СОСТАНОК НА КОНСТИТУЕНЦАТА ВО СКОПЈЕ: ИСТАКНАТИ МЕЃУНАРОДНИ ЕКСПЕРТИ ЌЕ ДИСКУТИРААТ ЗА КЛУЧНИ ЕКОНОМСКИ ТЕМИ

Годинава ја имаме честа да бидеме домаќини на Состанокот на Конституенцата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светската банка (СБ) во којашто членува нашата земја, за првпат по 2003 година, кога нашата централна банка и нашето министерство за финансии ја имаа улогата на организатори на овој значаен настан. Овој состанок претставува значајна можност […]

ДЕН ПОСВЕТЕН НА ВИСОКОТЕХНОЛОШКИТЕ ПРИДОБИВКИ И ФРАНЦУСКАТА УМЕШНОСТ ВО ОБЛАСТА НА ПАТНАТА ИНФРАСТРУКТУРА

Во рамките на француско-македонската соработка, Амбасадата на Франција и Јавното претпријатие за државни патишта организираат ден посветен на високотехнолошките придобивки и француската умешност во областа на патната инфраструктура. Овој настан ќе обедини педесетина француски и македонски професионалци околу проблематиката поврзана со патиштата. Денот ќе биде можност за француските експерти да го споделат своето знаење со […]

НОВИ МЕДАЛИ И ПРИЗНАНИЈА ЗА ВИНАТА НА „ТИКВЕШ“ НА РЕГИОНАЛНО И СВЕТСКО НИВО

Врвното црвено вино „Cabernet & Merlot Oak Edition 2017” на винарската визба „Тиквеш“ ja доби специјалната награда „Најдобро на натпреварот“ (Best of Show) на најголемиот регонален вински натпревар „Balkans International Wine Competition 2019“, што по осми пат се одржа во Софија, Бугарија и на кој учествуваа сите поголеми прозводители на вино од земјите на Балканот […]

АНГЕЛОВСКА-БЕЖОСКА НА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ЕЦБ

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска учествуваше на првата од двете панел-дискусии на 8. конференција на Европската централна банка (ЕЦБ) за земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈЕ). Оваа панел-дискусија следеше веднаш по поздравното обраќање на претседателот на ЕЦБ, Марио Драги и излагањето на директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард. Со неа […]

ЛАКИН СОБРА ПРЕКУ ПОЛОВИНА МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ ВО ПРВОТО ЈАВНО ИЗЛЕГУВАЊЕ НА ПАЗАРОТ

Кинескиот конкурент на Старбакс, Лакин (Luckin), продаде преку 33 милиони американски депозитни акции (АДА), дури 30 милиони повеќе од првично планираните, по цена од 15 до 17 долари за акција, со што компанијата и официјално влезе на американскиот пазар на капитал. Лакин е компанија која е основана пред само две години и претставува синџир на […]

ТРИГЛАВ СО РАСТ НА ПРОДАЖБАТА И НА ДОБИВКАТА ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ ОД 2019 ГОДИНА

Во првите три месеци од 2019 година, Групацијата Триглав оствари продажба од 317 милиони евра бруто-консолидирана премија, што е 8 % повеќе во споредба со истиот период минатата година. Овој раст овозможи раст на консолидираната бруто-добивка исто така за 8 %, која изнесува 29,9 милиони евра и имајќи ги предвидените околности соодветствува со динамиката на […]

ЕУ ОДРЕДИ КАЗНА ОД НАД МИЛИЈАРДА ЕВРА ЗА НАЈГОЛЕМИТЕ ФИНАНСИСКИ ИНСТИТУЦИИ

Берклис (Barclays), Ситигруп (Citigroup), Џеј-пи Морган (JP Morgan), МУФГ (MUFG) и Ројал бенк оф Скотланд (Royal Bank of Scotland) добија вкупна казна од 1,07 милијарди евра или околу 1,2 милијарди долари поради организирана манипулација на мултибилионскиот пазар на размена на странски валути. Финансиските институции се соочуваат со слични казни низ валутните подрачја низ целиот свет, […]

ПРВИ ОФИЦИЈАЛНИ МАКЕДОНСКО-ЈАПОНСКИ БИЗНИС СРЕДБИ

Македонски и јапонски компании од областа на: металната индустрија, енергетиката и животна средина, градежништвото, хемиската индустрија, прехранбената индустрија, ИТ-компании и компании од областа на финансиите и осигурувањето, во Стопанската комора на Македонија одржаа деловни средби со цел воспоставување идна соработка. Ова е прва официјална бизнис делегација која доаѓа во нашата земја за да реализира бизнис […]

ИНОФЕИТ КАКО МОСТ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ АКАДЕМИЈАТА И СТОПАНСТВОТО

Триесет трудови со фактор на влијание годишно, околу стотина трудови во списанија и конференции годишно, околу 10-тина активни меѓународни проекти секоја година (од NАТО програмата, Horizon2020, IPA, Erasmus +) со просечен годишен приход од околу 700 илјади евра и околу 2 милиона евра опрема обезбедена од проекти во последните пет години се доволен индикатор дека […]

СОСТАНОКОТ НА ХОЛАНДСКО-БЕЛГИСКАТА КОНСТИТУЕНЦА НА ММФ И ГРУПАЦИЈАТА НА СВЕТСКАТА БАНКА ГОДИНАВА ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВО СКОПЈЕ

Состанокот на Холандско-белгиската конституенца на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светската банка (СБ) ќе се одржи од 21 до 23 јуни во Скопје. Организатори на ова издание на состанокот се Народната банка и Министерството за финансии. Во Холандско-белгиската конституенца, покрај Холандија, Белгија и нашава земја, којашто годинава е домаќин на овој значаен меѓународен […]