Гацов: Годината 2021 ќе биде „година на санирање“
Павле Гацов, даночен советник: Годината не е само отсечка на временската бесконечност. Имено, почетокот на годината ги дочекува остатоците од претходната, а крајот на годината го пренесува својот белег на следната година. Во ваков контекст, „преносот“ од 2020 во 2021 година е неизвесноста за јавното здравје, слабостите и ризиците во економијата, во една негативна врзана […]
Аргир: Банкарскиот систем како еден од најважните поддржувачи на економскиот раст и во услови на криза остана стабилен и висококапитализиран
Антонио Аргир, претседател на Управен одбор, НЛБ Банка АД Скопје: Нашава земја во годинава која полека изминува се справува со една од најдлабоките рецесии од своето постоење поради здравствената криза која многу брзо се прелеа и во реалниот сектор преку затворање на економијата и ограниченото движење. Очекувам продолжените ефекти од пандемијата да ги чувствуваме и […]
Стојановски: Последиците од кризата ќе се чувствуваат на подолг рок
Тони Стојановски, генерален директор за корпоративно банкарство и член на Управен одбор на Стопанска банка АД – Скопје: Сите очекувања се дека во 2021 година ќе започне процес на нормализација на севкупното живеење преку постепено смирување на здравствената криза. Тоа ќе отвори пат кон закрепнување на економиите, како на глобално ниво така и кај нас. […]
Суџубаши: Спремни сме да се соочуваме повторно со една прилично тешка година
Билал Суџубаши, генерален извршен директор на „Халк банка“ АД Скопје: Гледано кон 2021 година, може да очекуваме значително подобрена можност за справување со пандемијата ковид-19. Вакцинацијата веќе е започната и од неа се очекува да даде свој придонес кон справувањето со овој глобален здравствен проблем. Но, со оглед на тоа што пандемијата не е само […]
Војновиќ: Остануваме сигурен партнер и се стремиме да станеме уште подобри и вредни за доверба
Ѓорѓе Војновиќ, главен извршен директор на Триглав Осигурување: Имавме година исполнета со предизвици и неизвесност и тие секако ќе продолжат и во 2021 година. Оваа година агилноста ја издигнавме на уште повисоко ниво, прилагодувајќи го брзо и ефикасно начинот на работа во согласност со условите на пандемија, а тоа секако ќе продолжиме да го применуваме […]
Томеска: Приближување до преткризното ниво очекувам на крајот на 2021 година, а целосно враќање дури во 2022 година
Марија Томеска претседател на УО на Еуролинк осигурување: Очекувам година во која сè уште ќе се чувствува силно влијание од здравствената криза, па со тоа целата економија ќе биде во уште потешка состојба пред да почне да закрепнува. Почетокот од годината ќе биде во знак на намалена побарувачка, високи трансакциски трошоци и нарушени работни процеси […]
Самарџиоски: Ако има изместување на одредени очекувања, тогаш сигурно дека годината ќе биде неизвесна до крај во секој поглед
Сашко Самарџиоски, генерален директор на Прилепска пиварница: Прво и единствено е што можам да кажам дека ќе биде најнеизвесна и најпредизвикувачка година од осамостојувањето на државава, па досега. Има многу непознати во равенката и тешко е да се каже кој ќе биде резултатот. По она што го кажуваат меѓународните институции и НБРМ, дека се очекува […]
Мизо: Очекувам и поактивен ангажман на институциите задолжени за поддршка на странските инвеститори
Виктор Мизо, генерален директор на „Костал Македонија“: 2021 година ќе биде година на опоравување. Автомобилската индустрија во Европа ќе се соочи со брз раст кој, сепак, нема да го надомести остриот пад од речиси 25 % во 2020 година. „Костал Македонија“ планира раст на приходите од над 75 %, нови клиенти, пософистицирани производи и вработувања. […]
Гечев: Моделот на зголемена потрошувачка како излез од кризата треба да биде заменет со модел на зголемени инвестиции и извоз
Александар Гечев, сопственик и раководител на Алпос Металургија од Шентјур, Словенија: Нашите очекувања за 2021 година се оптимистички, од здравствен и од економски аспект. Антикризните пакети во големите европски економии почнуваат да даваат резултати и како компанија директно ги чувствуваме нивните ефекти преку зголемена побарувачка за нашите производи. Со новото политичко раководство во САД очекуваме […]
Арсов: Трендот и фокусот на „зелените“ (green) економии ќе продолжи со забрзано темпо
Ана Арсов, директор, услуги на Мудис за инвеститорите: По големиот шок во светските економии, очекувам бавно и нееднакво опоравување на економско ниво. Г20-економиите се соочија со огромни економски загуби од -3,8 % во 2020 година и нивото на закрепнување во БДП се очекува околу +4,9 % во 2021 година. Но, тоа ќе зависи од 3 […]