ОЕЦД ПРЕДЛАГА РЕФЕРЕНДУМ ЗА ПОНИШУВАЊЕ НА БРЕГЗИТ
Во својот извештај ОЕЦД предупредува на економските последици од БРЕГЗИТ, особено доколку се остварат прогнозите за т.н. „непријателско раздвојување“ што подразбира дека Велика Британија и Европската Унија не постигнале договор за условите под кои би се спровел Брегзит. Тие препорачуваат дека обратен референдум или промена на владината политика во Британија во насока на поништување на […]
РАЗГОВОРИ ЗА НАЈАВЕНИТЕ ДАНОЧНИ ИЗМЕНИ
Вовед во разговорите За даноците зборуваат сите, насекаде и во секоја прилика. Малубројни тоа го прават тивко, употребувајќи го говорот на бројките, споредбите и трендовите, други пак за тоа ја користат интуицијата и својата лична позиционираност во однос на најавените даночни измени, па затоа нивното „изразување“ е за октава повисоко од првите. Сепак, како и […]
ГАСТРОНОМИЈА
Париз во изминативе години доживува една мини густативна експлозија. Покрај познатите храмови на сетилата се појавуваат нови пријатни катчиња кои, доколку немате пријател инсајдер, можете да ги откриете преку една од петте одлични апликации за мобилни телефони (Lе fooding, La fourchette итн.) – таа ќе ве доведе директно кон откривање на места со прекрасни концепти […]
ПРЕДИЗВИК
Осмото издание на МакеДокс – фестивал на креативен документарен филм се одржа под мотото „расприкажани слики“. Во неговиот тематски фокус беше визуелната нарација. … С. Л: Дали си ти „перверзњак“?Т. О: Не. Всушност, јас сум филмаџија, документарист.С. Л: Ох, мислиш нешто како Вештерката од Блер (Blair Witch Project). Доколку е точна изреката дека во секоја […]
СТОПАНСКА БАНКА А.Д БИТОЛА ДОНИРАШЕ МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА, ЗА ПОТРЕБИТЕ НА НЕКОЛКУ ОДДЕЛЕНИЈА ВО ЈЗУ КЛИНИЧКА БОЛНИЦА „Д-Р ТРИФУН ПАНОВСКИ„ ВО БИТОЛА
Стопанска Банка а.д Битола денеска донираше медицинска опрема, за потребите на неколку одделенија во ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски„ во Битола. Предмет на донација беа монитори за следење на витални параметри на пациентите и Електрокардиограф – апарат за снимање на срцевата работа за Одделот за неврологија, неонатолошки и бебешки креветчиња за Одделот за Неонатологија […]
МИОДРАГ КОСТИЌ ГО КУПУВА СРПСКИОТ ДЕЛ НА МЕРКАТОР
Српскиот бизнисмен Миодраг Костиќ, кој е познат по големите инвестиции во Словенија, и тоа во недвижности, туристичкиот сектор, како и банкарството, пројавил интерес за купување на Меркатор – С, српскиот дел од холдингот Меркатор. Според неименувани извори на словенечките медиуми, Костиќ веќе откупил дел од обврските на гигантот Агрокор спрема австриски и италијански банки од […]
TIMBERLAND СЛАВИ 10 ГОДИНИ ВО МАКЕДОНИЈА
Овој ноември брендот Timberland слави 10 години постоење во Македонија. Двете продавници во Скопје Сити Мол и ТЦ Рамстор се место каде љубителите на квалитетни производи со урбан карактер и безвременски дух, секоја сезона можат да ги најдат најновите колекции за жени, мажи и деца. На 11-ти ноември купувачите ќе имаат можност да прослават заедно […]
УМЕТНОСТ
Во центарот Помпиду (или како што го нарекуваат парижаните Бобур) огромна посетеност имаше ретроспективната изложба на Дејвид Хокни кој го слави својот 80-ти роденден. Покрај неговите славни сцени од хедонистичкиот живот на базените низ Калифорнија, беа презентирани и цртежи, отпечатоци, видео инсталации и дела од неговите почетоци. Секако неизбежна е и постојаната поставка која нуди […]
ПАТОКАЗИ КОН ЗАЕДНИШТВО
Деновиве слушнавме за иницијатива презентирана од европратеникот Иво Вајгл, а за која наводно се согласил и еврокомесарот Хан, за примена на механизмот на Европскиот парламент за процес на дијалог наречен „Жан Моне“. Идејата е претставници на Владата на Македонија и опозицијата да се среќаваат во Франција и да разговараат за прашања важни за напредокот на […]
КАКО ОПТИМИЗМОТ ДА СЕ ПРЕТОЧИ ВО ЕКОНОМСКИ РАСТ
Анкетите одамна не покажувале толку позитивни очекувања и мислења дека работите се движат во позитивна насока – аналитичарите тоа го сметаат за вистински ветар во „едрата“ за носителите на економската политика во земјава да носат храбри одлуки. „Медениот месец“ – првите 100 дена од формирањето на новата Влада се зад нас, а погледите сега се […]