ШТАЕРМЕРКИШЕ ШПАРКАСЕ ЈА КУПИ ОХРИДСКА БАНКА

Штаермеркише Банк унд Шпаркасен АГ Грац потпиша договор за купопродажба на акции со Сосиете Женерал со цел да се стекнат со сите акции во сопственост на Сосиете Женерал во Охридска Банка Сосиете Женерал (ОБСЖ) во Република Северна Македонија, кои претставуваат околу 74,53% од уделот во капиталот на ОБСЖ. Со оваа трансакција Штаермеркише Шпаркасе ќе може […]

ЛИНЕАРНАТА МАРКЕТИНГ-ИНКА ОТИДЕ ВО ИСТОРИЈАТА

Во дигиталниот свет потребни се само неколку минути за 10-тина пати да се стесни и да се прошири пребарувањето до совршениот производ. Речиси и да не постои предавање, книга, упатство за (дигитален) маркетинг, а да не се спомне, да не се објасни и да не се потенцира важноста на класичната маркетинг-инка (funnel). Класична, би рекол […]

ДЕСЕТ МЕДАЛИ ЗА ВИНАТА НА „ТИКВЕШ“ И „ДОМЕН ЛЕПОВО“ НА НАТПРЕВАРИ ВО ГЕРМАНИЈА И СИНГАПУР

Нов забележителен успех постигнаа вината на „Тиквеш“ и „Домен Лепово“ на првите два годинешни престижни вински натпревари што се одржуваат во Европа и Азија. На годинешното пролетно оценување на вината во рамки на најголемиот вински натпревар во Германија и еден од најпрестижните во светот – „Мундус Вини“, златни медали освоија пет врвни вина на „Тиквеш“ […]

СРЕЌНА НОВА 2029…

„Иднината никако да дојде, минатото никако да си отиде, а ние овде глумиме сегашност.“Горан Стефановски, драматург и писател Неодамна разговарав со еден од моите блиски соработници кои живеат во САД – откако му го честитав Денот на благодарноста, ми се пожали дека денот му бил целосно исполнет со текстуални пораки, скајпирање, твитирање, со Фејстајм и […]

УЛОГАТА НА ДРЖАВАТА ВО ЕКОНОМИЈАТА

Прашањето за улогата на државата во економскиот живот е едно од најстарите и можеби суштински прашања на економијата и на економската наука. Тоа уште од почетокот на современата економска наука, па до денес не само што е постојано присутно туку е и контроверзно прашање за кое дебатираат многу економски школи и теории и предизвикува несогласности. […]

УЛОГАТА НА ДРЖАВАТА ВО ЕКОНОМИЈАТА

Станува збор за едно од најстарите прашања во областа политичка економија, третирано уште од Платон (5 – 4 век пр. н. е.) сѐ до денес. Што се однесува до економските и социјалните функции на државата, во поновата политичка историја на западната цивилизација сентиментот на јавноста за улогата на државата наспроти пазарниот механизам варира од крајност […]

ПИВАРА СКОПЈЕ – ЛИДЕР ВО ПОСТИГНУВАЊЕ НА ЦЕЛИТЕ НА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ

Пивара Скопје ја доби годинешната награда „Предводници на Целите за одржлив развој“ на Обединетите Нации. Со наградата која се доделува во рамки на Проектот „Градење меѓусекторски партнерства за одржлив развој“, што го финансира Европската Унија, а го спроведува организацијата „Конект“, се потврдува лидерската улога на Пивара Скопје и нејзиниот долгогодишен придонес во постигнување на глобалните […]

ГЛАВНИ ПРЕПОРАКИ И КОМЕНТАРИ ОД ПЕЧАТЕНОТО ИЗДАНИЕ БЕЛА КНИГА 2018 НА СОВЕТОТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ

Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија оваа година ќе го објави второто издание на публикацијата Бела книга 2018. Белата книга 2018 е најпрепознатлива публикација на Советот, која има цел да придонесе за унапредување на бизнис-климата во земјава преку конструктивни препораки и мислења од нашите компании членки. Овогодинешното издание опфаќа сет на приоритети […]

„АЛКАЛОИД“ СО РАСТ НА КОНСОЛИДИРАНИОТ ИЗВОЗ ОД 10%, РАСТ НА КОНСОЛИДИРАНАТА НЕТО ДОБИВКА ОД 7%, ИНВЕСТИЦИИ ВО ИЗНОС ОД 1,1 МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИ И 212 НОВИ ВРАБОТУВАЊА ВО ПЕРИОДОТ ЈАНУАРИ – ДЕКЕМВРИ 2018-ТА

„Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – декември 2018 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех. Според единечниот Биланс на успех, во периодот јануари – декември, продажбите достигнуваат 7.506.114.294 денари, што е за 8% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци […]

БЕРЛИН – EВРОПСКИОТ ГРАД НА СТАРТАПИТЕ

Во Берлин средината на ноември е традиционално резервирана за еден од поголемите натпревари за претставување (pitching) стартапи што е во организација на Бетахаус и се одржува секоја година.Бетахаус преку локалните проекти „Бетапич“ патува низ целиот свет барајќи ги најиновативните стартап компании кои можат да направат светски производ, а во 2018 година беше направен избор во […]