ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА НЕ Е ДОБРА РЕКЛАМА ЗА ТУРИЗМОТ

И најдобрата кампања може да падне во вода доколку земјава ги полни странските медиуми со негативни вести за политичката состојба. Политичката криза не го остави на страна ниту туризмот, една од значајните стопански гранки кај нас во која се полагаат големи надежи за поголем девизен прилив. Инцидентот во Куманово предмината година фрли сенка врз безбедносната […]

АГЕНЦИЈАТА ЊУ МОМЕНТ ОСВОИ ТРИ ЛАВА НА ПОЧЕТОКОТ НА КАНСКИОТ ФЕСТИВАЛ

Регионалната агенција Њу Момент освои три Кански Лава со проектот „Една книга за мир“, на најголемиот светски фестивал за креативност, што се оддржува во Кан, Франција. Њу Момент ги освои наградите во категориите принт, ПР и промоции и активации. Проектот „Една книга за Мир“ е создаден преку соработка на агенциите Њу Момент и Y&R Dubai, […]

ГРЦИЈА ОЧЕКУВА КИНЕСКИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ВИСИНА ОД 40 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

Грција очекува новиот кинески проект „Патот на свилата“ да резултира со зголемување на трговската размена меѓу двете држави до три милијарди долари и во земјата да влезат инвестиции од Кина во висина од 40 милијарди долари. „Грчкиот бизнис очекува дел од тие 40 милијарди долари кои Кина ќе ги инвестира во следните три години“ – […]

ПРОЕКТОТ „ЛИДЕР“ НА МАКЕДОНИЈА 2025 ПРОСЛАВИ ДЕСЕТГОДИШНИНА

Неодамна во Скопје се одржа десеттото издание на проектот „ЛИДЕР“ на Македонија 2025. Нови 40 млади професионалци од Македонија зедоа учество во најновата обука за претприемачи и менаџери, во рамки на овој проект, што се спроведува во соработка со Бизнис школата „Ричард Ајви“. Обуката се состоеше од десетдневна интензивна бизнис програма дизајнирана според програмата за […]

ЕКОНОМСКИТЕ ОЧЕКУВАЊА НИЗ НОВА ДИОПТРИЈА

Сите релевантни меѓународни и домашни организации и институции ги коригираа надолу очекувањата за раст на македонската економија. Дали новата влада може да донесе пресврт во стопанските движења? Економските прогнози се едни од работите кои најтешко се погодуваат. Тоа отприлика е како да се нишани подвижна мета. Многуте варијабли кои влијаат врз економскиот раст, инфлацијата, (не)вработеноста, […]

РАЗБИРАЊЕТО НА КУЛТУРАТА И НА ЕКОНОМИЈАТА

Во оваа колумна имам потреба повторно да се навратам на прашањето на културата и на економијата. Без разлика што идните културни политики, по децениското владеење на досегашната културна власт ќе се занимаваат со низа наследени, поприоритетни или порутинизирани прашања од полето на културата, прашањето на културата погледната низ економската призма останува клучно. Тоа е централната […]

СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ОДИ НА ПРОДАЖБА

Словенечкиот државен холдинг (SDH) и Управата на Нова љубљанска банка (NLB) објавија писмо со намери за продажба на најмалку 50 отсто од акциите на НЛБ, а понудата ќе трае до средината на јуни. Оваа системска банка се смета за стратешки интерес на Словенија поради што нејзината продажба, иако преземена како обврска пред Европската Унија, тешко […]

КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ ГО КУПИ ХРВАТСКИОТ ДЕЛ НА БНП ПАРИБАС

Според објавата на Берзата во Загреб, Кроација осигурување во целост го презеде уделот во БНП Перибас Кардиф осигурување (BNP Paribas Cardif). Вредноста на преземањето сѐ уште не е позната, а договорот за купопродажба ќе стапи на сила откако ќе биде одобрен од страна на Агенцијата за надзор на финансиските услуги на Хрватска. Француската БНП Перибас […]

Ц919 – ПРВИОТ КИНЕСКИ ПАТНИЧКИ АВИОН

Првиот голем кинески патнички авион успешно го изведе првиот пробен лет, што е симболична пресвртница за остварување на долгорочната цел на Кина, да влезе на пазарот на производители на кој доминираат компаниите од Западот. Кина очекува дека Ц919 ќе биде конкурент на ербас А320 и на боинг 737. По 80-минутниот лет со петмина пилоти и […]

АЛИТАЛИЈА ОТИДЕ ВО СТЕЧАЈ

За да избегне банкрот, најголемата авиокомпанија во Италија, Алиталија, отиде во стечај и тоа вторпат во последниве десет години. Од Управата на Алиталија соопштија дека барањето за стечај доаѓа откако вработените го отфрлиле планот за реконструирање кој би овозможил нови инвестиции. Италијанските власти одбија да спроведат уште една ренационализација на компанијата и поставија три стечајни […]