Паолучи: Клучно ќе биде задолжувањето на јавниот сектор да се прави на паметен, фискално-прудентен и одржлив начин

Масимилијано Паолучи, директор на Канцеларијата на Светска банка во Северна Македонија и Косово: Во 2020 година светот изгледа многу поразличен од она што мислевме на крајот од 2019 година. Никој во Северна Македонија и во остатокот на светот не можеше да очекува дека ќе се промени нашиот начин на живот, дека нашата иднина ќе треба […]

Ангеловска-Бежоска: И во 2021 година ќе бидеме посветени во поддржувањето на економијата и на животниот стандард на граѓаните во рамките на нашиот мандат

Што очекувате од 2021 година? Анита Ангеловска-Бежоска: За 2021 година, проекциите на Народната банка упатуваат на постепено заздравување на економијата од шокот предизвикан од пандемијата на ковид-19, а за 2022 година на нејзино враќање на преткризните патеки. Закрепнувањето на економијата ќе биде поддржано од поволните финансиски услови кои се одраз на олабавената монетарна политика, во […]

Бесими: За да бидеме успешни потребен е сеопфатен и долгорочен план

Фатмир Бесими: Следната 2021 година ќе биде подеднаков предизвик како 2020 година, но на сосема друг начин. Годинава се соочивме со една од најголемите економски кризи од големата депресија наваму. Предизвикот за 2021 година ќе биде да излеземе од неа. Базичните очекувања се дека импактот на ковид кризата ќе почне да избледува по првото тримесечје […]

Џафери: Очекувам да успееме да се вратиме на вообичаениот тек на живот и функционирање на институциите

Што очекувате од 2021 година? Талат Џафери: Глобалната здравствена ситуација која, за жал, беше и во догледно време ќе продолжи да биде во знакот на пандемијата со ковид-19 ни го окупираше сето време и внимание, и сите наши напори беа концентрирани во насока на спречување, на ублажување и на опоравување на последиците кои ги остава […]

ВАБИ САБИ (WABI SABI) − убавинатa на несовршенството

Јапонска филозофија за совршено несовршен живот Предизвиците со кои сме соочени годинава ни наметнаа измени во начинот на живот и секојдневие, сакале ние или не. Се обидов во мојот да внесам повеќе медитација, јога и техники за персонален развој. Зборувајќи за совршенство, во една од дискусиите со мојот јога учител, кажав дека според мене најсовршени […]

Помош од Германија во висина од 878.768 евра во борбата против корона пандемијата

Секаде во Европа се справуваме со корона пандемијата, а притоа европската солидарност е од големо значење. Сé додека не се безбедни сите, не е безбеден никој од нас. Од тие причини Германија ја поддржува Република Северна Македонија во борбата против корона пандемијата. Во рамките на нејзината поддршка за земјите од Западен Балкан денес во Министерството […]

Удобен пат низ вселената, господине Карден

“Поседувам 100 проценти од сè, јас сум самоодржлив. Можам да пијам мое вино, да одам во мојот театар, да јадам во моите ресторани, да спијам во моите хотели, да се облекувам, да носам сопствен парфем …”. Пјер Карден, дизајнер, визионер и пионер во областа на лиценци, со оваа храбра и денес ретка стратегија, ги постави […]

Народната банка за првпат објави статистички податоци за годишните финансиски сметки на македонската економија

Статистиката на финансиските сметки е исклучително важна и воедно една од најкомплексните статистики. Податоците се изработени согласно со меѓународните и европските статистички стандарди и се значајна аналитичка алатка и важен извор на информации за согледување на финансиското однесување на секторите во националната економија и главните канали за стекнување и инвестирање финансиски средства во националната економија. […]

Игор Иванов: Културата не е област која треба да се субвенционира, туку област во која треба да се инвестира

Живееме во време на пандемија. Животот е под силен удар на новите околности, во процес сме на континуирани прилагодувања. Пандемијата силно ја погоди светската економија, но ударот врз некои сектори е особено голем. Во вакви околности, што се случува со филмската индустрија во светот? Некои светски премиери се одложија како на пример најновиот филм со […]

„Алкалоид“ исплати новогодишен надомест од 25.000 денари за своите вработени и донираше 1,2 милиони евра за заедницата во 2020 година

Производите на „Алкалоид“ се дел од секојдневието на милиони луѓе во земјите каде што компанијата има воспоставено свои деловни операции. Секој производ што го носи логото на „Алкалоид“ е синоним за квалитет, традиција и за вложен труд на илјадници вработени и генерации на „алкалоидовци“, кои ги граделе компаниските вредности. Позитивниот имиџ на компанијата во голема […]