СЛОВЕНИЈА СЕ НАЈДЕ МЕЃУ НАЈЕФИКАСНИТЕ ЗЕМЈИ ВО ЕУ ВО НАПЛАТАТА НА ДДВ
Словенија е меѓу најефикасните земји од ЕУ во наплатата на данокот на додадена вредност (ДДВ), според најновиот извештај на Европската комисија за даночниот јаз за периодот до 2024 година. Финансиската администрација на Република Словенија (Фурс) го засили надзорот, а минатата година беа изречени казни во вкупен износ од 13,5 милиони евра за прекршување на законот. […]
БиХ: Триесет години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор
Општата рамковна спогодба за мир во Босна и Херцеговина, попозната како Дејтонски мировен договор, беше потпишана на денешен ден пред точно 30 години, на 14 декември 1995 година, во Елисејската палата во Париз, со што беше ставен крај на четиригодишната војна во БиХ. Дејтонскиот мировен договор го потпишаа претседателите на трите страни: претседателот на Босна […]
Одбележана 10-годишнина од воведувањето на македонскиот јазик во училиштата во Лесковац
Во Лесковачкиот културен центар се одржа Свечена академија по повод 21 година од основањето на Националниот совет на македонската национална заедница во Република Србија и 10 години од воведувањето на изборниот предмет Македонски јазик со елементи на национална култура во основните училишта во Лесковац и околината, информираат денеска од Националниот совет. На свеченоста, која се […]
Граничниот премин Евзони (ГП Богородица) затворен за сообраќај
Од 11:00 часот граничниот премин Евзони (ГП Богородица) е затворен за сообраќај, соопшти АМСМ. АМСМ информира и дека на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, а интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен. […]
Поврзан Балкан – посилна Европа: Интерконекторот Македонија–Србија оди напред со забрзано темпо
Македонска делегација, предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, заедно со тимот од Секторот за нафта и гас во Министерството и раководните лица од Номагас, МЕМО и МЕПСО, престојуваше во Белград по покана на српската министерка за рударство и енергетика. Дел од делегацијата беа и директорот на Номагас, г-дин Недим Рама, […]
АЗЕСКИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА СО РАКОВОДСТВОТО НА ФИЛИП МОРИС ВО СКОПЈЕ
Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески оствари работна средба со раководството на Филип Морис во Скопје во нивните деловни простории, со директорот Иван Костиќ и Василка Салевска, член на УО на Комората. На состанокот беше разговарано за актуелната деловна клима и условите во кои стопанисуваат компаниите во државата. Од Филип Морис, како компанија со странски […]
Градоначалникот на Трикала: Преку божиќниот парк се зближуваме со нашите соседи, разговараме, градиме односи и одржуваме контакти
– Во божиќниот парк во последните три години има постојан прилив на посетители од балканските земји, а се издвојуваат Албанија, Северна Македонија и Бугарија. Се зближуваме повеќе со нашите соседи, повеќе разговараме, градиме односи и одржуваме контакти. И ова, може да донесе само позитивни резултати за сите нас, вели во интервју за МИА градоначалникот на […]
Големи поплави во Вашингтон, десетици илјади евакуирани
Обилни дождови предизвикаа големи поплави во американската држава Вашингтон, што доведе до наредби за евакуација на десетици илјади жители. Гувернерот Боб Фергусон ги повика луѓето во погодените области да ги следат упатствата на локалните власти и да се евакуираат. Се верува дека до 100.000 жители се погодени од наредбите за евакуација. -Разбирам дека многумина во […]
Гастрономската мапа на Туркије блесна на изборот на водичот Мишелин за 2026 година
Највлијателниот гастрономски водич во светот, Мишелин, од 2026 година ќе воведе прва национална селекција што ќе ја опфати целата територија на Туркије. Досега Мишелин својот избор го објавуваше ограничено на поединечни градови или региони, но оваа иницијатива го проширува опсегот на целата кулинарска сцена на земјата, признавајќи го нејзиниот растечки потенцијал. Детали за националната селекција […]
Најстудено утрово во Берово
Најстудено утрово е во Берово, четири степени под нулата. Како што информира УХМР, минусни температури утрово се измерени и во Скопје-Петровец и Битола (-3), Тетово, Штип и Струмица (-2) и Крива Паланка, Демир Капија и Mаврови Анови ( -1). Нула степени се измерени во Прилеп, Велес, Кавадарци и Гевгелија, 1 степен во Скопје-Зајчев Рид, Охрид […]