Што очекувате од 2018 година? Никица Мојсоска-Блажевски: ДА СЕ НАМАЛАТ Т.Н. ПАРАФИСКАЛНИ ДАВАЧКИ НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА
Како и минатата година, и оваа година очекувам фокусот на носителите на политиките да се сврти кон економијата наместо кон политиката. Очекувам економијата да заздрави и да се врати на патот на повисоки стапки на економски раст. Економската политика на новата влада сѐ уште не е доволно прецизно артикулирана, што оневозможува да се процени ефектот […]
Што очекувате од 2018 година? Николче Петкоски: ВЛЕГУВАМЕ ПОДГОТВЕНИ ДА ОБЕЗБЕДИМЕ ШТО ПОДОСТАПНИ И МОДЕРНИ БАНКАРСКИ УСЛУГИ
Се надеваме дека 2018 година ќе донесе подобрување и нови можности за напредок на стопанството и на економијата. Денес бројните технолошки промени, интернационализацијата на бизнисите и растечката глобална конкуренција диктираат сè подинамични услови за работа и за развој. Токму преку иновациите и поддршката на еден динамичен и флексибилен сектор, како што се малите и средни […]
Што очекувате од 2018 година? Иван Штериев: 2018 ГОДИНА МОЖЕ ДА БИДЕ ГОДИНА НА КРАЈНОСТИ
Новата 2018 година, гледано економски, и на домашен и на меѓународен план може да биде година на крајности. Прашањето, секако, е дали развојот на настаните ќе биде позитивен или негативен, a тоа, меѓу другото, ќе биде под силно влијание на политичките случувања. Домашните економски текови во голем дел ќе бидат рефлексија на првата целосна година […]
Што очекувате од 2018 година? Штефан Петер: БИЗНИС СЕКТОРОТ ОЧЕКУВА СТАБИЛНОСТ, ПРЕДВИДЛИВОСТ И ОДРЖЛИВОСТ
Во изјавата за 2016 година обрнав внимание на обезбедувањето ликвидност на економијата и олеснувањето на плаќањето на државните трансфери во економијата со цел да се зголеми потрошувачката на домаќинствата, да се обезбеди повисок животен стандард и со тоа да се забрза економската активност. 2017 беше година на предизвици и промени во која добивме нова влада […]
„АЛКАЛОИД“ ПУШТИ ВО УПОТРЕБА НОВИ ПРОИЗВОДНИ КАПАЦИТЕТИ – ИНВЕСТИЦИЈА ВРЕДНА НАД 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА
Следењето на светските трендови во фармацијата и производство на ценовно достапни, квалитетни, ефикасни и безбедни лекови кај кои заштитниот знак на „Алкалоид АД“ е синомим за високото ниво на квалитет и сигурност, се принципите кои се цврсто втемелени во корпоративната политика на компанијата. Доследно придржувајќи се до годишниот план за капитални вложувања за 2017 година […]
Што очекувате од 2018 година? Антонио Аргир: КАМАТНИТЕ СТАПКИ ЗА ПРАВНИТЕ ЛИЦА НА КРАТОК РОК МОЖЕБИ И ЦЕЛА 2018 ГОДИНА БЛАГО ЌЕ ПАЃААТ
Пред сѐ очекувам 2018 година да биде политички постабилна како предуслов да биде пооптимистична на економски план во поглед на бизнис-иницијативите. Изминативе три години имаше добри идеи и проекти кај компаниите од различни сектори, но неизвесниот политички амбиент влијаеше тие да се воздржат од поголеми инвестиции. Како што се стабилизираат состојбите, се отвораат можности за […]
Што очекувате од 2018 година? Диомидис Николетопулос: ОЧЕКУВАМЕ ПОВЕЌЕ КРЕДИТНИ БАРАЊА ОД КОМПАНИИТЕ
По периодот на политичка криза низ кој помина земјата, 2018 ќе биде година на економско заздравување со очекуван економски раст од над 3 %. Очекуваното зголемување на инвестициската активност, заедно со растот на приватната потрошувачка и обемот на извозот, ќе придонесе кон заживување на економската активност во земјата, овозможувајќи поголема динамика во кредитирањето на бизнисите […]
Што очекувате од 2018 година? Глигор Бишев: ПРИСТАПОТ ДО КАПИТАЛ И ДО КРЕДИТИ НЕ БИ ТРЕБАЛО ДА ПРЕТСТАВУВА ОГРАНИЧУВАЧКИ ФАКТОР ЗА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ
Интеграциските процеси со земјите од регионот и од ЕУ значително ќе се забрзаат. Надворешно-трговската размена и приватните инвестиции ќе станат главни двигатели на економскиот раст. Во сферата на младата популација ќе доминираат стартап бизнисите, економијата на услуги за грижа на стари лица (care economy), образовни услуги, услуги од областа на информатиката и на забавата (entertainment). […]
НОВАРТИС ЈА КУПУВА ФРАНЦУСКАТА ААА ЗА 4 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ
Адвансд акцелератор апликејшнс (Advanced Accelerator Applications-AAA) постигнаа договор за преземање со Новартис (Novartis) вреден четири милијарди долари. Со договорот, Новартис треба да обезбеди 41 американски долар за една обична акција, како и 82 американски долари за американската депозитна акција, што претставува раст од 47 проценти од пазарната цена пред објавата на постигнатиот договор. Со аквизицијата […]
Што очекувате од 2018 година? Андреас Елснер: 2018 ГОДИНА ЌЕ БИДЕ ГОДИНА НА ИНТЕРНЕТ И КОНВЕРГИРАНИ УСЛУГИ
На телекомуникацискиот пазар, 2018 година ќе биде година на интернет и на конвергирани услуги. Корисниците се гладни за мобилен интернет, а за тоа се потребни големи инвестиции во мрежата. Во наредниве три години очекуваме постојано зголемување на користењето мобилен интернет и планираме инвестиции во мрежата и најновите технологии од над 60 милиони евра. Исто така […]