ЕП БАРА АВТОМАТИЗАМ ВО РАЗМЕНАТА НА ИНФОРМАЦИИ ПРОТИВ ДАНОЧНОТО ЗАТАЈУВАЊЕ

По повеќето откриени афери и скандали за даночно затајување, вклучувајќи ги и последните од Панама пајперс, Европскиот парламент го поддржа предлогот на Комисијата и даде зелено светло, со 590 гласови „за“, 32 гласа „против“ и 64 „воздржани“, за даночните власти во ЕУ автоматски да споделуваат информации за носителите на банкарските сметки. Новите одредби ќе ги […]

ПРИХОДИТЕ ОД ДРОГА ВО АЛБАНИЈА ДОСТИГНУВААТ 2,6 % ОД БДП

Во последниот извештај на Европската комисија за напредокот на Албанија се проценува дека приходите од нелегалната трговија и производство на дрога во земјата достигнуваат ниво од 2,6 % од албанскиот бруто домашен производ (БДП). Според извештајот на ЕК, парите заработени од шверцот со наркотици претставуваат значаен дел во албанската економија и во споредба со развиените […]

ШВЕДСКА ГИ УКИНУВА ДАНОЦИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА

Шведска е во завршни фази од процесот да ги укине даноците за производство на соларна енергија во 2017 година. Тоа претставува дел од стратегијата со која државата планира целосно да премине на потрошувачка на енергија од обновливи извори до 2040 година. Соларните капацитети преку фотоволтаици на Шведска претставуваат помалку од 0,1 отсто од производството на […]

ОТКРИЕНИ НАЈГОЛЕМИТЕ РЕЗЕРВИ НА НАФТА ВО САД

Американскиот геолошки институт (УСГС) соопшти дека негови тимови откриле едни од најголемите резерви на нафта во Тексас. Во соопштението е наведено дека на подрачјето на басенот Мидленд, од таканаречената ареа Волфкамп шеил, на западот на Тексас, има околу 20 милијарди барели нафта, преку 450 илјади милијарди кубни метри гас, како и 1,6 милијарди барели течен […]

НОВ ЗЕЛАНД Е НАЈСРЕЌНА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ

Институтот Легатум (Legatum) од Лондон го објави својот јубилеен, 10 глобален индекс на просперитет кој ја претставува листата на најпросперитетни земји во светот. Освен традиционалните фактори како што е БДП по жител или вкупен број на вработени, во својата формула институтот вметнува и фактори како што е вкупниот број на интернет-провајдери и количината на дневниот […]

ЕВН МАКЕДОНИЈА ПРВОНАГРАДЕНА ЗА ПРОЕКТОТ ПОТТИКНУВАЊЕ НА ЧИТАЧКИТЕ НАВИКИ

Проектот за поттикнување на читачките навики на ЕВН Македонија ја доби првата награда за општествено најодговорна практика за 2015 година во категоријата вложување во заедницата. Проектот започна со реализација во декември 2014 година и се реализираше во текот на целата 2015 година. Идејата се роди од потребата за промоција на новата услуга на ЕВН – […]

СЕ ОТСТРАНУВААТ ПРЕЧКИТЕ НА ТРАСАТА НА ТУРСКИ ПОТОК

Закон за ратификација на договорот со Русија за проектот за изградба на гасоводот Турски поток беше усвоен минатиот месец во Парламентот на Турција, со што се откочи можноста за изградба на овој проект. Договор за реализација на Туски поток беше потпишан на почетокот на октомври во Истанбул и според документот по дното на Црното Море […]

УСАИД ЍМ ПОМОГНА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРОИЗВОДНИ КОМПАНИИ ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ КОНКУРЕНТНОСТА ПРЕКУ НАМАЛУВАЊЕ НА СОПСТВЕНИТЕ ТРОШОЦИ ЗА ЕНЕРГИЈА

Денес, 20 декември 2016 година, Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) го означи успешното завршување на својот четиригодишен Проект за индустриски менаџмент (ПИМ). Директорот на Мисијата на УСАИД во Македонија, Џејмс Стајн, истакна: „Скоро 25 години УСАИД соработува со македонските организации за унапредување на одржлив социо-економски развој. Стимулирајќи го развојот, создавaјќи нови вработувања и служејќи […]

ЗА ИЗБОРИТЕ И ЗА ИДНИНАТА

Овој број на „Економија и бизнис“ отиде во печатница утрото на 12 декември, денот после предвремените избори. Но, овој текст, како и сѐ друго во овој број, е пишуван и подготвен за печатење пред изборите. Таков е случајот и со прашањето што им го поставивме на редица релевантни луѓе за нивните очекувања за 2017 година […]

ВО ПРОДАЖБА НОВИОТ БРОЈ (декември 2016 / јануари 2017)

СОДРЖИНА Зоран Јовановски ЗА ИЗБОРИТЕ И ЗА ИДНИНАТА…………..14 Томи Ахонен СЛЕДНАТА ДЕЦЕНИЈА Е ЗЛАТНОТО ДОБА НА МОБИЛНАТА ТЕЛЕФОНИЈА……………16 Ана Митреска Султанија Бојчева – Терзијан НОЕМВРИСКИ МАКРОЕКОНОМСКИ ПРОЕКЦИИ НА НАРОДНАТА БАНКА……………31 Горан Петревски ФИСКАЛНАТА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА И ФИСКАЛНАТА ДИСЦИПЛИНА……………36 Игор Давков НЕТО ДОЛЖНИК……………40 Павле Гацов ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОЛИТИКИТЕ СО ДАНОЦИТЕ И ДАНОЧНИТЕ ЕКСПЕРТИ……………44 Јован Пехчевски ЕКСПОНЕНЦИЈАЛНИ ОРГАНИЗАЦИИ……………46 […]