Се избира директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност
Управниот одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност отпочна постапка за избор на директор на институцијата. Во објавениот оглас, кој го споделува Министерството за образование и наука, наведени се условите што треба да ги исполнуваат кандидатите и критериумите за аплицирање, потребните документи, начинот на пријавување. Рокот за поднесување на апликациите е најдоцна […]
Димитриеска-Кочоска: Македонија е на третo место по раст на БДП
Согласно податоците на Државниот завод за статистика, реалниот раст на Бруто-домашниот производ (БДП) во третиот квартал од 2025 година изнесува 3,8 отсто. Ова претставува дополнително забрзување на економската активност, по растот од 2,9 отсто во првиот и 3,5 отсто во вториот квартал годинава. Притоа, растот од 3,8 отсто е еден од највисоките во последните неколку […]
Градење модерна, стабилна и одговорна централна банка подготвена за економските и технолошките предизвици, усвоена Програмата на Народна банка за работа за 2026 година
Советот на Народната банка, на 5 декември 2025 година, ја усвои Програмата за работа за 2026 година, со којашто се утврдија клучните активности за спроведување на законските надлежности и стратегиските области дефинирани со Стратегискиот план 2025 – 2027 година. Во 2026 година ќе се спроведат 179 програмски активности, од кои 113 се редовни, а останатите […]
Во Бугарија највисоката основица за пресметка на придонеси ќе се зголеми на 2.300 евра, постигнат договор за Буџетот за 2026 година
Работодавачите, синдикатите и Владата постигнаа консензус за најспорните параметри во предлог-Буџетот за 2026 година, најави денеска на брифинг бугарската министерка за финансии, Теменушка Петкова. Од параметрите што таа ги наведе, јасно е дека компромисот е постигнат врз основа на едноставна сметководствена логика – средствата што државата планираше да ги собере од зголемување на осигурителните придонеси […]
Откриено најголемото наоѓалиште на диносауруси во светот
„Во националниот парк Торторо во Боливија, меѓу пространство од стари карпи, откриено е најголемото наоѓалиште на траги од диносауруси. На источната падина на Андите, палеонтолозите на наоѓалиштето Карерас Пампа изброиле речиси 18.000 различни траги од диносаурусите“, објави „Сајенс алерт“. Наоѓалиштето вклучува рекордни 16.600 тропски траги распоредени во 1.321 патека, и 289 различни отпечатоци. Сите траги […]
Студенти од ФЛУ направија конзерваторско-реставраторски третмани врз две дела од Никола Мартиноски
Фалкултетот за ликовни уметности при Скопскиот универзитет соопшти дека во рамки на работилница нивни студенти направиле конзерваторско-реставраторски третмани врз две дела од Никола Мартиноски. Студентите кои го имаат одбрано предметот Заштита и реставрација на Катедрата за сликарство и трансмедиумски практики на ФЛУ, под менторство на доц. м-р Марија Сотировска-Богдановска и насловен доц. м-р Маријета Сидовски, […]
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме”
Нови 16 здруженија и асоцијации на лица со попреченост ќе добијат грантови од Стопанска банка АД – Скопје за реализација на проекти кои ја поттикнуваат инклузијата и ги подобруваат условите за нив во заедницата. Стопанска банка ги објави добитниците на грантовите во вкупна вредност од 30.000 евра, како дел од годинешното издание на општествениот проект […]
„Македонска поетика и стилистика” и на Универзитетот во Љубљана
Ден по чествувањето 106 години од формирањето на Универзитетот во Љубљана и 225 години од раѓањето на Франце Прешерн, на љубљанскиот Филозофски факултет, вчера беше промовирана колективната монографија „Македонска поетика и стилистика” подготвена од македонски тим истражувачи. Претходно, ова капитално дело беше промовирано и на Универзитетот во Загреб, откако претходно се одржаа промоции и на […]
Заедно за иднината: OKTA се приклучува на мисијата за пошумување во Јасен
Следејќи ја својата стратешка определба за заштита на животната средина и одговорно управување со природните ресурси, ОКТА АД – Скопје реализираше акција за пошумување во Националниот резерват „Јасен“. Во рамки на оваа доброволна еко-акција, преку проектот „Grizzly Reforestation 2025“, вработените на ОКТА засадија околу 500 нови садници, како директен придонес за обновување на шумските површини […]
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Со донација на нова компјутерска опрема за учениците од ДУЦОР „Партенија Зографски“ во Скопје, Халкбанк АД Скопје реализираше активност насочена кон унапредување на наставата и поддршка на децата со посебни образовни потреби. Опремата е наменета за полесен пристап до дигитални едукативни содржини, интерактивни програми и современи алатки што го поттикнуваат индивидуалниот развој. Донацијата беше предадена […]