Никица Мојсоска Блажески: ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА РАСХОДИТЕ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ, ЖЕЛБА ЗА 2017 ГОДИНА

Силно верувам дека во 2017 година Република Македонија ќе се врати на тронот на најголем економски реформатор во регионот. Економијата повторно ќе го заземе приматот над политиката, а новата Влада ќе треба веднаш да се зафати со голема работа. Економската политика (судејќи по економските програми) ќе биде базирана на поттикнување на нов, иновативен сектор (иако, […]

ИСКЛУЧИТЕЛНО ДОБРА МОЖНОСТ ЗА ИЗВРШНИ ДИРЕКТОРИ И МЕНАЏЕРИ

Невладината организација Македонија2025 потпиша ексклузивен договор со “Kellogg School of Management (KSM)” со цел да обезбеди стипендии за глобално познатата програма на Келог за развој на извршни директори, под името “Zafirovski Executive Education Program Scholarships.” Отворениот повик за апликации се затвора на 1ви февруари, а деталите за програмата и начинот на аплицирање може да ги […]

Иван Штериев: СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА ПОЗИТИВНИОТ ТРЕНД НА МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА ЌЕ ПРОДОЛЖИ

Во 2017 година ќе се испреплетуваат силни влијанија на многу различни економски и неекономски фактори. Не може да се побегне од впечатокот дека за македонската економија суштествено влијание ќе има евентуалната разрешница на долгата политичката криза по декемвриските избори. Стабилизацијата на состојбите на овој план ќе има мултиплицирано позитивно влијание, особено кај приватниот сектор и […]

Елизабета Чингаровска: ПРИМАРНИОТ ПАЗАР ДА СЕ КОРИСТИ ОД СТРАНА НА КОМПАНИИТЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ СВЕЖ КАПИТАЛ ЗАШТО ТРОШОЦИТЕ ЗА ЕМИСИИ СЕ РЕАЛНО НИСКИ

Разрешувањето на политичката криза, прогнозите на Народната банка на РМ за економскиот раст и особено имајќи ги предвид финансиските резултати на компаниите заклучно со септември кога поголем број од нив имаат остварено зголемени приходи и добивки, во 2017 година очекувам стабилизирање и натамошен раст на Главниот индекс на Македонската берза, кој пак ќе доведе и […]

Николче Петкоски: РАСТОТ НА КРЕДИТИРАЊЕТО ВО 2017 ГОДИНА ЌЕ БИДЕ ФАКТОР НА ПОДДРШКА НА РАСТОТ НА ПРИВАТНАТА ПОТРОШУВАЧКА И НА ИНВЕСТИЦИИТЕ

Изминува уште една неизвесна година. Клучни ризици и натаму се неповолниот надворешен амбиент и неизвесноста во земјава поради актуелната политичка криза. Бевме сведоци на намалени инвестиции, како јавни така и приватни, општиот амбиент не беше соодветен, влијаеше на довербата. Инвестициите имаат пораст, но не како што се очекуваше и како што имат потенцијал. Централната банка […]

Сашо Наумоски: ОЧЕКУВАМ, КОНЕЧНО, СИСТЕМСКИ ПРОМЕНИ ЗА СООДВЕТНА ЗАШТИТА НА ДОМАШНИТЕ ПРОИЗВОДИ ВО ОДНОС НА УВОЗНИТЕ

Пред македонската економија претстојат многу предизвици за следнава година, кои се одраз на нестабилната политичка ситуација во изминативе две години. Токму затоа очекувам дека конечно ќе се стави крај на неизвесноста. Како резултат на тоа ќе следува поголема соработка со државата за полесен пробив на македонските компании на странски пазари, воспоставување доверба и соработка со […]

Неби Хоџа: СЕКОЈА ВЛАДА КОЈЕ ЌЕ Нѐ ВОДИ ВО НАРЕДНИОТ МАНДАТ ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РЕАЛЕН, ОДРЖЛИВ И ДОЛГОТРАЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

Како 2016 година, и следнава година за Македонија ќе биде многу тешка со големи предизвици, ќе имаме нова влада, потоа локални избори, потоа деловно опкружување во светски рамки, така што не се гледа дека 2017 година ќе биде многу добра од економски аспект. Ако се земат предвид сите околности, економските показатели нема да бидат многу […]

СТРУГА

Кон крајот на 1670 година Евлија Челебија, славниот патеписец на Отоманската Империја, ќе пропатува низ Македонија и ќе остави бесценета трага во историјата на народите кои живееле на оваа територија. Пластичниот речник ги оживува сите фантазии за минатото и секогаш е вредно пред да се опише некое место да се направи кратка потрага по сведоштвата […]

Глигор Бишев: ОЧЕКУВАМ МИНИМАЛНО ПОТРЕБНИОТ КАПИТАЛ ЗА БАНКИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ДА ИЗНЕСУВА ОД 14 ДО 16 %, НАСПРОТИ СЕГАШНИТЕ 12 %

Очекувам на економски план светската економија во 2017 година да биде обележана со следниве три настани: започнување на циклусот на раст на каматните стапки, пред сѐ, во САД; продолжување на реструктурирањето на банкарскиот сектор во еврозоната и забрзување на економскиот раст; јакнење на важноста на припадноста во одредени економски блокови. Во согласност со овие светски […]

ТРАМП, ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА И ПОБУНЕТАТА СРЕДНА КЛАСА

Изборот на Доналд Трамп за 45. претседател на САД беше шок за политичкиот систем. Глобализацијата доведе до побунета средна класа во Обединетото Кралство (Брегзит), но ист беше случајот и со граѓаните на САД кои го избраа Трамп за иден претседател. Обичните луѓе со просечен доход ја плаќаат најголемата цена од кризата. Според Трамп нивните работни […]