Европското политичко финале е пред нас: ГЕРМАНИЈА ВО СЕПТЕМВРИ ОДЛУЧУВА

Откако ги испратија радикалните популисти на периферијата на политичката сцена, Мартин Шулц и Ангела Меркел ќе си ги одмерат силите во септември, а цела Европа ќе го следи резултатот од европското политичко финале. Како вчера да беше кога светот со неверување ги следеше резултатите од референдумот Брегзит и подоцна изборот на Доналд Трамп за претседател […]

ЦРНА ГОРА ГО ЗГОЛЕМИ ДДВ ОД 19 НА 21 ОТСТО

По предлог на Владата, Собранието на Црна Гора донесе одлука да ја зголеми стапката на ДДВ од 19 на 21 отсто, јавуваат медиумите во земјата. Измените и дополненијата на Законот за ДДВ, предложени од Владата, ќе стапат во сила во јануари следната година. Зголемувањето на најиздашниот данок во Црна Гора доаѓа откако Меѓународниот монетарен фонд, […]

ШКОТСКА БАРА ЗАШТИТА НА СКОЧ ВИСКИ И ПО БРЕГЗИТ

Шкотска побара генеричкиот бренд Скоч да биде дефиниран во законот на Обединетото Кралство со цел да се заштити извозот на производот по БРЕГЗИТ. Кит Браун, шкотскиот министер за економија, упати писмо до министрите на Обединетото Кралство во кое бара шкотското виски да биде заштитено во државата како „витална индустрија“ откако Британија ќе ја напушти ЕУ. […]

ВО ПРОДАЖБА НОВИОТ БРОЈ (септември 2017)

СОДРЖИНА Зоран Јовановски КАКО ЌЕ СЕ МЕНУВААТ КАМАТНИТЕ СТАПКИ ВО МАКЕДОНИЈА?…………..12 Н.Е. Кристијан Тимоние ЕВРОПА НЕ Е САМО ГОЛЕМ ПАЗАР, ТАА Е ЦИВИЛИЗАЦИСКИ ПРОЕКТ…………..12 Александар Стојков РАМЕН ДАНОК 2.0…………..22 Павле Гацов ЛЕТНИ РАЗГОВОРИ ЗА НАЈАВЕНИТЕ ДАНОЧНИ ИЗМЕНИ……………26 Живко Мукаетов САМИТ 100 ВО СКОПЈЕ……………28 Мирче Јовановски МАКЕДОНИЈА И ПЕЈПАЛ: (НЕ)ВОЗВРАТЕНА ЉУБОВ……………30 Рената Дескоска СРЕДСТВАТА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО […]

СТОПАНСКА БАНКА А.Д. БИТОЛА СО БРУТО ДОБИВКА ВО ИЗНОС ОД 32,15 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ВО ПРВАТА ПОЛОВИНА ОД 2017 ГОДИНА

Главен акцент во работењето на Стопанска банка а.д. Битола во периодот 1.1-30.6.2017 година беше ставен врз остварување на клучните стратегиски и деловни цели дефинирани во Деловната политика, развојниот и финансискиот план на Банката. Притоа, Банката го приспособуваше своето работење на промените во домашните економски услови, модерните банкарски текови и глобалните пазарни случувања. Финансиски перформанси на […]

БОГАТИ И СИРОМАШНИ: НЕ Е СÈ ВО БДП

Кога се зборува за тоа која земја е богата, а која сиромашна, како вообичаена мера се применува бруто домашниот производ, економска категорија кога скратено треба да се изговара БДП, а не „џи ди пи“ како што милуваат голем дел од македонските економисти и новинари. Предноста на БДП е во тоа што претставува збирен показател на […]

Сашо Клековски: МЕРКИТЕ И РЕСУРСИТЕ ДА СЕ ФОКУСИРААТ НА НЕКОЛКУ СТРАТЕШКИ ПОДРАЧЈА

Што мислите дека треба да остане непроменето од економските политики на претходната Влада?Кои се клучните економски потези што треба да ги направи новата Влада? Постигнувања на претходната Влада се: макроекономска стабилност, ефективна даночна политика, на пример рамниот данок, и намалување на невработеноста. Подобрена е бизнис-климата, пред сѐ работата на Централниот регистар, како и на Катастарот. […]

Владимир Филиповски: ПОТРЕБНО Е ЗАЈАКНУВАЊЕ НА НЕЗАВИСНОСТА, ТРАНСПАРЕНТНОСТА И ОТЧЕТНОСТА НА ЕКОНОМСКИТЕ РЕГУЛАТОРНИ ТЕЛА

Што мислите дека треба да остане непроменето од економските политики на претходната Влада?Кои се клучните економски потези што треба да ги направи новата Влада? Потребни се: политика на привлекување странски директни инвестиции, но претходно реформирана во некои клучни сегменти; политика на субвенции во земјоделството, но претходно реформирана во некои клучни сегменти; активни политики на пазарот […]

Марјан Петрески: ФОКУСОТ ДА СЕ СВРТИ КОН ДОМАШНИТЕ ФИРМИ, КАКО ТИЕ ДА СЕ ПОВРЗАТ СО СТРАНСКИТЕ ФИРМИ, КАКО ДА ИЗВЕЗУВААТ ПОВЕЌЕ И ПОВИСОКО-КОНКУРЕНТНИ ПРОИЗВОДИ, И КАКО ДА БИДАТ ИНОВАТИВНИ

Што мислите дека треба да остане непроменето од економските политики на претходната Влада?Кои се клучните економски потези што треба да ги направи новата Влада? Она што сметам дека треба да остане непроменето е пристапот според кој Владата со своите политики ќе стимулира создавање нова вредност во приватниот сектор наместо доминантно да се занимава со прашања […]

Александар Стојков: ПОТРЕБЕН Е СТЕНД-БАЈ АРАНЖМАН И КРЕДИТ ОД ММФ

Што мислите дека треба да остане непроменето од економските политики на претходната Влада?Кои се клучните економски потези што треба да ги направи новата Влада? Агресивниот пристап во привлекувањето на странските директни инвестиции, обемните инвестиции во енергетската и патната инфраструктура, обновувањето на училишните згради и болниците, поддршката на претприемништвото и бизнис-окружувањето се значајни успеси кои не […]