“ се карактеризира со обилни водни текови и присуство на […]

ИНВЕСТИЦИСКИ ПРОЕКТИ СО ФИНАНСИРАЊЕ ОД ИПА 1 И ИПА 2 ВО СФЕРАТА НА ИНФРАСТРУКТУРИТЕ

На крајот на јануари 2016 година, Македонија го усвои Законот за тарификација на услугите поврзани со дистрибуцијата на вода. Од друга страна, пак, постепено започна институционална соработка меѓу Министерството за животна средина и неколку агенции за вода во Македонија со цел да се засилат капацитетите на агенциите за вода. Ова е особено во областа на […]

ХЕЦ КОЗЈАК – ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА И НАМАЛУВАЊЕ НА ШТЕТИТЕ ОД ПОПЛАВИ

Водните сили на Треска одамна го привлекувале вниманието на техничката интелигенција и на стопанствениците. Општа студија за искористување на водите на Треска на излезот од кањонот близу до Скопје е изработена во 1930 година, а до реализација на проектот за браната и за хидроцентралата „Матка“ дошло во периодот од 1935 до 1938 година од академик […]

ВО МОМЕНТОВ НАЈГОЛЕМ ПОТРОШУВАЧ НА ВОДА Е СЕКТОРОТ ЗА НАВОДНУВАЊЕ

Според хидрогеографските услови во Република Македонија има четири речни сливови и три големи природни езера, од кои најголем дел се формираат преку врнежи. Земјава не е богата со површински води (околу 3 000 m3/жител) и тие најмногу зависат од врнежите. Поради морфолошката, хидрогеолошката и хидрогеографската структура на релјефот, водата од врнежи и од стопен мраз […]

Колку е важна водата што ја пиеме за нашето здравје?

Човечкото тело во најголем процент се состои од вода, а тој варира во зависност од возраста. Секое живо суштество има потреба од вода за да функционира правилно, таа е незaменлива основа на сите телесни течности. Телото има потреба од вода за речиси сите свои функции, за да ја ресорбира храната и да го елиминира отпадот, […]

ГЕРМАНИЈА ПОЧНА ДА НАПЛАЌА КОГА ПОЗАЈМУВА ПАРИ

Изминатиов месец, токму пред гласањето за „Брегзит“ во Обединетото Кралство, за првпат во историјата каматната стапка на 10-годишните државни обврзници на Германија падна под нулата. Несигурноста од евентуалните успешни резултати од гласањето за „Брегзит“ (нешто што сега веќе знаеме дека се оствари) ги натера инвеститорите панично да ги селат своите средства во таканаречени „рајски“ хартии […]

ИРАН ГИ ОБНОВУВА ИСПОРАКИТЕ НА НАФТА НА ЕВРОПСКИТЕ ПАЗАРИ

Иран потпиша договори за испорака на нафта со компании од Италија, од Шпанија и од Грција, изјави шефот на Меѓународниот оддел на Иранската национална нафтена компанија „Мосен Гамсари“. Договори се склучени со италијанските компании „Сарас“ и „Иплом“, шпанската „Репсол“ и со грчката „Хеленик петролеум“. Тој истакна дека продолжуваат преговорите со други компании како „Шел“, „Витол“, […]

ШЕСТ ДУПКИ НА КАИШОТ

Веќе одамна Македонија стана земја во која за секоја тема веднаш започнува да се бара политичка заднина. Последниот таков случај е соопштението од Канцеларијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Македонија според кое Патрик Житон, шефот на Канцеларијата на ММФ во нашава земја или т. н. тукашен резидентен претставник на ММФ, ќе ја напушти Македонија […]

ЗА ОБРАЗОВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО РМ – Николас Кфури, експерт за процесот на меѓународно стратешко планирање

Јас сум апсолутно убеден дека Македонија би требала да се натпреварува во економијата на знаење, каде што т.н. „економија од обем“ не е толку релевантна. За да се случи тоа, Македонија треба многу да инвестира во развојот на своите луѓе, нудејќи им образовни институции со висока вредност. Почетокот на натпреварувањето во таа арена е преку […]

ЗА КУРСОТ НА ДЕНАРОТ – Димитар Богов, Гувернер на Народна банка на Република Македонија

Стабилниот девизен курс на денарот во однос на еврото добро ѝ служи на македонската економија веќе 19 години и нема никаква причина тоа да се менува. Впрочем, и теоријата и праксата покажале дека мала отворена економија не може да води целосно независна монетарна политика и добро е да ја увезува стабилноста од некоја голема валутна […]