ПРОСЕЧЕН СТАН Е ПОДЕДНАКВО НЕДОСТАПЕН ЗА ПРОСЕЧНИТЕ КУПУВАЧИ ВО ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ
Купувањето стан од 60 квадратни метри е недостижна цел за просечниот квалификуван работник во повеќето големи градови во светот. Најмалку достапен стан за живеење во Хонг Конг и за таков стан ви требаат дури 14 години просечна заработка. Во Париз, Лондон и Токио, цените се целосно одвоени од локалните приходи, бидејќи односот цена-приход надминува 10. […]
Широка појава на неевидентирање на готовинскиот промет, УЈП до крајот на ноември изрече над 2.500 глоби за неиздавање фискални сметки
Управата за јавни приходи информира дека до крајот на ноември спроведени се околу 4.000 контроли при што евидентирани се неправилности во делот на неиздавање на фискални сметки при што изречени се над 2.500 глоби, а на 113 даночни обврзници им е изречена забрана за вршење дејност. – Фактот дека секоја четврта контрола завршува со утврдена […]
ГЕРМАНСКИТЕ ВОЗОВИ ДОЦНАТ, НО БАРЕМ ДА СЕ ПОЧИСТИ И ПОБЕЗБЕДНИ, изјави новата директорка на Дојче банк
Патниците на германскиот железнички превоз се соочуваат со чести доцнења, но барем патувањата треба да станат почисти и побезбедни, изјави Евелин Пала, новата извршна директорка на Дојче бан. Германскиот железнички оператор со години е критикуван за зголемување на доцнењата. Во октомври, речиси 50% од возовите на долги релации доцнеа со распоредот – бројка што не […]
ХРВАТСКА ГО ЗГОЛЕМИ ЈАВНИОТ ДОЛГ
Jавниот долг на Република Хрватска на крајот на август изнесуваше 51,1 милијарда евра, што е за 1,9 милијарди или 3,8% повеќе отколку на крајот на 2024 година. Во споредба со август 2024 година, јавниот долг е за 1,3 милијарди евра или 2,6% повисок. Растот на долгот на општата влада на годишна основа во набљудуваниот период […]
ООУ „Св.Кирил и Методиј“ од струмичко Дабиља ќе одбележи 160 години настава на македонски народен јазик
Општинското основно училиште „Св.Кирил и Методиј“ од струмичко Дабиља денеска со свечена академија ќе одбележи 160 години од формирање на првото училиште, во 1865 година, со настава на македонски народен јазик. На академијата во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, под покровителство на струмичкиот градоначалник Петар Јанков, ќе се обратат фолклористот Иван Котев и […]
РУСИТЕ ГИ МЕНУВААТ НАВИКИТЕ, драстичен пад на потрошувачката на алкохол во Русија
По децении на прекумерна консумација, Русија бележи драстичен пад на потрошувачката на алкохол, достигнувајќи во ноември годинава ниво забележано за време на тешката економска криза од 1997–1998 година. Според руските медиуми, просечната потрошувачка паднала на 7,63 литри по жител, продолжувајќи го трендот на намалување што започна во април. Овие ниски нивоа последен пат биле забележани […]
Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, се очекува реизбор на Мицкоски
Во Кавадарци денеска на 18. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ се очекува да биде реизбран Христијан Мицкоски за лидер на партијата, кој е и единствен кандидат за функцијата. На Конгресот под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030“ се очекува да присуствуваат 2 600 лица, од кои 850-860 делегати и 1700-1800 гости и […]
Облачно, насекаде со дожд, магла во котлините
Времето денеска ќе биде облачно насекаде со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 40 литри на метар квадартен за 24 часа). Во утринските часови ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува слаб до умерен повремено засилен ветер од северен правец. – Минималната температура ќе биде во […]
Од следната недела стабилно и топло време
Под влијание на висок воздушен притисок во текот на наредната седмица времето ќе биде стабилно и релативно топло, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Од УХМР посочуваат дека во претпладневните и вечерните часови по одделни котлини ќе има појава на магла и температурата ќе остане пониска. Времето денеска ќе биде облачно со повремен локален дожд, […]
Објавен списокот на домаќинства кои ќе добијат субвенција за електрична енергија
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека е завршена постапката за обработка, евалуација и верификација на сите пристигнати пријави за финансиска поддршка преку Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година. По деталните проверки спроведени од комисиите и вкрстувањето на податоците со надлежните институции, јавно e објавен списокот на сите […]